Author: Нова ТВ
Оздравени се 259 лица додека новозаболени се 113 граѓани кои се евидентирани преку 1.543 направени тестови и тоа 35 од Скопје, 23 од Штип, 15 од Гостивар, 12 од Куманово, седум од Битола, шест од Охрид, пет од Тетово, по двајца од Кочани и од Демир Хисар и по еден од Прилеп, од Струга, од Пробиштип, од Македонски Брод, од Валандово и од Виница
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во перидот јануари – јуни годинава изнесува 2.705.623.000 милијарди долари и бележи пад од 24 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста, пак, на увезената стока, во истиот период, изнесува 3.691.475.000 милијарди долари, што е за 20 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во првите шест месеци од годинава изнесува 985.852.000 милиони долари. Трговската размена по производи покажува дека најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично.…
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги демантира информациите што деновиве беа објавени на социјалните мрежи во врска со опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС. „На 29 јули 2020 година, Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект „Еко центар 97“ од Скопје во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис – Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали. (https://bit.ly/31fywxw)“, посочија од Министерството. Од…
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната средба со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн информира дека неговата партија е во сериозни разговори за формирање ново, стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада што ќе работи во интерес на граѓаните. Врвни приоритети на новата влада, како што истакна тој, ќе бидат развој и унапредување на економијата, како и реформи во правосудството. „Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно и стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова и одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата…
Твитер налогот на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, во мандатот на Никола Димитров доби признание за најдобро воден регионален налог за дигитална дипломатија во набљудуваниот период 2017-2019 година
Дали тече рокот од 10 дена за доделување на мандат за состав на Владата? – Да. Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница, прецизира Дескоска која во последната Влада раководеше со министерството за правда
Екипите на јавни градски претпријатија се излезени на терен и интервенираат по невремето што го зафати Скопје. Од ЈП „Паркови и зеленило“ за МИА информираат дека денеска паднала врба врз автомобил во Автокоманда што по интервенцијата е отстранета. Вчера, пак, се интервенирало на улица „Вич“ во Карпош 4, спроти градинката „Орце Николов“, каде, исто така, имало пријава за паднато дрво. Имало интервенција и во Карпош 2, на улица „Шекспирова“ каде имало паднати гранки кои се отстранети во текот на вчерашниот ден. Во Ѓорче Петров, кај Пазарчето, на улица „Македонска војска“ исто така имало паднато дрво, а во текот на вчерашниот…
Рускиот лек „Авифавир“, кој се заснова врз јапонско средство против грип, веќе е доставен во 15 земји. Резерви има и Германија. Колку е ефективна оваа супстанција? Сега фактички постојат само два антивирусни препарата кои се доставени во ограничен број на земји – американскиот „Ремдесивир“ и рускиот „Авифавир“
САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан, Метју Палмер, кој учествуваше на виртуелен брифинг на „Балкан инсајдер“ во Вашингтон, пренесува македонската редакција на „Глас на Америка“. „Сега е период на преговори за формирање на коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја…
По олабавување на рестриктивните мерки, 72 отсто од Италијанците сè уште не биле на појадок во ресторан, 67,9 отсто не ручале надвор од дома, а 69,4 отсто и натаму си вечерат во домашни услови
Агенцијата „Ројтерс“ известува за гестот на солидарност на израелскиот народ со жртвите по стравичната експлозија во Бејрут, и покрај тоа што Израел и Либан технички се сè уште во војна што трае со децении
Владата на денешната седница, согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе Одлука за кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија поради зголемена фреквенција на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, но поради пандемијата и опасноста од ширење на Ковид-19. „Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и на северната граница. Се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој…