Author: Нова ТВ

Вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за јавност во ноември, изјави претставничка на кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ). Кина има четири вакцини против Ковид-19 што се во завршна фаза на клиничко испитување, најмалку три од нив се понудени на најизложените служби. – Третата фаза добро се одвива и вакцините би можеле да бидат готови за јавност во ноември и во декември, изјави експертката за биобезбедност во ЦДЦ, Гуижен Ву. Таа додаде дека не почувствувала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци откако примила експирементална вакцина во април, без да…

Read More

Жан Тод им даде на навивачите на Михаел Шумахер трошка надеж дека легендата на Формула 1 порано или подоцна ќе се опорави. – Го видов Мајкл минатата недела. Тој се бори, изјави поранешниот шеф на Ферари за новинската агенција „ПА“. Тод е еден од ретките луѓе што Корина Шумахер дозволува да се приближи на нејзиниот сопруг. Семејството сака борбата на Михаел Шумахер да остане што е можно подалеку од центарот на вниманието. – Она што можам да го сторам е да останам близу до нив и да им помагам кога ќе им требам, изјави поранешниот шеф на Ферари. Тој последен…

Read More

Стечајниот управник на Еуростандард банката соопшти дека од сите нејзини експозитури кои биле во деловен простор кој не бил во сопственост на Банката, од негова страна, односно од страна на овластени лица се прибрани и заштитени севкупната опрема и мебелот, коишто се дел од имотот на Банката. Истовремено, прибрана и заштитена е и севкупната документација од овие експозитури. Ваквата активност е спроведена затоа што веќе се раскинати договорите за закуп на деловен простор. Со ова максимално се избегнуваат непродуктивни трошоци во текот на стечајната постапка и дополнително се заштитува стечајната маса, во функција на исплата на побарувањата на доверителите, соопштува…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска присуствуваше на состанокот со претседателот на Групацијата Светска банка и Холандската конституенца при Светска банка во која членува и Република Северна Македонија. Покрај претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, присуствуваа Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер, потпретседател во ИФЦ за Европа и Централна Азија и Кун Дејвидсе, извршен директор во Одборот на директори на Светска банка. На средбата, како што соопшти Министерството за финансии, стан збор за поддршката на Светска банка во тринаесетте земји од Холандската конституенца, како и за справувањето со здравствената и економската криза предизвикана…

Read More

Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен (94) денеска бил примен во болница откако се пожалил на респираторни проблеми, изјави еден од неговите соработници, пренесоа британските медиуми. Францускиот весник „Ле Паризиен“ претходно соопшти дека Д’Естен,  кој беше на чело на Франција од 1974 до 1981 година, се наоѓа на Одделот за интензивна нега. Жискар Д’Естен ја предводеше модернизацијата на француското општество, дозволувајќи го разводот со заедничка согласност, легализирањето на абортусот и намалување на возраста за гласање од 21 на 18 години.

Read More

Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести, од среда, 23 септември 2020 година, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, одлучи Владата на денешната седница. Како што соопшти владината прес-служба, исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Врз основа на таквата потврда овие лица ќе користат боледување, согласно соодветниот правилник од Фондот за здравствено осигурување на Република…

Read More

Извршено е безбедно преточување во нова цистерна на винилхлорид мономерот кој што се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс ОХИС и следува фаза на транспортирање во Германија, најавува Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно информациите добиени од компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ, Скопје, и извршените вонредни инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна средина соопшти. – Активноста ја реализираше компанијата „CURIUM“ од Франција, која има долгогодишно искуство и е специјализирана во преточување на ваков вид опасен отпад. Во периодот на реализација на активноста беа  запазени сите безбедносни прописи. Следува фаза на транспортирање за што се обезбедени сите…

Read More

Пратениците денеска со 98 гласови за, четири воздржани и ниту еден глас против ја усвоија одлуката за изборот на составот на работните тела на Парламентот, предлог кој е усогласен со координаторите на сите пратенички групи. И покрај тоа што дневниот ред за седницата беше усвоен, во расправата по оваа точка пратениците од опозицијата повторно посочија дека се крши процедурата и оти се гласа за персонален состав пред Собранието претходно на парламентарна седница да донесе одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите. Тие истакнаа дека ваква одлука Собранието требало да донесе, бидејќи, како што посочија некои од комисиите би…

Read More

Нови 37 случаи со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 464 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2. Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата…

Read More

Нови законски решенија во градежниот сектор, промени во постапката за избор на надзорот на градбите за да се спречи спрегата со градежните фирми, градење по план, инвестиции во комунална инфраструктура. Тоа се дел од ветувањата на Владата во новата Програма за наредните четири години. Целта е целосно усогласување на системските закони што ја регулираат областа на градежништвото и урбанизмот, јакнење на инспекцискиот надзор и надлежностите на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам преку воведување регионални урбанистички инспектори, како и подобрување на квалитетот на градбите. -За да го зајакнеме квалитетот на градбите кои ги финансира државата и да обезбедиме поголем интегритет…

Read More

“Јансен“ филијалата на американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ вчера ја почна втората фаза на испитување на својата вакцина против новиот коронавирус во Шпанија. Во тестирањето, што ќе трае до 22 септември, учествуваат 190 лица. Во следните два месеца покрај во Шпанија вакцината на „Џонсон и Џонсон“ ќе се тестира и во Холандија и во Германиија, при што ќе учествуваат вкупно 550 луѓе.

Read More

Постапката за утврдување на имињата на кандидатите за заменици министри е во тек, изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на Куманово, каде присуствуваше на отворањето на нова индустриска зона. – Јас сум подготвен утре-задутре да ги доставам имињата на предлозите за заменици министри до Собранието, а Собранието веројатно по 20 септември ќе го стави на дневен ред нивниот избор, истакна Заев. Според него, услов за избор на замениците министри е Собранието да ги оформи своите помошни тела за да може да функционира, како и да се верификува мандатот на новата пратеничка која ќе го заземе местото на министерката за…

Read More