Author: Mirjana

Македонското министерство за надворешни работи досега нема одговор на барањата и реакциите од министерствата на Турција и на Бугарија на пописните резултати односно на бројноста на турската односно бугарската заедница овде. И покрај нашите обиди денеска,  да добиеме нивна реакција кабинетот на министерот не посочи дали МНР ќе употреби некаков дипломатски инструмент за да возврати на  соопштенијата на турското односно бугарското МНР. Портпаролот на министерството за надворешни работи на Турција, Танџу  Билгич ги повика властите во земјава да ги земат предвид забелешките на објавените пописни резултати на Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Северна Македонија. А…

Read More

Резултатите од пописот не се прифатливи ниту за српската заедница во земјава. Во телефонски разговор за НоваТВ пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите (ДПС), Иван Стоиљковиќ вели дека со пописот недовербата кон институциите попримила загрижувачки карактер. „Не може од попис на попис Србите во Македонија да се намалуваат за 1/3. Нашите прогнози за бројот на српската заедница во Северна Македонија и врз основа на членските книшки издадени од страна на ДПС, покажува дека Србите се во далеку поголем број , од оној што е соопштен како резултат од пописот“ вели Стоиљковиќ. Оттаму Стоиљковиќ и на ФБ и во…

Read More

„Инвеститорите на фотоволтаици за сопствени потреби треба да се охрабрат, а оние што инвестираат за продажба на струја да бидат повнимателни. И едните и другите да ги следат процедурите за реализација на инвестицијата“, порачува Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на МЕА (Македонската енергетска асоцијација) „Во услови на скапа струја и на неизвесност од цената, фотоволтаиците може да придонесат за обезбедување дел од потребната количина електрична енергија на две основи – кога компаниите сами ќе инвестираат за сопствени потреби или преку инвестирање во производство за други потрошувачи. Но и во едниот и во другиот случај…

Read More

Соопштението доаѓа откако минатата година беа откриени знаци на необележани гробници со посмртните останки на десетици деца. „Чувствувам срам и болка“ за „жалосните“ злоупотреби, рече папата. „Барам прошка од Бога и им се придружувам на канадските бискупи во извинувањето“. Франциск исто така вети дека ќе отпатува во Канада, каде што ќе може подобро да ја покаже како што навел „мојата блискост“ како дел од процесот на исцелување и помирување.

Read More

Голема полициска акција се одвива во моментов на три локации во скопско, Арачиново, Радуша и Нерези. Полицијата апси криминални групи кои тргувале со дрога, пренесуваат дел од медиумите. Акцијата почнала рано утрово а трае и во моментов. Досега се запленети кокаин и марихуана а се апсат и наркодилери, наведуваат неофицијални информации. Од МВР потврдуваат за акцијата која е во тек  а детали ќе објавеле по нејзиното завршување.

Read More

По повод Први април, денот на македонските архиви и архивисти, Државниот архив ги отвора вратите за граѓаните, кои ќе имаат можност да ги видат нашите нови изданија што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии. Од 28 март до 1 април граѓаните ќе имаат шанса и да се запознаат со организираноста и начинот на работа на Државниот архив, како научно-културна институција со особено значење за нашата историја и како еден од главните столбови врз кои се потпира нашиот идентитет. Посетителите ќе добијат и…

Read More

Американската вселенска агенција НАСА, деновиве информира дека на Сонцето се случувале моќни експлозии невообичаени за овој период. Експлозиите, пикот го имале на 30 март во 13.35 часот. Информацијата НАСА ја поткрепи и со видео објавено на нејзиниот ФБ профил. Зраците наречени „ИКС“ што се резултат на експлозија на голема концентрација на топлинска енергија се со потенцијал привремено да ги прекинат дури и радиотелекомуникациските и сигналите за навигација. НАСА е во постојано следење на Сонцето од орбитата преку мисијата наречена „Sun Science“.

Read More

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпишал указ кој е со важност од утре а се однесува на купувањето на руски гас и на кој начин и со која валута може да го направат тоа земјите кои тој ги стави на листата „непријателски земји“.  Како што соопшти Риа Новости, во указот било наведено дека тој што сакал да купи руски гас од утре требало да има отворена сметка во некоја од руските банки.   Указот стапува на сила од утре, 1 април „Ние им предлагаме на партнерите од тие земји јасна и транспарентна шема. За да купат руски природен гас, треба…

Read More

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска во Собрание изјави дека пописните резултати биле со многу проблематични работи во нив. Според него во објавените резултати имало работи кои биле противзаконски, како што за попис биле  предвидени етнички заедници кои се противуставни и не постојат. – Македонските муслимани ги имаше во пописот, а ги нема во резултатите.  Колкав е нивниот процент и каде е пресметан тој. Во пописот учествуваат сите етнички заедници кои се предвидени во Преамбулата на Уставот или ако тоа треба да се дозволи за сите не мора да стои една или друга етничка заедница, туку да стојат…

Read More

– Реков и претходно – гледајте што се случува со пописот во РС Македонија. Ова е уште еден доказ за беззаконието во РС Македонија, изјавил бугарскиот претседател Радев денеска, пренесува агенцијата БГНЕС. Овде преку 120.000 со документ докажале дека се со бугарско потекло. Бугарија мора да продолжи со политиката на вето додека не добиеме јасни гаранции за заштита на нашиот интерес, категорично порачал Радев, пренесува новинската агенција.

Read More

Директорот на Золошката Градина Скопје на својот фејсбук профил објави галерија фотографии за тоа како изгледаат лавчињата на 24 ден по раѓањето. Кристијан Стаменов информира дека мајката лавица била многу грижлива и посветена мајка која одлично ги чувала.

Read More

Некои од најголемите производители на нафта од Заливот, вклучително Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, се обидуваат да потпишат писмен договор со Соединетите држави според кој САД би можеле да обезбедат одбранбена поддршка по интензивирањето на нападите од Јемен, објави Блумберг, цитирајќи извори кои имале увид во предлогот. Главните извозници на нафта во Арапскиот Залив би барале формален договор со Соединетите Држави, велат изворите за Блумберг, иако сметале дека можат да важат проширените и ревидирани билатерални договори за поддршка на одбраната, навел еден од изворите. Обединетите Арапски Емирати, наводно барале и од Израел да помогне и да се поттикне случајот,…

Read More