Author: Нова ТВ
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е скептичен во врска со вакцината против Ковид-19 што е регистрирана во Русија и вели дека не е важно кој ќе биде прв, туку вакцината да е ефикасна. Во изјавата за „Дојчландсфунк“, тој рече дека според сè што знае засега, таа вакцина не е тестирана доволно. „Не станува збор да се биде прв, туку за ефективна, тестирана и безбедна вакцина“, нагласи Шпан. Тој истакна дека руските власти не биле транспарентни во однос на студиите и тестовите, како и дека не е спроведена третата фаза на тестирање на поголем број луѓе. „Може е да биде и…
Полицијата побара од жените, претежно млади девојки, да се разотидат, што и се случи, но набрзо се вратија на плоштадот. Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“. Протестите во земјата почнаа вечерта, на 9 август, откако актуелниот претседател Александар Лукашенко прогласи победа на претседателските избори, а продолжија во понеделникот и во вторникот, при што беа уапсени неколку илјади демонстранти
Полската влада сака да ја продолжи забраната за меѓународни летови до 25 август 2020 година за 45 земји, пренесува порталот „Екс-ЈУ Авијација“. Меѓу дестинациите се и четири држави на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, покрај Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. ЛОТ, најголемата полска авиокомпанија која лета за Скопје, за Подгорица и за Белград, во моментот планира да ги продолжи операциите во главниот град на Северна Македонија и Србија во септември, додека летовите кон Подгорица се прекинати до почетокот на зимската сезона 2020/2021 година. Одлуката на владата во Варшава ќе влијае и врз работењето на „Визер“ и „Рајанер“ од…
Во изминатото деноноќие се направени 1.627 тестирања со позитивни резултати кај 30 лица во Скопје, 20 во Куманово, 19 во Гостивар, 15 во Штип, по осум во Струга и во Кавадарци, по шест во Свети Николе и во Тетово, пет во Кочани, четири во Кичево, по три во Охрид и во Македонски Брод, по две во Дебар, во Битола, во Струмица и во Демир Хисар и по едно лице во Прилеп, во Гевгелија, во Берово и во Делчево
ДУИ со дневен ред за утрешната лидерска на албанските партии, Села и Гаши за одложување по 17 август
За утрешниот состанок во 12 часот, ја предлагаме следната агенда: Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат, Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели“, се вели во партиското соопштение на Демократската унија за интеграција
Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава со осуда за личниот напад и заканите по живот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани и го повикува кривичното правосудство да го испита случајот, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. „Почитувањето на човековите права и владеењето на правото се камен темелник на Европската Унија, каде секоја личност ги ужива овие права, без оглед на нивната сексуална ориентација. Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше укинат по формална основа, беше првиот закон во земјата во кој беа вклучени родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основа за дискриминација“, се вели…
Сè уште нема конечна одлука за тоа како ќе се организира наставата во учебната 2020/21. Продолжуваат консултациите меѓу Министерството за образование и наукла (МОН) и Комисијата за заразни болести, соопшти министерот за образование Арбер Адеми. Тој не ја исклучи можноста и за пролонгирање на учебната година. Адеми на прес-конференција информира дека се разгледуваат три модели: физичко присуство, онлајн настава и комбиниран модел. Во МОН преовладува ставот за физичко присуство на учениците, но сè зависи од епидемиолошката состојба. „Нашиот став е јасен, но пред сè е важно здравјето на децата“, истакна Адеми. Тој рече дека е можно физичко присуство на учениците само…
Шефот на државата, како што соопштуваат од неговиот кабинет се консултирал со еминентни експерти, при што заклучил дека Собранието е конституирано на 4 август и оти оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот. Реакцијата се однесува на ставовите кои ги изнесе досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој за ТВ 21 рече дека доколку претседателот Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен
Во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, полицијата откри 103 лица од Пакистан, од Авганистан, од Индија, од Египет, од Иран и од Сирија, а кај „Врело“ во село Ваксинце, Липково, уште 45 мигранти од Сирија, од Бангладеш, од Сомалија, од Пакистан и од палестинските територии
Едно лице е тешко повредено во железничката незгода што се случила ноќеска кај село Лопате, каде дошло до судир меѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки. Од МВР информираат дека во 00:45 часот било пријавено за железничката незгода меѓу товарниот воз и автомолбилот управуван од Ф.Ј. (47) од липковското село Оризаре. „Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово“, се наведува во соопштението од МВР.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на Твитер објави дека заедно со партискиот лидер Зоран Заев потпишале изјави за откажување од средствата што им следуваат по основ на патни трошоци. „Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ. За да дадеме пример, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, наведе Николовски во твитот. Тој водно ги повика и останатите пратеници во Собранието да го следат овој нивни чекор. „Ги охрабрувам колегите од сите партии да…
Најголем процент (25,9 отсто) од новозаболените со Ковид-19 во периодот од 3 до 9 август се лица на возраст над 60 години, а поголем број на инфицирани се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30 до 39 години (18,4 отсто), од 40 до 49 години (17,9 отсто), а од 50 до 59 години (17,2 отсто), покажуваат денеска објавените податоци во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети. Во истиот период се регистрирани 25 смртни случаи, а кај најголемиот број од нив се лица на возраст над 60 години…