Author: Нова ТВ
По средбата со претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, евроамбасадорот Дејвид Гир објави дека ефикасна борба против корупцијата е неопходна за напредок на земјата и за подобар живот на граѓаните. – Добра средба со претседателката на Антикорупциската комисија Ивановска. Има напредок во борбата против корупцијата, но неопходни се натамошни напори во кои Антикорупциската комисија ќе ја има водечката улога, напиша евроамбасадорот на Твитер. Good meeting with Anti-Corruption Commission President Ivanovska. Effective fight against corruption is needed for country’s progress and better lives of the citizens. Progress has been made, but further efforts are needed with the Commission in the leading…
ерманската компанија „Ипротекс“, дел од групацијата Innotech & Iprotex, ќе инвестира 5 милион евра и ќе отвори најмалку 30 работни места во фабриката за технички текстил во Технолошко-развојната зона Скопје. Од тоа, 20 проценти се вложувања во градежниот објект, а останатите 80 проценти во нови технологии. Веќе се ангажирани 25 лица кои ќе примaат просечна плата која е за 10 проценти повисока во однос на просечната плата исплатена во зоните. Објектот ќе се протега на површина од 49 метри квадратни, а планирано е да започне со работа на крајот на јануари или почетокот на февруари. Договорот за државна помош беше потпишан…
Како што неофицијално дознава „ПРАВОСУДСТВО“, судијката Татијана Михајлова е разрешена од судиската функција! Одлуката за разрешување на Михајлова ќе биде јавно објавена, највероајното уште во текот на денешниот ден од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Сега веќе разрешената Михајлова ќе остане запаметена како жена која преку кодошење на свои колеги – адвокати, но и судии, од поранешниот премиер Никола Груевски беше наградена со тоа што беше именувана за судија во скопскиот кривичен суд и тоа во Одделот за организиран криминал и корупција. Михајлова ќе остане запаметена како судија „Сваровски“, односно како судијка која спроведуваше политички одлуки, а една од…
Нова, втора група од 770 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – Ковид 3, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. Втората група кредитни барања, информираат од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, е во износ од 8,8 милиони евра за 770 компании кои вработуваат вкупно 5.898 лица. -Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милиони евра, се одобрени 1.276 кредитни барања на вкупен износ од 14,7 милиони евра, кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември…
Структурата на меѓународната инвестициска позиција на македонската економија е поволна, а надворешниот сектор без големи ранливости, се оценува во анализата „Меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, со посебен фокус на македонската економија“ од Дијана Јаневска-Стефанова, што ја објави Народната банка (НБ). Во анализата, прецизираат од Кабинетот на гувернерот, акцентот е ставен на големината и структурните карактeристики на меѓународната инвестициска позиција, којашто претставува разлика помеѓу финансиските побарувања коишто земјата ги има од странство (остатокот од светот) и финансиските обврски кон странство. Притоа, се укажува на сѐ поголемото значење на овој показател, во периодот по глобалната финансиска криза, поради што тој е…
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа онлајн-состанок со работната група Млади-МОН на кој се дискутираше за повеќе актуелни прашања во врска со унапредувањето на младинските политики во областа на образованието, кои се врвен приоритет на Министерството. Како што соопшти МОН, главни теми на дискусија беа потребата од измени во системот на стипендирање на студентите, нешто на што Министерството веќе работи, како и за начините и можностите за ученичкото организирање, можноста за реализација на општокорисна работа, како и за воспоставување служби за бесплатна психолошка помош на високообразовните установи. Министерката Царовска истакна дека младите се клучен партнер во овие…
Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел, соопштија од Град Скопје. Од Град Скопје наведоа дека за таа цел МЖСПП доставило иницијатива и Владата на Република Северна Македонија на 17 ноември 2020 година ја разгледала и усвоила Информацијата, и донела Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Водно…
Постојат само две опции за Бугарија да даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ, со кои треба да се вметнат бугарските барања за почитување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. – Или ќе инсистираме во преговарачката рамка за Република Северна Македонија да има последно поглавје и за време на процесот на преговори да следиме дали се почитува Договорот за добрососедство или во неа да се вметнат барањата на Бугарија за почитување на Договорот, нагласи Јотова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ). Според Јотова, која е…
„Недоволно сме искрени. Угостителскиот сектор е многу помогнат, само во првиот и вториот пакет на мерки, дури и во бескаматните линии, имаше само мерки за угостителите, наспроти сите други“, изјави денес вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според него, тие продолжуваат да добиваат финансиска поддршка за плати, како што добиваат сите. „Процентуално еден солиден дел имаат земено плати од угостителските објекти. Исто така имаше посебно креирани мерки во делот на хотелиерството, туризмот и угостителството, преку Министерството за економија преку ваучерите. Не се согласувам дека не се поддржани наспроти сите други. Не знам зошто би требало ваков вид на комуникација“, вели…
За основците и средношколците денеска е последниот ден од зимскиот распуст кој трае од 31 декември. Утре ќе го продолжат второто полугодие од учебната 2020/2021 година и ќе се вратат на настава – пред ИТ-уредите или во училишните клупи. Согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), првото полугодие оваа учебна година почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159. Денеска е и последниот ден за праќање по електронска пошта до МОН коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование која е поставена на…
Започнува издавањето на дигиталниот сертификат за вакцинација, тоа е уште една грчка иновација, рече премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на состанокот за текот на спроведувањето на националниот план за вакцинација и додаде дека оваа потврда не значи ограничувања, туку олеснување на движењето и патувањето, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер објасни дека сертификатот е за потврдување на законската вакцинација и е за лична употреба на граѓаните и уште еднаш го повтори предлогот до ЕУ за „единствен сертификат по европски стандарди“. -Сакам да истакнам дека не станува збор за никакво ограничување, туку напротив ќе ни олесни да…
Формалниот почеток на новата чешка инвестиција во ИТ-секторот во земјава ќе биде објавен денеска. Станува збор за инвестицијата во компанијата „Сеавус“, која е купена од нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, Групацијата Арикома. По тој повод, во 14 часот, ќе се одржи прес-конференција, на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и чешкиот амбасадор Мирослав Томан, како и директорот за ИТ-инвестиции во Групацијата Арикома, Михал Томанек, и Игор Лештар, управен директор на Групацијата Сеавус. Лештар неодамна во интервју за макфакс изрази увереност дека заедно со силен стратешки партнер како „Арикома“, „Сеавус“ ќе ги забрза иновациите и уште повеќе ќе ги зајакне позициите.