Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Од ЕВН за НоваТВ изјавија дека причина за струјниот колапс е голема експлозија на високонапонската 400 киловатна мрежа на МЕПСО. Од МЕПСО за МИА, изјавиле дека причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија. Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар. Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен. На терен интервенирале од Скопската пожарна од каде инфотрмираат дека пожарот е изгаснат а во акцијата учествувале 5 противпожарни возила. Од доцна попладнево нешто по 17 часот Скопје и неколку скопски општини се…
По неколку години помал интерес, Франција ја рефлектира својата амбиција повторно да се вклучи во Западен Балкан. Во овие намери не почнува од нула. Историските афинитети со земјите од регионот изобилуваат, во културата, науката, политиката и економијата. Но, промената на приоритетите во изминатите децении го намали француското присуство во регионот. За да ја врати основата во овој важен дел од Европа, Франција презеде низа иницијативи насочени кон зајакнување на нејзиниот ангажман. Во 2016 година беше домаќин на самитот на Берлинскиот процес; во 2017 година, со Германија покрена иницијатива за координација на борбата против трговијата со огнено оружје во Западен Балкан;…
Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите, делегација на АД ЕСМ, предводена од раководството на ХЕС „Маврово“, им оддаде почит на загинатите градители, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово. -Како вработени во хидроелектраната сакавме да останеме верни на традицијата и скромно, со почитување на сите протоколи во услови на пандемија, со идеја да не се заборави делото на загинатите градители ја одбележуваме 66 годишнината од нивната трагична смрт. Денеска, со положување на цвеќе пред спомен-обележјето ги чествуваме луѓето кои се вградиле дури и со своите животи во своите работни…
Европската комисија мора да ја засили својата борба против „олигархиските структури“ во земјите на ЕУ, заклучија пратениците во парламентарната комисија за контрола на буџетот. Во извешатјот кој беше предмет на комисиската расправа вчера, тие рекоа дека олигарсите и нивните мрежи се однесуваат како држави во држави. – Олигархиските групи владеат во нивните сопствени интереси, без оглед на демократијата, нивното влијание „достигна невидена големина во изминатите неколку години“ во ЕУ, се вели во извештајот. Потегот на Европскиот парламент да ја поттикне извршната власт на ЕУ да се справи со корупцијата во блокот доаѓа истиот ден кога трансатлантскиот парламентарен сојуз против клептократијата,…
Според истражувањето на угледниот „Економист“, за индексот на демократија во светот, Северна Македонија е оценета како демократија со недостатоци и не е повеќе рангирана како „хибриден режим“. Нашиот индекс на демократија е подобрен за пет места што е голем успех во време кога демократијата назадува во светски рамки, според ова глобално истражување. Зачувување на слободата и унапредување на демократијата се високо на агендата на новата Влада. Тие се основа за целокупен развој и напредок на општеството, економијата и благосостојбата на граѓаните. Не така одамна бевме сведоци колку е опасно кога демократски назадуваме. Токму заради претходната власт и автократското владеење бевме…
Американскиот претседател Џо Бајден, за Ен-би-си њуз изјави дека работите би можеле брзо да излезат од контрола визави ситуацијата во и околу Украина, пренесува Ројтерс. Тој им препорача на американските граѓани кои се наоѓаат во Украина да бегаат од земјата зашто потоа немало да испраќа војска по нив ако нападнеле Русите. Претходно американскиот Стејт департмент ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради „зголемени закани од руска воена акција“. Русија во повеќе наврати негираше дека планира да ја нападне Украина, но поради натрупувањето на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница, некои западни земји, вклучително…
(ВИДЕО) Пристигна авионот од Софија, реализиран првиот лет со кој се воспоставува линијата до Скопје
На Меѓународниот аеродром Скопје утрово пристигна авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“. Со ова се реализира првиот лет кој директно ги поврзува двата главни града на Северна Македонија и Бугарија. Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и од неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратеници. Предвидено е да се разгледаат можностите и да се дефинираат деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и…
– По убедливата победа фокусот е на реализација на многу проекти на решавање на многу проблеми, бидејќи нашата цел е преку пракса на добро владеење граѓаните да видат не само ветувања туку и реализација и да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ има сила енергија да ја води Македонија поинаку, а работата која ќе ја покажеме на локално ниво да биде дополнителен мотив граѓаните да ни ја дадат довербата на предвремените парламентарни избори и да покажеме дека Македонија може да успее, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски за Алфа ТВ. – Како градоначалник создавам тим, луѓе кои соработуваат…
Поради снежните врнежи од почетокот на месецов, селото Луковица во општина Желино сеуште е отсечено од остатокот од земјава. Снежните наноси некаде достигале и до еден метар. Потребно било да се исчисти патот во должина од 5,5 километри. -Патот не е прооден. Денес разговарав со директорот на ЈКП Желино кажа дека ќе биде. Ќе го исчистат. Извршив контакт со градоначалникот кој кажа дека не знае ништо, ќе разговарал и ќе прател возило. Сакам да кажем дека најмногу не иритира локалниот пат од Групчин до Седларево, два пати е чистен, а нашиот дел не е, изјави Миле Сибиновски од месната заедница,…
Во 66-та година од животот во Мелбурн , Австралија почина композиторот Тоде Новачевски по повеќегодишно тешко боледување. Тој е познат по тоа што неговиот композиторски потпис стоеше на песните- најголеми хитови на Маријана и Росана, како „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“. Новачевски беше автор и на музиката за ТВ-серијата „Трст виа Скопје“. Од бракот со Маријана имаат две деца.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ и инфектологот Фадил Цана вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 најавија дека земјава е во фаза на набавка на лекот против коронавирусот. „Предмет на набавка од страна на Министерството за здравство, мислам дека министерот од пред неколку дена се во такви преговори со компанијата Фајзер. Секако дека ќе бидат дополнителна алатка во насока на тоа да се контролира пандемијата“, вели Мехмедовиќ. „Вакви лекови сензационално во изминативе две години сме имале многу“, додаде Цана.
Владата на Србија усвои Уредба со која пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар. Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати донесена е со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период поскапеа овие деривати, што директно влијаеше на порастот на цените на сите други стоки и услуги. Влада одлучи и сите млади државјани на Србија кои имаат меѓу 16…