Author: Mirjana

Околу 28 проценти од Европјаните не можат да си дозволат ниту една недела одмор надвор од нивното место на живеење, а тој број се искачува на дури 60 проценти во групата работници кои живеат под линија на сиромаштија,а во која Хрватска е на трето место зад Грција и Романија, стои во штотуку објавената Студија на Конфедерацијата на Европските Синдикати (CES). Најмногу работници, чии приходи се под прагот на сиромаштија, или помалку од 60 проценти од просечната плата,се во Грција, каде 88,9 проценти не можат да заминат на одмор, посочува Европската конфедерација. Потоа следуваат Романија со 86,8 проценти и Хрватска со…

Read More

Ние им се придружуваме на сојузниците во острата осуда на неодамнешниот фатален напад на улицата Мерсер крај брегот на Оман и изразуваме сочувство до Романија и Велика Британија за загубите што ги претрпеа. Слободата на навигацијата е од витално значење за сите сојузници на НАТО и мора да се почитува согласно меѓународното право. Велика Британија, САД и Романија заклучија дека најверојатно Иран е одговорен за овој инцидент. Сојузниците остануваат загрижени од дестабилизирачките акции на Иран во регионот и го повикуваат Техеран да ги почитува своите меѓународни обврски, се наведува во реакцијата на НАТО.

Read More

Ден откако било информирано за неговото исчезнување, телото на Белорускиот активист Шишов е пронајдено обесено како виси на едно дрво во паркот во близина на неговата куќа во Киев. Неговата девојка пријавила во полицијата дека Шишов излегол на утринско трчање во паркот и дека не се вратил. Полицијата се сомнева на убиство, зашто Шишов како директор на непрофитна организација со седиште во Киев, им помагал на Белорусите кои бегале од прогон. Поради тоа е покрената истрага за да се оценат сите можности вклучувајќи дури и самоубиство, пренесува Ројтерс. Украина, Полска и Литванија по спорните минатогодишни претседателски избори во Белорусија, станаа…

Read More

-Трите ертрактори или специјалните летала за гасење пожари не се сервисирани ни лани ни оваа година. Утре очекуваме да се сретнеме со операторите, а до петок да постигнеме договор со некој од нив, за да се изврши сервисот, изјави за НоваТВ вечерва, директорот на Дирекцијата за спасување Беким Максути. На прашањето на НоваТВ, зошто се изгубило толку време за избор на некој од шесте оператори колку што се вкупно во Европа, за сервисирање на овие летала, Максути изјави дека забавеноста се должи на тоа што некои од нив повеќекратно ја зголемиле цената за услугата дури за 40% па истата стигнала…

Read More

Делегација на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николовски, денеска околу 13 часот ќе положи цвеќе на Мечкин Камен во Крушево а ќе го посети и гробот на претседателот на првата Република на Балканот-Крушевската Никола Карев во Македониумот. Како дел од оддавањето почест на жртвите од Илинденското Востание, ќе биде положено цвеќе и во месноста Слива над  Крушево. Партискиот претседател Христијан Мицкоски ќе ја предводи делегацијата на одбележување на Илинден во струшкото село Ташмаруништа. ВМРО ДПМНЕ нема да биде дел од државната манифестација на Мечкин Камен организирана од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски која почнува во…

Read More

Граѓаните на Република Северна Македонија денеска го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, се поставија столбовите на Републиката и на државноста. Годинешното одбележување на најголемиот државен празник се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор. Одбележувањето на празникот ќе започне со настаните во Скопје, во организација на Собранието на Република Северна Македонија со почеток…

Read More

Обединетата Македонска Дијаспора од САД ,соопшти дека градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Бaузер издала Прокламација со која повторно го прогласила, 2-ри август 2021 година за Ден на македонско-американско наследство. Во Прокламацијата се вели: ДОДЕКА, денес Обединетата македонска дијаспора и македонско-американската заедница го одбележуваат Илинденското востание од 1903 година, бунт во потрага по слободна, независна и суверена Македонија; ДОДЕКА, македонската независност првично беше краткотрајна, Илинденското востание значително резултираше со формирање на првата демократска република во Југоисточна Европа и ги постави темелите за ослободување и независност во 1991 година; ДОДЕКА, историската борба на Македонија за самоопределување е паралелна со денешната борба за државност на…

Read More

Во оваа иницијатива се поканети да учествуват сите од Западен Балкан за да ја градат визијата за заеднички политички и економски простор и да го направат регионот  реалност со конкретни придобивки за сите граѓани.Време е да почнеме сите во еден глас да зборуваме„Отворен Балкан“ не е целосен ако во него не се „интегрира“ Западен Балкан и манирите на современиот напреден свет.Ова место нас, нема да го направи никој друг.. Без малку две година по споделувањето на идејата во Нови Сад, премиерите на Република Северна Македонија и на Албанија Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, со…

Read More

Утре и задутре (1 и 2 Август), во познатото преспанско село Љубојно, ќе се одржат 48-те, по ред, „Љубанските илинденски иселенички средби“, кои, во изминатиов речиси половина век, израснаа во значајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за земјата во целина, со силен одек во македонската дијаспора. Средбите се дел од Илинденските чествувања, слободарскиот дух и сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, а годинава се посветени на великанот на македонскиот јазик и опстој Блаже Конески, за што е програмирана посебна манифестација. Вообичаено, ќе започнат со изведба на македонската химна и поздравни обраќања на д-р Живко…

Read More

 Пишува: Нано Ружин „Балканскиот мозаик поседува лоша репутација. Народите на Балканот се толку  оптоварени со  историјата што едвај можат да го издржат таквиот товар..“ констатирал Винстон Черчил меѓу двете светски војни. Половина век подоцна, познатиот американски дипломат Холбрук на извесен начин ке ја потврди оваа неславна репутација за регионот. „ Балканските народи создаваат толку историја што едвај можат да ја конзумираат..“. И навистина, целиот дваесети век на балканските народи бил исполнeт со трагични настани, меѓуетнички судири и злосторства, геноциди и протерувања на народите, анархистички тајни друштва, атентати, политички убиства, верски нетрпеливости но и мегаломански хегемонистички проекти. Корените за таквите состојби…

Read More

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната  установа Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје, поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон, врз основа на член 33, став 2 од Законот за културата. По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките. Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските…

Read More