Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Согласно денешната агенда на владината делегација попладнето во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг процесот. На овој состанокот за скрининг воведно обраќање и образложување на позициите на државата ќе има заменик на претседателот на Владата за европски прашања – Бојан Маричиќ, а збор ќе земе и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Скринингот ќе се состои од две под-фази односно процеси. Едниот од процесите е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачките состаноци, а истовремено на овој ќе…
Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда. Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата. Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори. Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција. Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас…
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје ви ја претставува Ана, дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција кој има за цел да им помогне на граѓаните на Скопје со услугите на јавното претпријатие. Ова е прва и единствена технолошка иновација од ваков вид во јавниот сектор на ниво на нашата државa сѐ со цел побрзо решавање на барањата на граѓаните и подобрување на корисничкото искуство. ЈП Водовод и канализација – Скопје ја започна оваа иницијатива со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и да им помогне во брзо и ефикасно доставување на нивните барања, исполнување на нивните обврски…
Товарно возило „Ман“ со полуприколка – цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано ,,Каменолом“. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница, каде настанот бил пријавен вчера попладнето околу 18 часот.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел им честиташе на сите граѓани за овој важен момент кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес. Во продолжение неговата целосна објава: Почитувани граѓани, Започнуваме ново поглавје. Секогаш сме докажале дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик. Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај препреките низ кои поминавме. Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел…
Македонскиот јазик одекна во ЕУ, на официјалните канали на Унијата, можеше да се избере опцијата за македонски јазик а беше вклучен и на ТВ сервисот на Европската Унија EbS (Europe by Satellite). Денеска за време на меѓувладината седница гледачите на овој сервис во опцијата јазици покрај јазиците на ЕУ имаат можност да ја следат и на македонски јазик испишан со чиста формулација без фусноти и придавки. Историски ден, Северна Македонија денеска ги почна преговорите за членство во ЕУ со гарантиран македонски јазик, со билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. Честитки до сите граѓани!, стои во соопштението од Владата.
Република Северна Македонија е целосно подготвена за отпочнување на процесот на пристапни преговори со Европската унија како и институциите за процесот на скрининг кој почнува од денеска. Горд сум што на мојот мајчин македонски јазик ќе се водат преговорите за време на целиот пристапен процес и што на македонски јазик ќе биде потпишан Договорот за полноправно членство а македонскиот јазик ќе биде еднаков со останатите 24 официјални јазици на Европската Унија, рече во својата изјава на меѓувладината конференција РСМ – ЕУ во Брисел, премиерот Димитар Ковачевски. ,,После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, патриотски одлуки Република…
Илјадници луѓе во Португалија, Шпанија, Франција се евакуирани од своите домови додека пожарникарите се справуваат со шумските пожари предизвикани од овонеделниот топлотен бран, кој донесе екстремни температури од над 45 степени Целзиусови во делови од Европа и северна Африка. Едно лице загина, а најмалку 135 лица претрпеа главно полесни повреди од почетокот на шумските пожари во Португалија минатата недела. „ Вонредна состојба“ е во сила од неделата, а околу 800 луѓе се евакуирани од своите домови, според Управата за цивилна заштита на земјата. До четвртокот, Португалија регистрираше 28 активни пожари, со повеќе од 2.000 пожарникари на терен. Португалскиот Институт за…
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за вторник го најави почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и оцени дека тоа е „историски момент“. Борел изјави дека гласањето во македонското Собрание ја „отвори вратата“ за процесот што ќе започне утре со Меѓувладината конференција во Брисел. „Ова е добра вест. Немаме многу добри вести, но се надевам дека ова ќе го зајакне нашиот ангажман на Балканот“, изјави Борел.
„Шумските пожари и топлотните бранови кои предизвикуваат хаос низ планетата покажуваат дека човештвото се соочува со „колективно самоубиство“ и дека половина од светот е во опасната зона“, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. На самитот за климатски промени, пред 40 министри од различни земји, Гутереш рече дека половина од човештвото е во опасната зона поради поплави, суши, силни бури и пожари, пренесе Гардијан. „Ниту една земја не е имуна на ова, но ние продолжуваме да ја храниме нашата зависност од фосилните горива. Имаме избор: колективна акција или колективно самоубиство. Сè е во наши раце“, рече Антонио Гутереш.…
Согласно Договорот за примена на заеднички гранични премини – One Stop Shop контроли во делот на проток на стоки и патници со Република Србија на Табановце – Прешево кој беше воспоставен во септември 2019 година, комплетно се завршени дополнителните инфраструктурни активности и реконструкции и тоа: поставени се нови кабини за работа на граничните полиции и царинските службеници од двете земји, нови рампи и извршено е реновирање на помошни простории за користење од страна на колегите од Србија. Дополнително поставена е и потребната мрежна и телекомуникациска инфраструктура за непречено одвивање на процесот. Со реконструкцијата и новопоставените кабини и рампи, покрај подобрување…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 15.07.2022 година. Со оваа одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 50,044 ден/кг, информираат од Регулаторна Комисија. Со оваа корекција, од…