Author: Mirjana

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и најисточниот поголем остров на тој архипелаг.

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека за да има посилни позиции во разговорите со Бугарија, земјава треба најпрво дома да постигне консензус. Според него, за да се постигне договор со Бугарија, треба да бараме гаранции за македонскиот јазик кој е различен од бугарскиот, како и за македонскиот народ кој има вековна традиција и култура. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за разговор со власта околу сите клучни прашања. -И ние бараме од Брисел да биде гарант за македонскиот јазик и за македоскиот народ, но бараме гаранција од Брисел, како и од официјална Софија…

Read More

Претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин во интервју за НоваТВ ја коментира актуелната ситуација во Законодавниот дом во кој блокирани се наоѓаат десетици закони уште од минатата година а се од суштинско значење за граѓаните. Според неа во моментов нема потреба и не треба да се отвара уставот, а употребата на говор на омраза од политичарите предизвикува трагични последици. Таа не е изненадена од поразителната оценка за нивото на политичката култура во Северна Македонија врз основа на рангирањето според индексот за демократија објавено од страна на британскиот Економист. За што уште разговаравме со Морачанин, подолу во интервјуто. НоваТВ: Морачанин…

Read More

Во источниот дел, во регионите Доњецк и Луганск се гледаа трагите од воените дејствија, се гледаа и економските штети, се гледаше дека доста од жителите се иселиле, а тие што ги сретнавме не гледаат иднина ако продолжи ваквата постојана закана од војна, со која се соочени веќе осум години, вели новинарката Слободанка Јовановска која со група новинари од повеќе земји престојуваше во Украина НоваТВ: Како е да се биде во потенцијално воено жариште?  -Ние новинарите од Македонија имаме некакво искуство со вакви ситуации, имајќи во предвид дека и самите се соочивме со војна во 2001 година и со други војни…

Read More

Четврта година по ред, Центарот за култура од Битола, својата нова сезона ја започнува со Концертот „Засекогаш во срцата„ кој го организира со Камерниот оркестар на Битола, а посветен е на споменот на големиот Тоше Проески. Оваа година, смртта на Аки Рахимовски, кој патем минатото лето во Битола со истиот оркестар го имаше еден од своите последни концерти, беше причина повеќе овогодинешниот концерт да биде посветен и на Тоше и на Аки, двете музички ѕвезди кои повеќе не се меѓу нас, а музицирале и на сцената на Центарот за култура и со битолскиот камерен оркестар со кој диригира Владимир Димовски.…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамки на учеството на Минхенската безбедносна конференција, пред почетокот на официјалната програма се сретна со косовскиот премиер  Албин Курти. На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, двајцата претседатели на влади изразија задоволство од позитивните и конструктивни билатерални односи меѓу двете земји. Премиерите истакнаа дека соработката се остварува со негување на пријателството и блискоста меѓу двете земји и со фокус на остварување на интересите на граѓаните во двете земји, што беше потврдено и со одржувањето на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Косово минатата…

Read More

На 29 ноември 1944 година во завршницата на февруарскиот поход третата борбена група составена од еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ под команда на главниот штаб на македонската војска , во Кумановско го разбиле вардарскиот четнички корпус , посочуваат од ВМРО – Народна партија на Љубчо Георгиевски. „ Тоа дотогаш била една од најголемите битки и најголема победа во која помалубројните партизани разбиле единица од 800 македонски четници. На тој начин му било ставено крај на движењето на македонските четници кои до 1943-та година биле многу побројни и од македонските партизани“ се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-НП …

Read More

Вкупно 31 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат најавениот нов, пофлексибилен пристап во преговорите со Северна Македонија, а за придржување до досегашниот поцврст став се изјасниле 49 отсто од испитаниците кај нашиот источен сосед, додека 20 проценти немаат став. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Агенцијата Алфа рисрч, објавено денеска, а спроведено во периодот од 6 до 14 февруари на примерок од 1060 испитаници. Во претходните анкети околу односот спрема Северна Македонија за време на Владата на Бојко Борисов и министерката Екатерина Захариева поддршката за тврдиот пристап изнесуваше и до 80 отсто. Според Агенцијата, по ова прашање, тенките црвени…

Read More

Конгресменот Френк Џ. Мрван од првиот конгресен округ на Индијана стана најновиот член на двопартиската конгресна група за Македонија и македонските Американци. Конгресната група, која во моментов има 35 членови на Конгресот, ја одбележува својата 10-годишнина во зајакнување на американско-македонските стратешки односи. Конгресменот Мрван беше избран за член на Конгресот на САД во 2020 година. Во 117-от Конгрес, тој е член на Комитетот за образование и труд на Претставничкиот дом, вклучувајќи го Поткомитетот за здравство, вработување, труд и пензии, и Поткомитетот за граѓански права и човечки услуги. Тој, исто така, е член на Комитетот за прашања на ветераните, вклучувајќи го…

Read More

Денеска на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, со кои создаваме услови минималната плата да изнесува најмалку 18.000 денари.Веќе од први април околу 80.000 работници ќе добиваат плата повисока за скоро три илјади денари.Со ова последно зголемување, за само четири и пол години, минималната плата ја зголемивме од 8.800 денари на 18.000 денари, односно за повеќе од 100 отсто, изјави пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ, упатувајќи апел до сите пратеници да го гласаат предлог Законот.  Ова го постигнавме, како и досега низ еден транспарентен и конструктивен дијалог помеѓу…

Read More

Европа останува најголемиот пазар за американскиот течен природен гас (ЛНГ) три месеци по ред. Според Ројтерс, податоците на Refinitiv сугерираат дека најголемиот дел од американскиот ЛНГ ќе продолжи да тече во Европа и овој месец, по декември и јануари,  објави OILPRICE.com во текст потпишан од Irina Slav. Според податоците на Refinitiv, најмалку 50 отсто од американскиот течен природен гас од почетокот на февруари е испорачан во Европа, со вкупна вредност од 3,56 милиони тони. Ова, покажуваат податоците, е слично на средномесечното ниво на увоз на ЛНГ од САД  во Европа, во декември. Вкупниот американски извоз на ЛНГ работи со рекордни…

Read More

Можности за влез на британски инвестиции во крупни проекти од областа на енергетиката, инфраструктурата и животната средина се во фокусот на интерес на посетата на Мартин Викерс, трговскиот претставник за Западен Балкан на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, кој престојува во Република Северна Македонија и денеска оствари средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, информираат од овој владин ресор. На средбата беше искажан интерес и постоење можност британски компании да влезат со грантови и како јавни-приватни партнерства во крупни проекти, што се реализираат во земјава во енергетскиот сектор, проекти од зелената енергија и зелената агенда, железничката инфраструктура, особено со…

Read More