Author: Mirjana

По првото полугодие од годината, која главно поминува во знакот на вакцинацијата и борбата за стекнување на имунитет и оспособување на граѓаните но и на стопанството да продолжат натаму со колку-толку редовни активности, се прават првите анализи, до каде сме и што се случува со нашата економија. Дали стандардот на луѓето е опаднат или зголемен, дали стопанството успешно одолева и се справува со притисокот од Ковид-19 кризата? Стапката на раст на бруто домашниот производ за првото тромесечје во оваа година изнесуваше -1.8 отсто. Во тој период единствено градежниот сектор покажува раст од 1.8 отсто, по што следи бизнисот со недвижности и незначително,земјоделието.Номинален пораст пак е…

Read More

Во мај годинава земјава вкупно потрошила 524.635 мегават часови електрична енергија, 10,123 милиони нормални кубни метри природен гас, 254.036 тони јаглен и 76.769 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 53,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 89,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.в

Read More

Меѓународен тим истражувачи предводен од астрономот од Универзитетот Харвард, Ави Лоуб, објави нова иницијатива насочена кон барање докази за вонземска технологија, пренесува БТА. – Со оглед на неодамнешното истражување кое покажува постоење на многу планети слични на Земјата во нашата галаксија, не можеме да ја игнорираме можноста дека технолошки цивилизации може да постоеле и пред нашите. Влијанието што секое откривање на вонземска технологија може да го има врз науката, врз нашата технологија и врз нашиот поглед на светот воопшто – ќе биде огромно!, смета професорот Лоуб. Иницијативата, наречена „Проект Галилео“, бара инсталирање и употреба на светска мрежа на средни телескопи,…

Read More

Центар за мажи жртви на семејно насилство е отворен во австралиската држава Квинсленд, јавија локалните медиуми. Организацијата „Sheltered By Grace“, што им помага на бездомниците, објави дека ќе ги поддржува сите мажи постари од 25 години, кои се нашле во тешка животна ситуација. Засолништето им обезбедува привремен престој на барателите за да им помогне да избегаат од жестокиот однос на кој биле подложени дома и да се вратат во нормален живот. Програмата за помош вклучува неделни групни дискусии и учество во црковни служби. Многу од луѓето кои ги бранат интересите на жртвите на семејно насилство потврдуваат дека ова е прва…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска во Кабинетот на Претседателот се сретнаа со членови на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“. Членовите на „Дневен центар Доза среќа“ ги запознаа Претседателот и неговата сопруга со актуелните активности на ова здружение во насока на унапредување на квалитетот на живот и остварување на правата на лицата со Даунов синдром, како и со предизвиците со кои се соочуваат при нивното реализирање и во нивното секојдневие. Честитајќи им ги постигнатите успеси на светските натпревари за млади иноватори и на натпреварот за наука, животна средина…

Read More

Сакајќи да се пишува за американската економија, неизбежно е да се спомене генералниот курс од Втората Светска војна па наваму, кој се потпира на континуираниот пораст на јавната потрошувачка  и во голема мера на масивната интервенција од страна на владата. Ова сега се очекува дополнително да се интензивира со актуелниот претседател Џо Бајден кој превзема мерки за зголемување на улогата на државата, но тоа да не биде на штета на граѓаните. Неодамна Бајден смени четиридецениски закон, со кој овозможи конкуренција во економијата, зашто како што изјави „капитализам без конкуренција е експлоатација“. Иако како што рече за себе дека е ,,заколнат…

Read More

Денеска продолжува теренската вакцинација. Како што објави Министерството за здравство вчера, теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Палчиште, Новаке, Камењане, Синичани, Урвич, Јеловјане Гостивар – Равен, Здуње, Јеловце, Печково Берово – Будинарци Свети Николе – Дорфулија, Каратманово Струга – Мислешево, Мороишта Неготино – Тимјаник Пробиштип – Неокази Кочaни – Бели Кичево – Колибари, Трапчин Дол, Длапкин Дол Битола – Могила, Радобор, Д.Чарлија, Будаково, Трап Македонски Брод – Белица, Драговдол, Модриште Велес – Градско Теренската вакцинација без закажување започна од 12 јули годинава, во над сто населени места во сите општини низ државава. Министерството за здравство секојдневно…

Read More

Со низа активности македонската метропола денеска одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени под урнатините во кои се разбуди градот. Втора година по ред поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки и протоколи. Во 10 часот, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе меѓу кои скопскиот градоначалник Петре Шилегов и делегација на Советот на Град Скопје. Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиологија ја…

Read More

Република Северна Македонија денеска во целост ја исплати Еврообврзницата издадена во 2014 година и со тоа се раздолжи за 500 милиони евра, што придонесе долгот, (државниот и јавниот) само по овој основ да се намали за 4,358 п.п., со што Министерството за финансии уште еднаш ја докажува својата цврста заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање во рамки на Мастришкиот критериум, односно ниво под 60%. -Денеска успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за Еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во…

Read More

Tрадиционално во соработка со град Скопје на 26 јули во 21 часот во Градскиот Парк ќе се одржи концертот „Филхармонија на отворено“. Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд со кој пораснаа многу генерации. Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но, оркестрацијата е целосно авторска и оригинална. Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на Архангел – Ристо Вртев. -Многу…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 28 и 29 јули ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во рамките на иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на шефот на српската држава. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според најавата, Заев, Вучиќ  и Рама во Скопје ќе учествуваат на Економскиот форум за регионална соработка, организиран од стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија. Според податоците од веб-страницата на Економскиот форум, свое учество на собирот досега пријавиле…

Read More

Израелското Министерство за здравство соопшти дека ефективноста на вакцината против коронавирус е намалена на 39 проценти во спречување на инфекцијата, и на 41 процент кај симптоматска инфекција. Сепак, се додава дека вакцината сè уште е многу ефикасна во спречување на сериозни форми на болеста и таа изнесува 91 процент, и 88 проценти во спречување на хоспитализација на вакцинираните, пренесуваат денеска израелските медиуми. Податоците се објавени три недели откако првпат беше откриен пад на ефикасноста на вакцината Фајзер против позаразниот Делта вид на вирусот. Се чини дека таа мутација доведе до зголемување на бројот на нови инфекции во Израел, и покрај брзата кампања за вакцинација.…

Read More