Author: Нова ТВ
На социјалните мрежи и на дел од порталите се појавија наводни резултати од гласањето на лицата во домашен карантин и самоизолација поради Ковид-19 што се спроведе на вчера (13 јули), како и од денешното гласање на болните, на изнемоштени лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старечките домови. Се работи за лажна вест. Согласно Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, гласањето на лицата во домашен карантин и самоизолација поради Ковид-19 се спроведува на ист начин како и гласањето на болните и немоќни лица. Тоа…
Од Министерство за здравство истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.259 тестирања со позитивни наоди кај 76 лица во Скопје, 13 во Тетово, 10 во Гостивар, седум во Струга, по шест во Куманово и во Штип, по три во Битола и во Кичево, по две во Дебар и во Свети Николе и по едно лице во Прилеп, во Охрид, во Кавадарци, во Гевгелија, во Македонски Брод, во Кратово и во Ресен
Извори од Министерството за внатрешни работи, за НоваТВ ја демантираат информацијата објавена во дел од интернет порталите дека на градоначалникот на Василево Марјан Јанев му е определен притвор. Според дезинформациите во некои медиуми, јавен обвинител веќе му одредил притвор на градоначалникот и по него веќе се трага.
Министерството за внатрешни работи ја демантираа информацијата објавена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните
Распишана е потерница за екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Ова го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес-конференција, откако полициски службеници во три наврати не успеале да го пронајдат на адресата што била наведена во решението за приведување. „Распишана е потерница по Владимир Панчевски, а се проверува и дали можеби ја напуштил државата. Трипати не беше пронајден на наведената адреса“, информира Чулев. За распишаната потерница е известен и СВР Велес кој треба да го известат и велешкиот Основен суд кој му одреди 30 дневен притвор на Панчевски за обезбедување на негово присуство на судењето за…
Раководството на партијата и сите со кои бил во контакт не смеат да одат на избирачките места и им следува задолжителна самоизолација и тестирање
Приказната за Анемари, мало еврејско девојче од Данска во времето на холокаустот, која е раскажана во романот „Изброј ги ѕвездите“ е вистинска, а воедно е само една трогателна сторија која за среќа завршува позитивно за разлика од онаа на 1.500.000 деца кои беа убиени во Втората светска војна. Ова го истакна Жаклина Мучева, раководител на Секторот за истражување, документирање и архивирање во Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, на вчерашното излагање на онлајн промоцијата на книгата чиј автор е Лоис Лаури. На промоцијата зборуваа Мучева, уредникот на „Изброј ги ѕвездите“ Бисера Бендевска, додека младата Мартина Атанасова прочита два извадока…
Американскиот државен секретар Мајк Помпео разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можноста за одржување состанок на лидерите на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, се вели во соопштение на Стејт департментот. Стејт департментот во документот наведува дека Помпео разговарал со шефот на руската дипломатија за можноста за одржување состанок по повод 75-годишнината на ОН, на кој би присуствувале Доналд Трамп и лидерите на Велика Британија, Кина, Франција и Русија. Во изјавата не се наведува каде и кога би можела да се одржи оваа средба. Помпео и Лавров разговарале и за Авганистан, после…
– Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став – пишува во соопштението од МИОА
Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули 2020 година, среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и истиот нема да се одработува
Општина Охрид минатата недела почна со уривање на бетонската база на советникот на ДУИ, Нефи Усеини, откако беше објавен аудио разговор на Јутјуб каде се слуша како Александар Николоски му вели на Миле Јанакиески „да не се чепкаат неговите згради во Далјан оти тоа било дел од договор за избори“
Научниот тим, со мерења трипати седмично ја следи концентрацијата на геномот на коронавирусот во отпадните води на влезот на Пречистителната станица за отпадни води во Солун