Author: Нова ТВ
Владеачката СДСМ вчера јавно презентира договори за консултантски услуги при тендери на кланот Мицкоски од Машинскиот факултет за потребите на државната компанија ЕЛЕМ. Од таму обвинуваат дека непотизмот од машинскиот факултет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го применува и во самата партија со носителката во Изборната единица (ИЕ) 1, Гордана Силјановска. Главното прашање што од СДСМ го поставија вчера, а на кое не добиле одговор, го поставуваат и денеска – „зошто лидерот на опозицијата ја крие својата имотна состојба?“ за веднаш потоа да констатираат дека „одговорот е јасен, Мицкоски нешто крие“. „Тој е лично е косопственик на три мали хидроелектрани…
Во Албанија продолжува сериозната состојба со Ковид-19, откако и во последното деноноќие е регистрана висока двоцифрена бројка на новозаразени и четворица починати, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита
На само неколку дена пред изборите закажани за 15 јули, добро познатите руски пранкстери, Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Стојларов (Лексус), објавија телефонски разговор од ноември 2019 со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој во тој момент исто така беше и премиер, објави порталот „Фајтинг фејк“. Коментирајќи го настанот тогаш, советникот на премиерот, Марјан Забрчанец, изјави дека пресретнале хибриден напад врз премиерот, во кој бил злоупотребен идентитетот на Грета Тунберг. Телефонскиот разговор во кој се злоупоребени идентитетите на Грета и нејзиниот татко беше објавен дури пред неколку дена, на 8 јули, на јутјуб-каналот на пранкстерите. Следниот ден, на 9 јули, Заев изјави дека знаеле дека…
Српскиот министер за државна администрација и локална самоуправа Бранко Ружиќ потврди дека е позитивен на коронавирусот и оти е во самоизолација
На Јутјуб се појавија неколку снимки на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ердоган сака да покаже дека Турција е голема сила и оти не се плаши од никого. Мотиви се и национализмот и фундаменталниот исламизам“, вели теологот Константин Николакопулос за претворањето на Аја Софија во џамија
Во Мексико вкупно се заразени повеќе од 295.000 луѓе, а речиси 35.000 починале
Само со потврда на англиски јазик за негативен тест за Ковид-19, направен 72 часа пред патувањето, од среда до 29 јули ќе биде дозволен влез во Грција преку граничниот премин Промахонас (Кулата), согласно заедничката министерска одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест (PCR) во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен. Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме и број на пасош или лична карта.…
На кандидатските листи за пратеници, според статистички податоци на Државната Изборна Комисија (ДИК), има 903 мажи и 675 жени, а најголем дел од нив (795), по возраст, се меѓу 30 и 49 години
Сојузот на борците испрати писмо со поддршка за лидерот на СДСМ Зоран Заев и коалицијата „Можеме“. „Нивната борба за слобода е темелот на нашата борба за слобода. Голема чест ми е што зад исправните политики на СДСМ во изминатиот период застанува и Сојузот на Борци и граѓаните поддржувачи. Тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Борците ја обезбедија слободата и независноста, а денес обезбедуваат продолжување по патот на развојот, интеграцијата и напредокот“, напиша Заев на Фејсбук во знак на благодарност.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека државата е силна, институциите си ја вршат својата работа и оти насилството нема да победи. Во исто време, таа апелираше до граѓаните да не се собираат со цел да го зачуваат здравјето и да спречат уште поголеми бројки на заболени од коронавирусот, и истакна дека во моментов нема потешка борба освен со короната, а време за протести ќе има. Српската премиерка исто така изјави дека бројките што се однесува до пациентите, утрово се малку подобри во однос на вчерашниот ден, но дека е далеку од тоа да биде под контрола. Затоа, според…
Успеавме да оствариме вековни соништа на нашите претци. Имаме парче земја призната од целиот свет, исто како и јазикот и идентитетот. Триесет години ниту еден политичар немаше мудрост и храброст да донесе одлука, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на синоќешната трибина во Кавадарци. „Кога зборував на македонски јазик во Европскиот парламент и кога изустив дека ми е драго што можам да зборувам на нашиот македонски јазик, цел Парламент аплаудираше и потврди дека нашиот јазик постои. И сега, тие се патриоти, а ние не? – Оние кои го слават Тодор Александров, тие се патриоти? – Оние кои го негираат Блаже…