Author: Нова ТВ

Консултациите за формирање на владата на Србија започнаа денеска со состанок помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претставници на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“, предводени од Шаип Камбери. Во наредните денови, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија мандати на изборите – на СВМ, СПС, СПАС, Партијата за правда и помирување и СНС.

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на церемонијата на одбележување на 14 јули, Денот на Бастилја, што ќе се одржи во намален обем поради пандемијата на Ковид-19. Планирано е негово обраќање до нацијата во ретко телевизиско интервју, поради зголемената загриженост за појавата на втор бран на зараза во земјата. Француските власти за првпат од 1945 година ја откажаа воената парада, што секоја година традиционално се одржува на 14 јули на Елисејските полиња, во знак на сеќавање на падот на Бастилја што го означи почетокот на Француската револуција. Наместо тоа, околу 2.000 војници, што е пола од вообичаениот број,…

Read More

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира граѓаните на град Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата, односно да избегнуваат полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. -Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акции за исклучување на диви приклучоци, велат од јавното претпријатие. Оттаму појаснуваат дека дивите приклучоци се забранети со закон (Закон за водоснадбување, член 23) и  се утврдуваат од страна на овластен комунален…

Read More

Според студијата, за 56 проценти од вработените во Германија денес е можна привремена работа од дома, додека пред пандемијата, се користеше само половина од тој потенцијал. Покрај тоа, една анализа на огласени работни места и лица кои бараат работа на LinkedIn покажува дека бројот на прегледи на огласи за работа од дома се зголемил за повеќе од двапати

Read More

Во САД во последните 24 часа се пријавени нови 56.100 случаи на коронавирус. Со тоа вкупниот број на заразени се зголеми 3.361. 042 случаи, соопшти Унивезитетот Џон Хопкинс. Од Ковид-19 во САД во последното деноноќие умреле 377 лица, а вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 135.582, пренесе Си-Ен-Ен.

Read More

Еболата се шири во западниот дел на Демократска Република Конго со речиси 50 познати случаи низ целиот регион долж границата со Република Конго и Централноафриканската Република, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). -Во екот на пандемијата на коронавирусот важно е да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат, вели извршниот директор за операции на СЗО, Мајк Рајан. Откако властите на 1 јуни ја прогласија епидемијата досега се потврдени 48 случаи во провинцијата Екватор, уште три се суспектни, а вкупно се умрени 20 лица, изјави Рајан. -Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме големи причини за…

Read More

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска треба да гласаат 8.855 болни, немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Гласање ќе се спроведува и во 13. Казнено-поправни установи, а во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Гласање ќе има и во 17 старечки домови каде правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи, а правото на глас ќе може да го остварат и шест внатрешно раселени лица

Read More

Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде предадена донација во заштитна медицинска опрема од Кина. Пратката е со вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови. На примопредавањето на донацијата најавено е присуство на државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ и кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо.

Read More