Author: Mirjana

Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА (САС), на својата вонредна седница одржана денеска посвети посебно внимание на актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето евхаристиска заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ-ОА со Православните Помесни Цркви како и за конечниот автокефален статус на нашата Света Црква, се наведува во соопштението од денешната синодска седница. САС на МПЦ-ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за патријаршискиот и синодаден акт за канонско евхаристиско единство на нашата епархија, при што прифаќањето е со ексиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет.  Портпаролот на Синодот, Владиката Тимотеј…

Read More

Како во црковните кругови се коментира признавањето на Вселенската Патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, која со ова е прифатена во канонско единство со сеправославниот свет,  прашавме неколку црковни лица. Презвитер Ивица Тодоров рече дека радосна вест е веста за евхаристиско единство и љубов, заеднички сослуженија е и тоа како важна за нашата црква и за нас како свештени лица, но треба да се има предвид тоа што допрва треба да се утврдува статусот и името на црквата. „ Истовремено има многу отворени прашања во сето ова. Дали ние придавката македонска/о/и може да ја зачуваме во внатрешна или…

Read More

Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија  одржува седница , по вчерашната вест од Вселенската Патријаршија дека ја признава нашата древна и возобновена Охридска Архиепископија за канонска. На седницата според претходни најави, се очекува да биде разгледана и соопштена информација за минатонеделната средба на претставници од МПЦ-ОА и од СПЦ во Ниш, нешто за што наводно бил информиран само тесен круг од владиците на МПЦ.  Како што веќе информираше НОВА, по оваа средба Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј изјави дека начелно било договорено канонско единство со нашата црква, кое требало да се реализира веќе на Соборот на СПЦ, во мај, а…

Read More

Сакам да упатам голема благодарност до Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден голем православен народ и Вселенската Патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност. Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолацијa, напиша на ФБ премиерот Димитар Ковачевски. Со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни…

Read More

Владици од Грузиската Патријаршија ја одобруваат одлуката на Вселенската Патријаршија да ја врати Охридската Архиепископија во канонско единство со православниот свет. Епископот на Грузиската Патријаршија за Белгија, г. Доситеј, на својот Фејсбук профил ја сподели веста за канонското признавање на Охридската Архиепископија од Страна на Вселенската Патријаршија. Веста ја презема од познатиот грузиски сајт http://wenews.ge во кој се вели дека „Всленската патријаршија ја врати црквата на Северна Македонија во своите канонски бедра“. Општо земено, овој црковен грузиски сајт е позитивно настроен кон решавањето на македонското црковно прашање и ја прифаќа одлуката за воспостоавување на канонско и литургиско општење на Охридската Архиепископија со…

Read More

Никој не е против средби и разговори, но изненадува брзината со која минатата недела во Ниш дошло до контакт на претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и на Српската православна црква (СПЦ), изјави за НОВА, познавачот на односите меѓу двете цркви Бранко Ѓорѓевски, потврдувајќи притоа, дека според негови сознанија, за средбата сепак имало амин и од Вселенската патријаршија.Коментирајќи ја изјавата на Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј дека начелно веќе е договорено канонско единство и дека требало да се реализира веќе на Соборот на СПЦ, во мај, Ѓорѓевски вели: дилемите што се отвараат се дали под канонско единство се подразбира…

Read More

Министерот Буди рече дека во Индонезија биле откриени 15 случаи откако неодамна е покрената истрага за болеста. Тој уште додал дека властите не утврдиле што ја предизвикува оваа болест. Индонезија идентификува 15 случаи на тежок хепатит од непознато потекло по што се пријавени три смртни  случаи меѓу децата, изјавил министерот за здравје Буди Гунади Садикин на денешниот брифинг за новинарите.  Светската здравствена организација соопшти минатата недела дека примила извештаи најмалку за 228 случаи на детски хепатитис или воспаление на црниот дроб во 20 земји , пренесува Ројтерс.

Read More

Припадниците на Специјалната полиција на Црна Гора,  го уапсија Блажо Јованиќ по претресот извршен во неговата канцеларија. Претседателот на Стопанскиот суд на Црна Гора, Блажо Јованиќ и уште десетина лица во повеќе црногорски градови се уапсени денеска по налог на Специјалниот државен обвинител, јави ТВ Вијести. Јованиќ е осомничен дека е организатор на криминална група која во претходните години со злоупотреба на службената положба и други кривични дела ја оштетила државата за десетици милиони евра. Министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ ја поздрави денешната акција на Полициската управа, по наредба на главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ, во која беше уапсен…

Read More

На денешен и утрешен ден, 9 и 10 мај 2015 година, во полициската акција во кумановско Диво Насеље во борба против вооружена терористичка група составена и поддржана од неколку десетици албански екстремисти, криминалци и платеници од Македонија и Косово, осум припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети. Групата претходно, на 21 април 2015 година, ја нападна караулата Гошинце на границата кон Косово, по што, оружјето кое го одзела од караулата го искористи во вооружениот напад врз полицијата во Куманово. Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа смртно сериозно моето предупредување јавно кажано на протестите пред…

Read More

На 9 мај 1950 година, францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман ја издаде Шумановата декларација. Со неa тој предложи создавање на Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ), врз основа на што дојде до обединување на производството на јаглен и челик на земјите учеснички. Основана од Франција, Западна Германија, Италија, Холандија, Белгија и Луксембург, ЕЗЈЧ е првата од низата мултинационални  европски институции кои на крајот станаа она што сега го нарекуваме Европска унија. Историски контекст Пет години од крајот на Втората светска војна, европските земји сè уште се мачеа да ги надминат последиците. Решени да избегнат уште една таква…

Read More

На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува Ројтерс. Собирот се одржал на Националниот стадион во Варшава, а домаќини биле полскиот премиер Матеуш Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Read More

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) денеска предупреди на зголемена опасност со која се соочуваат авиокомпаниите поради војната во Украина.  Под опасност (ЕАСА) ја подразбира можноста цивилните авиони да бидат случајна мета на воените дејствија и на зголемен ризик од сајбер напад, пренесува Ројтерс.

Read More