Author: Нова ТВ
Во престрелка на влезот од селото Табановце синоќа убиен е еден мигрант. Уште едно лице било повредено во пределот на градите, кое според неофицијалните информации, им подлегнало на повредите
Удар врз пороците- поскапуваат цигарите- од 4 до 10 денари ќе се зголемат цените на Родео, Бос, Вест, Класик, 57, Вардар и други, претежно цигари од домашни производители, кои се поевтини
Владата ќе му прости на ЈП Македонски шуми долг од најмалку 43 милиони евра со тоа што ќе го зголеми бројот на акциите во претпријатието што го поседува во целост
Од срцев удар почина Самет Лимани, еден од обвинетите во случајот Сопот, објавува Алсат М. Лимани беше во бегство, бидејќи никогаш не го прифати обвинението против него и неговите соселани
Малите жолти мињони од “Despicable me 2” ги рушат благајните, но она што Холивуд го потресува е игнорирањето на Дизниевиот вестерн филм “The Lone Ranger ” со Џони Деп
Шпанскиот премиер Маријано Рахој ги отфрли повиците да се повлече од функцијата поради финансискиот скандал, изјавувајќи дека нема да дозволи тоа прашање да ги попречи неговите реформски планови
Стотици поддржувачи на соборениот претседател на Египет Мохамед Морси се судрија со безбедносните сили во Каиро
Словенечкиот претседател Борут Пахор, денеска и утре е во прва официјална посета на земјава
Цената на пивото се зголеми за околу 10 денари. Така на пример во маркетите, досегашната цена на дел од пивата од 99 денари , сега е корегирана на 109 денари
Божин Павловски со отворено писмо до Груевски, МАНУ и ДПМ: Во знак на протест, излегувам од Академијата на науките по 25 години активно членување, и од Друштвото на писателите по рамно 50 години. Збогум, со здравје
Истражниот судија му определи куќен притвор од 30 дена на директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман кој се товари за злоупотреба на службената должност
Шефот на руската миграциска служба Владимир Волох појасни дека доколку 29 годишниот хакер одлучи да поднесе барање за азил, истото би се ревидирало во период од три до шест месеци