Author: Нова ТВ

Улогите во претставата ги толкуваат Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски. Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, со забелешка дека претставата не е препорачлива за лица помлади од 16 години

Read More

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат обиди за обезбедување на парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Според Заев, сите опциии се отворени, порака што ја испрати и Мицкоски

Read More

Обвинетиот во предметот за злоупотреби на АКМИС системот, во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе

Read More

Експлозијата наводно се почувствувала и на места што се оддалечени и до 250 километри од Бејрут, а Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар јавува за дојави и од луѓе на Кипар. Она што засега е познато е дека експлозијата се случила на градското пристаниште во кое се наоѓале складишта со експлозивни компоненти и материјали, јави либанската новинаска агенција ННА. Друг, пак, извор наведува дека во пристанишните складишта имало хемикалии

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната конститутивна седница на Собранието, истакна оти ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство што во иднина ќе поддржи, како што рече, една „вистинска реформска влада која на брза лента ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во ЕУ“

Read More

Во однос на коалицирањето со други политички партии, претседателот Заев посочи дека сите опции се отворени и дека процесот на разговори ќе го даде правецот за тоа кој би се приклучил на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во постоизборна коалиција. Но, најави и укинување на министрите без ресор што беше и предизборно ветување

Read More

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Л.С. (38) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“, а во врска со кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Пријавената, во два наврата ја напуштила територијата на Македонија и со умисла заминала за Сирија каде учествувала во активности на терористичката организација „Исламска држава“ (ИСИС). На 10 март оваа година, таа била депортирана на Меѓународиот аеродром Скопје со лет…

Read More

Нуркачки тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи (МВР) околу 14 часот го пронајдоа и извлекоа безживотното тело на 16 годишното момче од Ресен од водите на Преспанското Езеро. Момчето беше пријавено за исчезнато на 2 август во водите на Преспанското Езеро, кај туристичката населба „Претор“. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Read More

Силно невреме попладнево го зафати Скопје. Град со големина на орев се истури врз неколку населби во градот, а во други невремето беше и сè уште е со послаб интензитет. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Се очекува и намалување на темепратурите до 28…

Read More

Пола од казните се однесуваат на правни субјекти од автокампот „Градиште“ што ги прекршиле одредбите од Законот за градење. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема

Read More

Артина Ќазими од коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива е студентка која потекнува од гостиварски Добри Дол, додека Илија Николовски од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Стојан Миланов од коалицијата „За обнова на Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат највозрасните пратеници во десеттиот собраниски состав

Read More

Хрватскиот кантавтор Рајко Дујмиќ (65) почина од последиците на сообраќајната незгода од минатата недела, јавува Јутарњи лист. Пејачот-текстописец задобил тешки повреди кога ја изгубил контролата над својот VW Tiguan и слетал во бездна. Несреќата се случила во Стари Лаз, во областа Равна Гора, околу 5.15 часот во средата минатата недела Поради неприлагодена брзина, тој слетал од патот, според полицискиот извештај.  Веднаш по несреќата, во која тешко му била повредена главата,  паднал во кома, од која не се разбудил. https://www.youtube.com/watch?v=XDlm7QshYlk

Read More