Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Посебен недостаток се чувствува во градежниот сектор, но и во образованието и здравството, објави вчера Институтот за германска економија (IW), пишува весникот „Пословни дневник“. „Минатата година просечно беа достапни 139.256 соодветни баратели на работа за 201.411 работни места во занаетчискиот сектор“, се вели во извештајот на Институтот за германска економија. Ова го запре трендот на опаѓање на побарувачката за занаетчии, што беше забележливо за време на кризата со корона пандемијата. Недостигот од работници е особено значителен во градежниот сектор, а недостигаат и водоинсталатери и монтери на парно греење. Недостатокот е забележлив и во образованието за овие занимања. Јавниот сервис АРД…
Во цела Русија денеска се одбележува Денот на сеќавање и тага, во спомен на денот кога нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз пред 81 година. Во крвопролевањето кое траеше 1.418 дена животот го загубија 26,6 милиони граѓани на тогашниот СССР. Рускиот претседател Владимир Путин во текот на денот ќе положи венец на гробот на Непознатиот херој во Кремљ, соопшти прес-службата на претседателот на Русија, пренесе Спутник.
Илјадници „друиди”, „пагани” и „нововремци” (NewAgeists), на славниот британски Стоунхенџ ја дочекаа летната долгоденица, односно најдолгиот ден во годината на северната Земјина хемисфера. Полицијата во Вилтшир соопшти дека околу 6.000 луѓе се собрале да го дочекаат изгрејсонцето во 4:49 часот. Според наводите, собирот минал мирно, а ова е прв ваков настан по 2019 година. Последните две години, изгрејсонцето се следеше преку интернет, поради пандемијата на коронавирус. Стоунхенџ е праисториски споменик во рамнината Солсбери во југозападна Англија. Се верува дека тој служел за обредите на древните народи кои го славеле Сонцето. Вистинската причина за ова не е точно утврдена, но камената постројка е направена така што…
Американската агенција за храна и лекови (Ф.Д.А.) си постави за цел да го намали пушењето со намалување на нивото на никотин во цигарите. Овој потег ќе биде обид дополнително да се одвикнат Американците од тутунските производи кои предизвикуваат зависност и да се намалат болестите поврзани со пушењето, пишува весникот Њујорк Тајмс. Администрацијата за храна и лекови планира да побара од тутунските компании да ја намалат количината на никотин во традиционалните цигари за да ги направат помалку зависни и да ја намалат бројката од пушењето што одзема 480.000 животи секоја година. Предлогот, кој би можел да потрае со години за да…
Актуелната политичка сцена во светло на претстојниот состанок на врвот на ЕУ, францускиот предлог, како и случувањата на внатрешен план, функционирањето на Собранието, беа повод да поразговараме со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Според неа, а врз основа на , како што вели, информациите од медиумите, францускиот предлог не е прифатливо решение зашто не нуди можност за почнување на преговори со ЕУ. Таа е на став дека нема потреба од предвремени избори сега и повика на одговорно и конструктивно однесување од сите политички чинители. Со Морачанин разговаравме и за правата на ЛГБТИ-луѓето и за носечкиот предзнак на партијата, зелената агенда.…
Претседателот Стево Пендаровски смета дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди в четврток на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, кој се одржува пред состанокот на Европскиот совет, на кој треба да се одлучи дали ќе почнат пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Според Пендаровски, Ковачевски нема што да бара во Брисел, особено што на вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, бугарската страна изнела нови барања за симнување на ветото за Северна Македонија. „ Јас го советувам премиерот да не оди во Брисел. Пред неколку дена разговаравме на таа тема и мојот совет беше дека ако вака…
Со концертот на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С вечер свечено беше отворено овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“. Концертот се одржа во салонот на Национална опера и балет, под диригентската палка на Тимоти Редмонд и тоа на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката. Овој концерт, како што информираа организаторите, е по повод затворањето на француското претстедателство на Советот на Европа, а е во соработка со Амбасада на Франција, Француски Институт во Скопје и проектот ФАМЕ’С. Според амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија Дејвид Гир, културата и уметноста се од огромно значење за сите нас. Тие,…
Да нема страв ниту еден граѓанин во државата. Не може да се изгласа преговарачка рамка, ако ние не кажеме да. Со сила преговори под вакви услови никогаш не се случиле, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски. Зборувајќи околу предлогот на француското претседателство со ЕУ во емисијата „24 анализа“, Пендаровски рече дека ние до денеска немаме видено пишан документ. – Не знам, Бугарите веројатно имаат добиено зашто се земја-членка на ЕУ. Тоа што Французите го направиле како предлог е доставено на КОРЕПЕР. Од вчера од 19 часот навечер почна сесијата по тој предлог. Бугарија овие денови е во хаотична ситуација, а тие…
Сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Телевизија 24. „Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон“, рече Пендаровски. Република Северна Македонија нема амбасадор во САД веќе четири и пол години. Последен македонски амбасадор во Вашингтон беше Васко Наумовски во периодот од 2014 до 2018 година.
Собраниската Комисијата за финансирање и буџет го заврши вториот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за оваа година. Досега се разгледани 13 од вкупно предложените 204 амандмани и ниту еден од разгледаните не беше усвоен. Ова е петтиот од вкупно десет дена, кои се предвидени според Деловникот за расправа во матичната Комисија а расправата продолжува утре во 11 часот по амандманот број 14. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат дека преку предложените амандмани, тие се обидуваат во повеќе области, особено во сферата на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина да ги подобрат условите за живот на граѓаните и граѓаните…
Голем град стар 3.400 години се појави во Ирак откако нивото на водата во една акумулација брзо се намали поради екстремната суша. Курдски и германски археолози на почетокот на годинава, ја ископаа населбата во акумулацијата Мосул, покрај реката Тигар во регионот Курдистан во северен Ирак. Проектот беше во партнерство со Дирекцијата за антиквитети и наследство во Духок за да се зачува културното наследство на областа за идните генерации. Се верува дека археолошкиот локалитет Кемуне е градот Закику од бронзеното време, главен центар на империјата Митани, која владеела од 1550 до 1350 година п.н.е. Територијата на кралството се протегала од Средоземното Море…
Речиси осум часа Народното собрание на Бугарија расправаше за предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од ГЕРБ откако партијата „Има таков народ“ ги повлече четворицата министри од Владата на Кирил Петков. Пратениците од владејачките партии и опозицијата со часови дебатираа дали финансиската и економската политика на Владата е успешна или не. Гласањето за предлогот за смена на Владата на Петков ќе биде утре во 19 часот и 10 минути.