Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е скептичен во врска со вакцината против Ковид-19 што е регистрирана во Русија и вели дека не е важно кој ќе биде прв, туку вакцината да е ефикасна. Во изјавата за „Дојчландсфунк“, тој рече дека според сè што знае засега, таа вакцина не е тестирана доволно.

„Не станува збор да се биде прв, туку за ефективна, тестирана и безбедна вакцина“, нагласи Шпан.

Тој истакна дека руските власти не биле транспарентни во однос на студиите и тестовите, како и дека не е спроведена третата фаза на тестирање на поголем број луѓе.

„Може е да биде и опасно ако прерано се почне со тоа“, истакна Шпан.