Author: Нова ТВ
Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз во името на САД му честита на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за добиениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да формира влада и изрази надеж дека ќе соработува со неа. „Честитки за Зоран Заев за мандатот да формира влада на Северна Македонија. Очекуваме да работиме со новата влада по нејзиното формирање. Како нова членка на НАТО, ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“, напиша Брнз во пораката на Твитер.
Имавме ситуација во 2016 година. Мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада“, истакна Заев од оретседателската вила Водно
Фондот за осигурување на депозити упати известување до физичките лица – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити ќе почне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи. „Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август 2020 година. Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ…
Траги на Ковид-19 се пронајдени во пилешко месо увезено од Бразил при рутинска контрола на кинеските власти. Вирусот во вторникот е детектиран во примероци на замрзнати пилешки крилца, соопштија локалните власти во јужниот кинески град Шенжен во близина на Хонг Конг. По откривање на вирусот веднаш се тестирани лицата кои биле во контакт со контаминираните производи и нивните блиски. Локалните власти истакнаа дека тестовите на сите биле негативни. Бразил е најголем светски произвоидител на пилешко месо, но и втора земја, по САД, што е најпогодена од пандемијата. Кина, каде првпат се појави Ковид-19 кон крајот на 2019 година, во голема мера…
Во заеднички извештај на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) се предупредува дека повеќе од 800 милиони деца во светот се без услови за миење на раце во училиште. Притоа се потенцира дека е неопходно да се воведат санитарни и хигиенски мерки со цел да се намалат шансите за ширење на Ковид-19, а се препорачува училиштата да обезбедат услови за редовно миење на рацете. Во извештајот се предупредува дека во 60 отсто од најтешко погодените земји со коронавирус, училиштата немаат основни санитарни услови, а три од четири училишта немаат основни средства за миење на рацете од почетокот на пандемијата. Со…
Осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу Еуростандард банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста во работењето на осигурителните компании, истакнаа од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Од АСО посочија дека според последните податоци, вкупната актива на осигурителниот сектор изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот. Само четири друштва за осигурување имаат парични средства и депозити во Еуростандард банка, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1 отсто од вкупната вредност на…
Живот во услови на пандемија: Ризици по социјалното и ментално здравје на граѓаните од С. Македонија
Истражување на центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ Автори на истражувањето: Лина Ќостарова Унковска, Јулијана Стојанова, Теодора Маневска Каков беше животот на возрасните од Македонија пред само три месеци, кога се соочија со првите рестрикции како последица на Ковид-19, со полицискиот час, со првите карантини и со затворање на границите? – Кога училиштата и работните места се преселија во домовите, кога се смени динамиката на семејствата и кога луѓето почнаа да учат нови однесувања и вештини на прилагодување. Какво беше тогаш чувството на стрес кај луѓето, нивните емоционални реакции, грижите и задоволството од животот, кога изгледаше дека состојбите со…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во петок ќе преовладува…
Поранешните активисти од украинскиот Мајдан се солидаризираат со демонстрантите во Белорусија. Дали протестите во Киев пред шест години можат да бидат модел за сегашните во Минск?
Лидерите на Алијансата за Албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши вчера информираа дека прифаќаат заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо денеска, таа да се одржи по 17 август и формирањето на новата влада
Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид и резултираа со парафирање на документот на 13 август во претседателската резиденција на Водно. Потпис на Рамковниот договор ставија тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ, Франсоа Леотар и на САД, Џејмс Пердју
Неговата ќерка Бесиана, како што и самиот напиша на Фејсбук, се породи и на свет го донесе малиот Фрашер што е причина за одложување на најавеното продолжение на конститутивната седница на Собранието за избор на претседател