Author: Нова ТВ

Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале законската одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта на финансиската помош беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите“, рече Лукаревска и додаде да го направат тоа пред да бидат јавно објавени

Read More

Американскиот политички магазин во анализата оценува дека проблемите со корупцијата делумно се последици на фактот дека се прави компромис меѓу меѓуетничкиот мир и начинот на добро управување, посочувајќи дека поделбата на власта меѓу политичките претставници на етничките групи е клучно за моделот во земјата

Read More

Преку информативен допис до Меѓународното здружение на крузери и три големи компании кои работат со крстарења, министерот за туризам на Грција Харис Теохарис, официјално соопшти дека шест грчки пристаништа ќе бидат отворени за крузери од 1 август, јави дописничката на МИА од Атина. За бродовите за крстарење ќе бидат отворени пристаништата на островите Родос, на Крит и на Крф, во Волос, на Пелопонез, како и најголемото грчко пристаниште Пиреас. По првото закотвување на некое од овие шест пристаништата, крузерите ќе имаат можност да пристапат до било кое друго грчко пристаниште вклучено во нивната програма. „Сите бродови за крстарење се добредојдени…

Read More

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на одбележувањето на 231. годишнина од формирањето на Стејт департментот синоќа ги истакна успесите на американската дипломатија во изминатата година, меѓу кои, го посочи и зачленувањето на Северна Македонија во НАТО. „Овој значаен датум е можност да се посочи на основната улога на нашата дипломатија во унапредуање на интересите, на безбедноста и на економскиот просперитет на американскиот народ“, посочи Помпео. Тој ги пофали кадрите во Стејт департментот за „исклучителната работа за промоција и презентација на нашите демократски вредности и унапредување на каузата за слободен, мирољубов и просперитетен свет“. „Во годината што измина, продолживме со…

Read More

Македонските државјани од денеска може да влезат во Бугарија со приложен негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Бугарската Влада вчера одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и за Северна Македонија. Освен од Северна Македонија, со приложен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, на Молдавија, на Израел и на Кувајт. Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата. За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31…

Read More

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе се обидат да обезбедазт парламентарно мнозинство за добивање на мандат од претседателот Стево Пендаровски за составување на новиот владин кабинет

Read More

Овие избори уште еднаш докажаа дека демократијата кај Албанците е безначајна идеја, зашто зборот „избори“ во албанскиот политички камп стана еквивалентен на зборот кражба, порачаа од Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на вечерашниот „Марш за демократија“ во Скопје. Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ упатија две барања до земјите – членки на ЕУ: да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик

Read More

Од денеска согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во МВР, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада. Од МВР денеска соопштија дека се ревидирани и составите на телата и комисиите при МВР.  За раководител во Битола е именуван Африм Шабани, во Куманово Севадил Џафери, во Охрид Хамди Емини, во Скопје Мемедали Мухареми и во Тетово Јетмир Абази. На раководни позиции, се наведува во соопштението, се враќаат Тони Јакимовски, началник на СВР Скопје во Бирото за јавна безбедност,…

Read More

Со мирен протест пред Владата, в среда, на 29 јули, туристичките работници ќе се обидат уште еднаш да укажат дека без поддршка од државата не можат да ја надминат ситуацијата во која се најдоа поради корона вирусот. Како што соопштија попладнево, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред Дрво Декор, местото од каде најчесто тргнуваа туристичките тури, а ќе продолжи кон буеварот „Кочо Рацин“, улиците „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, до Владата. Протест, нагласуваат, нема никаква политичка позадина, а со оглед дека…

Read More

Инспекцискиот надзор на Министерството за култура што постапуваше по пријавите од страна на Милчо Манчевски, за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и нејзиниот директор Горјан Тозија, констатираше дека се неосновани. Државниот Управен инспекторат ќе даде предлог Антикорупциска да ја стопира истрагата

Read More

Во изминатото деноноќие, како што истакнуваат од Министерството за здравство, се направени 1.025 тестирања спо позитивни резултати кај 52 лица во Скопје, 29 во Штип, 13 во Гостивар, 10 во Кавадарци, по шест во Куманово и во Тетово, три во Македонски Брод, по две во Прилеп, во Битола и во Виница и по едно лице во Кочани, во Пробиштип и во Свети Николе

Read More