Author: Нова ТВ

Во Грција веќе втор ден бројот на нови регистрирани случаи на Ковид-19 е над 50, додека пак на Кипар првпат по подолго време има двоцифрен број на новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 57 нови случаи, од кои десет се од направените тестови на влезните точки во земјата, а бројот на заразени лица се зголеми на 4.336. Според грчките медиуми, од денешните нови случаи, најмногу се во областа Атика, поширокиот дел на Атина- 18 случаи, а 11 се во Солун. Вчера во Грција беа регистрирани 52 нови случаи на наспроти изминатите…

Read More

„Туризмот на респиратор“,„Ни треба помош сега и веднаш“, „Триста туристички агенции ќе стават клуч на врата“, „Државата ќе загуби милионски суми од даноци“, „Автобусите ќе останат паркирани“, „Помош за агенциите значи спас за туризмот“, беа само дел од транспарентите на денешниот мирен протест што го организираа туристичките работници. Тие пред Владата уште еднаш ги искажаа своите барања и предупредија дека ако државата не реагира веднаш, секторот ќе колабира. Околу 5.000 семејства, рекоа, ќе останат без приходи и исто толку лица ќе треба да се пријават во Агенцијата за ваботување. Апелираа дека веќе пет месеци не работат и не остваруваат никаков…

Read More

Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил попладнево напиша дека значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции со ковид пандемијата. – Компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар, напиша Ангеловска. Во март има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како во цела 2019 година. Но, како што посочува Ангеловска, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи поради што денеска заедно со УЈП, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Асоцијацијата…

Read More

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на Курбан Бајрам апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, туку месо за празникот да набават од одобрените месарници. АХВ потсетува дека движењето на животните треба да се врши исклучиво со поседување сертификат за здравствената состојба на секоја единка, а колењето само во одобрени кланици од страна на Агенцијата. -Граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и…

Read More

Во изминатото деноноќие се направени 1.971 тест со позитивни резултати кај 44 лица во Скопј, 24 во Тетово, 23 во Гостивар, по 21 во Куманово и во Струга, 18 во Штип, 10 во Кичево, шест во Охрид, пет во Битола, по три во Кавадарци и во Македонски Брод, по две во Пробиштип и во Неготино и по едно лице во Велес, во Крива Паланка, во Кочани, во Демир Хисар, во Дебар и во Ресен

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13, Ресен-4. Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички…

Read More

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави можност за спроведување на локален референдум на кој граѓаните ќе имаат прилика за изјаснување во врска со судбината на Универзална сала, доколку стручната јавност не успее да најде решение за објектот. Но, наведе дека за еден од белезите на главниот град има три опции и исто толку проекти. „Првата опција е уривање на салата и изградба на нов објект на постојната локација, втората е уривање на салата со дислокација и заштита на просторот со конкурсот кој што е во тек, и третата е реставрација на постојниот објект и изградба на нов културен објект на…

Read More

Конститутивната седница на новото македонско Собрание ќе се одржи на 4 август (вторник) со почеток во 12 часот, откако претседателот на законодавниот дом, Tалат Џафери, го потпиша Решението за нејзино свикување. Конститутивната седница ќе се одржи по здравствени протоколи и критериуми за намалување на ризикот од евентуално ширење на Ковид-19. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција. За да се запази пропишаната физичка дистанца, конститутивната седница ќе…

Read More

Конкурсот за изготвување на проект за парк и летна сцена што го објави Град Скопје предизвикува лавина на реакции во јавноста која препозна рушење на Универзалната сала. Глас дигнаа партии, организации, институции, јавни личности, но најсилниот е на граѓаните и засега е лимитиран само на социјалните мрежи и без конкретна иницијатива иста или слична на онаа за гушкање и спас на ГТЦ. Универзалната сала, несомнено, е еден од белезите на македонската престолнина и буди купишта на емоции кај многу генерации. Меѓутоа е на праг да се исчезне од градското лице. Градоначалникот Петре Шилегов, во обид да го амортизира незадоволството по, веројатно, реакциите во јавноста, вели дека нема донесена одлука за рушење на Универзална на што логично се надоврзува прашањето зошто тогаш се распишува конкурс за реализација на проект на тоа место

Read More

Демократската унија за интеграција (ДУИ) треба да проба Насер Зибери да биде премиер. Тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но, имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влегуваме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет, истакна денеска лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Тој, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, нагласи дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на изборите излегла со една програма – држава за сите. „Ние се…

Read More

Првиот ден на Курбан Бајрам 31 јули (петок) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од Министерството на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честитаат празникот Курбан Бајрам. Понеделник, пак, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија поради националниот празник Илинден.

Read More