Author: Нова ТВ
При преглед на товарно возило управувано од бугарски државјанин во близина на струмичкото село Сушица, полицијата вчера откри и одзеде 2.000 кутии цигари. Бугарскиот државјанин Г.С.К. (45) вчера околу 20 часот е приведен во полициска станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик. „На магистралниот пат, во близина на струмичкото село Сушица, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „волво“ што го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2.000 кутии цигари. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од…
Собранието на Република Северна Македонија на денешната втора седница ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими, по што претседателот Талат Џаферија ја прекина седницата, се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК. Џафери бил известен дека Бесими нема да ја образложи неговата оставка, а бидејќи беше избран за пратеник од листата на кандидати од ДУИ потребно е ДИК да го извести Собранието за следниот кандидат од оваа листа на кој треба да му се верификува пратеничкиот мандат. Фљорин Бесими е брат на Фатмир Бесими од ДУИ кој ќе биде предложен за министер за финансии. Тој уште пред неколку дена…
Нема промена во министерските предлози на ДУИ и нема несогласувања, вели партискиот лидер Али Ахмети. Изборот на Владата се очекува во деновите од викендот
Пријавувањето за упис во прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се спроведе в понеделник и во вторник (31 август и на 1 септември). Прелиминарната ранг листа со резултати од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, конечната ранг листа на 7 септември, а запишувањето на кандидатите ќе биде на 10 и на 11 септември. Според Конкурсот за запишување на студенти во прв циклус студии за академската 2020/2021 година, што УКИМ го објави пред два месеца, на 23. факултети во негов состав се слободни вкупно 10.798 места. Од нив, 5.300 места се однесуваат…
Времето денеска ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Има услови и за појава на краткотрајно невреме и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне 31 степен. Од среда следува период во кој…
Пет потпретседатели на Собранието се многу, порачува поранешниот спикер во законодавниот дом, Трајко Вељаноски како реакција на таквиот предлог за денешната парламентарна седница што ја закажа Талат Џафери. Според него, нема никаква економска оправданост и причина за пет потпретседатели на Собранието. „Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија. Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието“, напиша Вељаноски. Вељаноски, кој беше прв човек на Собранието од 2008 година до 2016 година, потсети дека во времето на владеење на претходната гарнитура имало по тројца потпретседатели, а во…
Собранието на Република Северна Македонија утре ќе одржи седница на која на дневен ред е Предлог-одлука за утврдување на бројот на потпретседатели. Во Собранието е пристигната и оставката на пратеникот Фљорин Бесими, брат на предлогот за министер за финансии Фатмир Бесими од ДУИ. Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага законодавниот дом да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот на Собранието. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“. Потпретседатели…
Финската премиерка Сана Марин денеска повика да се скрати сегашниот осумчасовен работен ден, нагласувајќи дека покусо работно време може да се компензира со зголемена продуктивност. Марин, која ја започна идејата за шестчасовен работен ден пред да стане премиерка, ќе мора да ги убеди другите четири партии во коалициската Влада да го отворат патот за скратување на работниот ден, во услови на зголемена невработеност предизвикана од пандемијата на Ковид-19. – Мора да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да се придвижи кон покусо работно време, а вработените во Финска кон подобар работен живот, рече 34-годишната лидерка пред членовите на нејзината партија, кои вчера ја избраа…
Европската комисија остварила разговори со компанијата „Модерна“ од Тексас за евентуална набавка на идните вакцини против Ковид-19, објавено е денеска во Брисел. Американска „Модерна“ е петта компанија со која Европската комисија, во име на земјите членки на ЕУ, имаше разговори за набавка на потенцијална вакцина против новиот коронавирус за европскиот пазар. За ЕУ за сега е најавена набавка на 80 милиони вакцини, плус дополнителни 80 милиони дози веднаш штом се потврди дека вакцината е безбедна и ефикасна. – Инвестираме во компании кои користат различни технологии за да ја зголемиме шансата за добивање безбедна и ефикасна вакцина. Ќе продолжиме да разговараме со различни компании затоа што сакаме…
Во последните 24 часа, според МЗ, се направени 860 тестирања со позитивни резултати кај 28 лица од Скопје, по осум во Гостивар и од Прилеп, пет од Куманово, по четири од Дебар, од Тетово и од Берово, по три од Делчево и од Кичево, по две од Кавадарци, од Кочани и од Неготино и по едно лице од Битола, од Охрид, од Радовиш, од Пробиштип и од Македонски Брод
Истрагата во случајот „Моќник“ се водеше против 13 лица, а сомнежот се однесува на сторена штета од околу 50.000 евра. Во случајот, меѓу другите, се осомничени тогашен пратеник, неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека предлогот за состав на новата влада ќе биде доставен по изборот на потпретседатели на Собранието. „Прво Парламентот мора да го утврди бројот на потпретседатели и уште некои други одлуки, а, исто така, треба да го верификува и мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом Собранието заврши со сите овие постапки, веднаш ќе доставам предлог за влада и владината програма до Парламентот“, изјави Заев за ТВ 21. Тој одговори потврдно на прашањето дали станува збор за пратеници кои се следни на листата на пратеници, откако некои беа предложени за министри. Рокот…