Author: Нова ТВ
Четврта година по ред Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) доделува награди в0 повеќе категории за периодот меѓу двата саема (мај 2019 – септември 2020). Признанието за најуспешен домашен автор му припадна на писателот Петар Андоновски, додека на првите три места се најдоја и Билјана С. Црвенковска и Ана Јовковска. „Првото место комисијата одлучи да му го додели на македонскиот писател Петар Андоновски поради неговата популарност меѓу двата саема, добивањето на Европската награда за литература, двете речиси распродадени изданија во Македонија и тековните преводи на романот „Страв од варвари“ во Велика Британија, Хрватска, Бугарија и Србија. Авторот е постојано присутен во медиумите кај нас, а својата популарност надвор…
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска во својот кабинет оствари средба со министерот за здравство на Република Косово Арменд Земај. Груби и Земај разговарале за состојбата со епидемијата предизвикана од КОВИД-19 во Северна Македонија и Косово, како и за најдобрите и најефикасните начини за справување со неа. Тие, како што соопштија од Кабинетот на вицепремиерот, зборувале и за важноста од отворањето на граничните премини меѓу Северна Македонија и Косово, одлука која ќе им помогне на економиите на двете земји. На средбата, Груби истакнал дека тој лично е за отворање на сите гранични…
Нови 121 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1410 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-33, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-6, Струга-6, Велес-3, Битола-6, Охрид-11, Кавадарци-4, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-3, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Македонски Брод-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-2 и Кичево-1. Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациент од: Скопје-50, Куманово-32, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-4, Струга-4, Велес-2, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-1, Македонски Брод-1,…
Над 56 проценти од жителите на Скопје користат сопствен автомобил како основно средство за превоз. Ова го става нашиот главен град во друштво на Никозија, Рига и Валета. Според податоците на Евростат за транспортот што најчесто го користат луѓето од главните градови во Европа, во 2015 година 91 процент од жителите на Никозија, 68 проценти на Рига и Валета и 67 проценти од жителите во Луксембург користеле автомобили. Од друга страна, пак, 80 проценти од жителите на Париз и 73 проценти од жителите на Виена користеле јавен транспорт, додека 58 проценти од жителите на Копенхаген и 53 проценти од жителите…
Од околу 1110 училишта во Македонија, само 36, 21 основно и 15 средни побарале физичка настава во новата учебна година која ја за прв пат ќе почне на први октомври, јавува Телма. Рокот за да се поднесе барање истекува денеска, а преставници на МОН и владата кои формираа и комисија ќе ги разгледуваат документите, пред да донесат конечна одлука на кои од школите ќе им се дозволи да ги примат учениците назад на училиште.
Седницата, дента на 27 април наликуваше дека ќе заврши како и претходните денови, особено по барањето на СДСМ да биде прекината во 18 часот и да продолжи следниот ден, изјави поранешниот пратеник Илија Димовски, сведочејќи на судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието. На почетокот Димовски, рече дека во 2017 година бил пратеник во Собранието и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој зборуваше за свикувањето и текот на Конститутивната седница, за праксата за координативни состаноци и процедурите за пријавување за збор на пратениците. – Има пракса пред конститутивната седница претходниот претседавач со Собранието да…
Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната средбата со претставници на Здруженија на пациенти. „Иницијално идеата беше да се спреми системот, да се направат промени во правилникот, да им се дозволи на пациентите…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение го осудуваат нападот кон новинарската екипа на Ал Џaзира и бараат од Министерството за внатрешни работи (МВР) да го санкционира напаѓачот за кој има и јавно достапна снимка од настанот. Во соопштението од ЗНМ и ССНМ се наведува дека на протестот кој вчера во центарот на Скопје го организираше политичката партија ВМРО -ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи. -Според видеата и…
Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека постои „значителна шанса“ високи руски претставници да наредиле наводно труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални. – Постои значителна шанса дека ова всушност потекнува од високи руски функционери, се наведува во транскриптот на Стејт департментот што изјавил Помпео за една радио станица. Помпео рече дека САД проценуваат како да одговорат на тоа. – Ние ќе се погрижиме да го сториме нашиот дел од работата за да направиме сè што можеме да го намалиме ризикот вакво нешто да не се повтори. Мислам дека светот созреа и се согласува дека нормалните земји не функционираат вака…
Од Министерството за внатрешни рабои информираат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 391 прекршок. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прањања, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов. Тој во изјава за ТВ 24 вели дека македонската дипломатија веќе три години откако е потпишан Договорот за добрососедство одбегнува решавање на проблемите и очекува ЕУ да застане во одбрана. Според официјална Софија, македонската страна ги избегнува состаноците на историчарите за да не се соочи со решавање на прашањето за Гоце Делчев и со тоа покажува дека нема желба да води искрен дијалог. – Минатата година во ноември месец,…
Во моментов се активни 1905 случаи на заболени од Ковид-19, досега од вирусот оздравеа 12754, а починаа 634 лица. Од Институтот за јавно здравје забележаа дека минатата недела е зголемен бројот на заболени и хоспитализарани од Ковид-19, најмногу се на возраст меѓу 30 и 39 и над 60 години. Од Здруженијата на пациенти побараа посебни критериуми за враќање на работа на хронично болните лица, Владата одлучи тие да се вратат на своите работни места, со исклучок на лицата со влошена здравствена состојба, кои ќе користат боледување. Најмногу активни случаи на заболени од Ковид-19 има во Скопје – 588, Куманово 230, Дебар…