Author: Нова ТВ

Прес-конференција на која ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за правда, Бојан Маричиќ и претседателот на Основен суд Кавадарци, Лазар Нанев. Темата на прес конференцијата е дигитализација на судството. 

Read More

За Велигден и за Рамазан да нема полициски час, предлага Комисијата за заразни болести. Како што соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, останатите олабавувања на мерките се полицискиот час да биде од 21 часот во останатите денови (освен за Велигден и Рамазан), и да се отворат летните тераси на кафулињата и рестораните кои ќе може да работат до 20 односно до 20.30 часот. Препораките од Комисијата се поради намалувањето на бројот на новозаразени и на хоспитализирани изминатиот период. Тие утре ќе бидат на дневен ред на седница на Влада.

Read More

Пратениците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија денешната 39. собраниска седница на чиј дневен ред како последна точка беше поставена интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тие соопштија дека нема да присуствува на гласањето, а најавија интерпелација за спикерот Талат Џафери. „Ќе поднесеме интерпелација за вас г-не Џафери. Ја замолчивте опозицијата, не дозволивте да разговараме за интерпелација на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ. Затоа сега ќе ја напуштиме седницата“, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На ова собранискиот спикер Талат Џафери рече дека самите си се виновни за истеккувањето на рокот на двете…

Read More

По вчерашниот политички протест на кој се бараше слобода и повторно судење за осудените лица кои упаднаа во законодавниот дом на 27 април 2017, со свој став се огласи и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. Според него Судот со пресудата си го кажал својот збор, а како што додаде според него има уште многу други што треба да завршат во затвор но се уште се шетаат на слобода. – Единствениот кој невин лежи во затвор е човекот кој ме спаси мене на 27-ми април, Абдулфета Алими. Тие што се надвор се тие што отвораа врати и тој што…

Read More

Може да се разликуваме за политика од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни ставови во Парламентот и јас тие различни ставови секој ден ги почитувам, ама има црвени линии што не смеееме да ги поминеме и заради нас и заради нашите деца. Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам и сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта. Ова е пораката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска упатена во одговорот на…

Read More

Преку 70 илјади прегледи донесе новиот хит на распеаното дуо, Драган Спасов Дац и Александар Митевски наречен „Вакцина”. Тие изненадија со нов кавер на светски познатата “Марина” од Роко Граната и ја обликуваа во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија заедно со нивните пријатели и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко. Песната е веќе хит на социјалните мрежи и веќе се слуша на радио станиците. Велат дека “песната е составена од пораки на viber, a видеото е снимено со телефонот на Дац”. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој…

Read More

За што ви е потребна медиумската писменост, како таа се однесува на образованието, медиумите, филмот, библиотеките, што значи да си новинар, одговорност во онлајн просторот, говор на омраза, гласини, интеркултурни комуникации, се дел од прашањата на кои Мрежата за медиумска писменост ќе се потруди да одговори преку својата најнова онлајн кампања која почнува денеска. Од Мрежата за медиумска писменост појаснуваат дека во следните десет седмици, секој работен ден, ќе се споделува по еден постер со информации со цел да се подигне свеста за потребата од критичко користење на медиумите и медиумските содржини. -Со кампањата се отвораат два нови канали за комуникација на…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, предвидено во член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал…

Read More

По повод 29 години од монетарното осамостојување на нашата земја, гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска Бежоска, се осврнува на значењето на националната валута денарот како еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија. Нејзиното обраќање го пренесуваме во целост: Монетарниот суверенитет е една од основните компоненти на суверенитетот на секоја држава. Денес, изминуваат точно 29 години од поставувањето на темелите на нашата монетарна самостојност – денот кога денарот го замени југословенскиот динар, а Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред бројните предизвици во тие турбулентни времиња на раздвојување од дотогашната југословенска држава.…

Read More

Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето на подобар систем на јавни финансии, воопшто. Денеска помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, кој предвидува соработка во повеќе области. Предвидена е поддршка во реформите на јавните финансии и фискалната децентрализација, зајакнување на фискалната автономија и капацитетите за прибирање на приходи на локалната самоуправа, размена на најдобрите практики за фискална…

Read More

Kомисијата за заразни болести на денешниот состанок предложи полицискиот час од 28 април да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, информираа за МИА од Комисијата. Комисијата ќе го достави предлогот до Владата која за него треба да одлучи на седница. Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.

Read More

Поранешниот црногорски министер за економија Бранко Вујовиќ е уапсен утрово по наредба на Специјалното државно обвинителство, пишува подгоричкиот весник „Вијести“. Покрај Вујовиќ, приведени се уште 11 лица. Вујовиќ беше министер за економија од 2009 до 2013 година, во периодот кога беа издадени гаранции за фабриката за алуминиум во Подгорица.

Read More