Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството и затоа ние како Влада во шестиот пакет антикризни мерки предвидовме околу 2 милиони евра за поддршка на компаниите, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил. – За компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година во шестиот пакет наменуваме околу 2 милиони евра. Ваквата мерка е од исклучителна важност за поттикнување на ликвидноста во стопанството, додава во објавата. Заев информира дека мерката која ќе се реализира преку Развојната Банка, а целта е да им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да…
Властите во Црна Гора донесоа одлука за понатамошно ублажување на епидемиолошките мерки и дозволија влез на туристи од источна Европа без никакви услови. Граѓани на Северна Македонија, Русија, Белорусија и Украина отсега ќе можат да влезат во Црна Гора без да имаат негативен тест или доказ за вакцинација, а истото ќе важи и за земјите од регионот. Бидејќи епидемиолошката состојба се подобрува, црногорските здравствени власти ги олеснија ограничувачките мерки. Сепак, сè уште е задолжително да се носат заштитни маски на отворено и затворено, а има и полициски час од полноќ до 5 часот наутро, како и ограничување дека најмногу четири…
Водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, од седумнаесет гувернерки во светот издвои три, кои и покрај големите предизвици со коишто се соочуваат, успешно се справуваат со кризата при остварувањето на централнобанкарските цели и задачи – одржување на ценовната стабилност, стабилноста на курсот на домашната валута и финансиската стабилност. Меѓу трите издвоени жени-гувернери е гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, а покрај неа се и гувернерките на централните банки на Русија и Србија – Елвира Набиулина и Јоргованка Табаковиќ. Во анализата на „Централ бенкинг“ во однос на нашата земја е напоменато дека банките и покрај макроекономските и системски предизвици…
„Учениците имаат потреба од современи алатки. Дали ние треба да зборуваме за дигитализација кога целиот свет веќе ја користи неа“, вели министерката за образование, Мила Царовска, во врска со дигитализација во училиштата низ Македонија. Според неа, дигитализацијата на учебниците не е тренд, тоа е потреба и се случува во целиот регион. „Дали како држава покажавме дека само за еден месец успеавме да трансформираме наставата да се одвива дигитално. Не се знае со какви предизвици ќе се справуваме за три или пет години. Ако ги погледнете анкетите, ќе видите дека нашите деца и ученици не сакаат да одат на училиште и не…
Инертноста наша денес гласи вака: Толку е тешко да се бега – сè додека не заминеш. И тогаш тоа е најлесната проклета работа на светот . Но, ќе бегаме ли јас и Шаќир или ќе бдееме рециклирани (анти)митови?
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) стана првиот стратешки партнер на Amazon Web Services (AWS) за Северна Македонија. Преку новата соработка со глобалната водечка клауд (cloud) платформа, корисниците на ФИТР, особено стартапите во државата, ќе имаат низа придобивки, меѓу кои и кредити за користење на инфраструктурата на клауд платформата. -Партнерството со Amazon Web Services ќе им овозможи на македонските стартапи навистина полесен пристап до сервисите на платформата и можност да користат кредити во износ до 100.000 американски долари. Во наредниот период, заедно со тимот на AWS ќе организираме серија на инфо сесии преку кои на стартапџиите детално ќе им…
Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека земјава постепено го менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори, сонце, ветер и вода и ги најави компаниите кои ќе градат фотонапонски електрани во Осломеј. -Дадовме согласност за избор на најповолна понуда во постапката за воспоставување јавно-приватно партнерство за две фотонапонски електроцентрали, што ја спроведе АД ЕСМ. За најповолни се избрани понудите на компаниите „Фортим Енерџи Електрик“ од Турција и „Соларпро холдинг“ од Бугарија, кои на местото не некогашната термоелектрана Осломеј треба да изградат по една фотонапонска електроцентрала од 50 мегавати, напиша премиерот…
Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов доби „Златен твор“, награда што се доделува за најголем лузер на годината. Каракачанов ја доби оваа награда откога не успеа да го собере потребниот цензус од 4,1 отсто од гласовите на парламентарните избори во Бугарија.
Министерството за образование и наука денеска ќе организира обука наменета за обучувачите кои треба да ги подготват наставниците како да ги применуваат новите наставни програми за прво и четврто одделение, во кои од учебната 2021/2022 година треба да почне спроведувањето на новата Концепција за основно образование. На настанот ќе присуствува и ресорната министерка Мила Царовска. Наставните програми беа изработени од работни групи во кои, покрај советниците на Бирото за развој на образованието, учествуваа и универзитетски професори и практичари – наставници од основно образование избрани на јавен оглас. Изработени се врз основа на национални стандарди базирани на компетенции и се фокусираат…
Македонскиот ПЕН центар со длабоко жалење ја известува јавноста за заминувањето на Богомил Ѓузел, еден од најзначајните македонски и меѓународно ценети поети, луциден и виспрен ерудит, сeстрано љубопитен интелектуалец, есеист, прозен и драмски автор, антологичар и преведувач. Роден е на 19 јануари 1939 год, во Чачак, почина на 22 април 2021 год во Скопје. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје во 1963 год, а во меѓувреме извршувал повеќе значајни професионални задолженија, како: драматург во Драмскиот театар, библиограф во НУБ, програмски директор, а потем и директор на Струшките вечери на поезијата, член на Советот на СВП, секретар на македонскиот ПЕН центар,…
Во Германија од ноќеска, на полноќ, стапија на сила измените во Законот за заштита од инфекции, што на федералните власти им овозможуваат автоматско воведување на построги мерки во борбата против Ковид-19, вклучувајќи и забрана за движење меѓу 22 и 5 часот наутро, во градовите и општините со седумдневна инциденца повисоки од 100 новоинфицирани на 100.000 жители. Пред влегувањето во сила на измените на законот, германската Влада апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките, особено оние во врска со намалување на контактите, што вклучува и забрана за движење од 22 до 5 часот наутро. -Знам дека е тешко, дека тоа…
Австрија веднаш го прифати барањето на Европската комисија во февруари за координација при испорака на вакцини за Западен Балкан, бидејќи регионот е приоритет за австриската надворешна политика, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг. Станува збор за програмата на ЕУ за помош на соседните земји и Африка, со која Виена ќе координира за шесте земји од Западен Балкан, и од мај до август во регионов во неколку транши ќе испрати 651 000 дози на антиковид вакцината на Бионтек/Фајзер, од кои 119 000 за Северна Македонија. -За оваа цел пред неколку дена ги склучивме договорите со сите…