Меѓународниот монетарен фонд одобри 650 милијарди долари за светската економија за закрепнување од  коронавирусот, соопштија од Меѓународната финансиска институција.

Како што стои во објавата на веб сајтот на ММФ, распределувањето на средствата ќе почне на 23 август, и дека повлекување на пари ќе биде достапно за сите членови на фондот , пропорционално на нивните квоти.

Од овие средства, 275 милијарди долари се наменети за развивање на пазарите и за земјите со низок доход, соопштија од  ММФ.

Проекциите на ММФ за светскиот економски раст за годинава се дека тој ќе изнесува  6%.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, оваа одлука ја нарече „историска“ и дека е од непроценлива вредност за светската економија по корона кризата која е без преседан, стои во соопштението.