Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Агенцијата за храна и ветеринарство започнува две кампањи за подигнување на јавната свест за значењето на означувањето на храната и за подобрување на пасивниот надзор над болеста беснило. Со овие две кампањи практично се одбележува и завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”. Проектот вреден 1,6 милиони евра се реализираше изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од ЕУ. -Промовираме две кампањи, едната за подигнување на јавната свест кај граѓаните за здрава храна, а другата за пасивен надзор над беснилото.…
Поранешниот американски кардинал Теодор Мекарик кој го екскомуницира Католичката црква, откако истрагата на Ватикан потврди дека сексуално злоупотребувал и возрасни и деца , обвинет е за сексуален напад врз тинејџерка на една свадба во седумдесетите години, покажале судските документи. Според документите во кои увид имал весникот Бостон Глоуб , Мекарик се товари за напад врз лице постаро од 14 години врз основа на три точки. Според зборовите на адвокатот Мичела Гарабедијан, кој го застапува мажот кој го обвинил, Мекарик бил прв кардинал во САД, против кого било подигнато кривично обвинение за сексуален престап против малолетно лице. Мекари во моментов живее…
По 17 години, се спушти завесата на ТВ шоуто за таленти „ The X Factor “. Падот на бројките на гледаност, го принудиле главниот судија и идеен творец на шоуто низ кое продефилираа многу таленти од најразличен жанр, Сајмон Кауел да го згасне ова тв издание, за да не стане за потсмев. Најновата серија во Велика Британија, која се емитуваше во 2018 година, не успеа да влијае, привлекувајќи само 5,3 милиони гледачи за последната епизода по што рутински беше урната од рејтингот на Strictly Come Dancing на Би -Би -Си. „The X Factor“ ги изроди и почна кариерите на One…
Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе ја постави дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ на нејзината и на веб-страницата на Дигиталната библиотека на РСМ – www.nubsk.edu.mk и www.dlib.mk. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички…
Теренската вакцинација продолжува и денеска во 19 населени места, а како и досега вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупниот број на имунизирани до завчера според сондажата од терен и од вакциналните пунктови изнесува 506.033 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.770 граѓани, а вкупниот број на вакцинирани изнесува 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Министерството за здравство излезе со анализа за степенот на имунизација според старосниот репер. Па така, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61…
Околу 250-те новорегистрирани заразени во еден ден, го подигнаа алармот кај австралиските власти да ги затегнат рестриктивните мерки во градот Сиднеј. Во него биле детектирани 8 жаришта на коронавирусот претежно од новиот делта сој. Полицијата доби овластување да затвора продавници ако не се придржуваат до превентивните мерки и протоколи за заштита и превенција од ширење на заразата. Граѓаните мора да носат маски на отворено и да не одат подалеку од 5 километри од своето живеалиште. Проценките се дека во овие осум области за кои почнаа да важат посебните мерки, живеат околу 2 милиони жители. Сиднеј ја живее петтата недела од…
Управата за хидрометереолошки работи на своите платформи за известување на населението, информира за топлотниот бран кој ќе потрае до 6-ти август. Топлата воздушна маса од југ, предизвикува стабилно,многу суво и исклучително топло време , со натпросечни температури за овој период од годината. Активирано е портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. На одделни места вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, информираат од УХМР.
Ѕвонко Пекевски – Берово, Борис Георгиевски – Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков – Неготино, Даниел Крстевски – Ранковце Ова се петте имиња кои синоќа го поминале филтерот на Извршниот Одбор на Социјалдемократите и со статус „дефиниран за кандидат за градоначалник“, влегуваат во трката за освојување на општините за каде се предложени. „Ова се кандидатите кои според сите истражувања, анализи и испитувања на јавното мислење се најдобрата понуда за општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце, соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев. Процесот на селекција на кандидатите за градоначалници продолжува до крајот на август, до кога се очекува…
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница ја одреди новата цена за парно греење . Таа останува непроменета, иако компаниите што им испорачуваат топлинска енергија на граѓаните предлагаа корекција односно покачување на цените. Најголемата компанија која снабдува 56.000 потрошувачи, БЕГ ќе има намалување на цената за 4,35 проценти, ЕСМ Енергетика која снабдуваа 3.800 потрошувачи цената за топлинска енергија треба да ја намали за 0,57 проценти а Скопје Север која опслужува 501 потрошувач, ќе ја намали цената за 1,25 проценти. „Имаме историски најниска цена за испорачана енергија. Стан од 55 до 60 квадрати, за цела година или една грејна сезона ќе…
Северна Македонија, Албанија и Србија ќе промовираат сопствена зона за слободно движење и бизнис, соочени со одложување на членството во ЕУ, оценува лондонски „Фајненшал тајмс“ во анализата посветена на денешниот Економски форум во Скопје. – Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија го критикуваат Брисел поради бавното темпо на проширување на ЕУ, најавувајќи дека ќе формираат своја сопствена зона за слободно движење и бизнис, додека чекаат прием во блокот, наведува весникот. „Фајненшал тајмс“ пренесува изјава на премиерот Зоран Заев кој посочува дека „треба да видиме што можеме да направиме самите за себе, што можеме да направиме за нашите луѓе и…
Денес кога зборуваме во прилог на остварување на целосен консензус за донесување на еден исклучително значаен документ имаме можност да покажеме силно единство, подготвеност за рационален дијалог и компромис и јасно изразена воља во насока на забрзување на европската перспектива и зацврстување на државниот и национален суверенитет на нашата таковина Република Македонија. Денес имаме можност да покажеме дека работиме во интерес на сите наши граѓани без оглед на нивната етничка, религиозна и партиска припадност, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски обраќајќи се на собраниската дебата по Предлог на резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските…
Санкционирани се 200 возачи, од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти Министерството за внатрешни работи, по синоќешната акциска контрола спроведена на територијата на РСМ. Имено, акциската контрола е спроведена со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнаа од МВР.