Author: Нова ТВ
Во изминатото деноноќие се направени 830 тестирања со позитивни резултати кај 32 лица во Скопје, по осум во Кавадарци и во Гостивар, седум во Тетово, пет во Штип, четири во Куманово, по две во Пробиштип, во Македонски Брод и во Кичево и по едно лице во Струмица, во Кочани, во Виница, во Свети Николе и во Неготино
Функцијата претседател на Собранието и припаѓа на партијата/коалицијата со обезбедено мнозинство за формирање на влада, процес кој формално почнува денеска. Собраниските седници дотогаш ќе ги води Џафери, а во негово отсуство пратениците Горан Мисовски и Флоријан Бесими
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се огласи на Фејсбук во врска со конститутивната седница на Собранието по парламентарните избори на 15 јули. „Нашиот парламент денеска ја одржува првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули“, напиша Заев. Лидерот на СДСМ истакна дека пратениците на денешната седница се обврзуваат да градат независен и одговорен парламент. „Денес се обврзуваме да грдиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата на сите граѓани на Северна Македонија“, напиша Заев.
Потрагата по 16 годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае до пронаоѓање на момчето. Операцијата вчера беше привремено прекината поради временските услови. Во Полициската станица Ресен, завчера (2 август) во 18:18 часот, од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“ во водите на Преспанското Езеро исчезнал 16 годишен малолетник од Ресен.
Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). „Ги известуваме граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15 август“, соопшти МВР. Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат…
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека во тек е исплатата на паричните средства за социјална и детска заштита за месец јули. Почнувајќи од денеска, 4 август, се врши етапна исплата на гарантираната минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок. „Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата се спроведува во три групи, согласно со утврдениот распоред по азбучен…
Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос Први го известил неговиот син, кралот Фелипе Шести, дека ќе ја напушти земјата и ќе замине во странство по обвинувања за корупција што се појавија за него во изминатите неколку недели. „Поттикнат од желбата да се направи она што е најдобро во служба на народот, нејзините институции и вас, како крал, ве известувам за мојата одлука да ја напуштам Шпанија“, се вели во писмото на Хуан Карлос до неговиот син. Кралот Фелипе Шести му се заблагодари на татко му за таа одлука и го посочи „историското значење“ што владеењето на Хуан Карлос го претставува…
Во текот на наредните 28 фестивалски денови, на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, предворјето на „Света Софија“, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници. Драмската програма започнува утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес
Претседателот Пендаровски минатата недела најави дека мандатот за состав на идната влада ќе го довери на оној кој ќе увери дека обезбедил мнозинство во Собранието. Посочи дека уставната норма е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор
Двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се наоѓаат во добра здравствена состојба. На 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија, соопшти Министерството за здравство. „Пациентите, по трансплантацијата, закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации од кои 10 од починат дарител. Кон крајот на мај изведовме прва трансплантација…
Ураганот „Исаја“ ја погоди Северна Каролина со налети на ветер кои достигнаа брзина и до 140 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. „Исаја“ беше категоризирана како тропска бура, откако погоди острови на Карибите каде однесе два човечки живота, но вчера прерасна во ураган од прва категорија. Ураганот „Исаја“ е деветта бура по ред во САД оваа година. Американскиот центар за урагани претходно издаде предупредување дека „Исаја“ ќе предизвика поројни дождови, што може да резултира со поплавување на реки долж американскиот источен брег.
На свечената седница како гости се поканети претседателот Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот, на Врховниот суд и на Судски совет на Република Северна Македонија, јавниот обвинител и претседателот на Советот за јавни обвинители, Народниот правобранител, членови на Владата и гувернерката на Народна Банка на Република Северна Македонија. Седницата во својство на гости ќе ја проследат и лидери на политичките партии застапени во Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата, претседателите на МАНУ и на Државната изборна комисија, државниот правобранител, претставници на верските заедници, како и шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република Северна Македонија