Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
За нас, особено важно е европската перспектива на земјите од Западен Балкан да остане на маса во Европската унија, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Тој објасни дека, доколку денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ беше со физичко присуство, а не преку видеоконференција, било планирано да се одржи работен појадок во организација на Грција, со учество на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Албанија, а потоа да следи и стратешки разговор на ниво на ЕУ за Западен Балкан, нешто што…
Костадиновска Стојчевска тврди дека не сторила кривично дело, Битиќи со поддршка: „И јас сум Бисера“
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека не неправила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради КОВИД-19. Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи. Пристигнала, повтори, со приватно амбулантно возило кое сама го платила, а заедно со колегата пратеник кој исто така дојде во скафандер, се движеле низ посебни ходници и воопшто не влегле во собрабиската сала, туку гласале од посебни кабини. Пратеничката најави дека ќе одговори на секоја кривична пријава, и од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, но и дека ќе поднесе кривични пријави во однос на нивното работење. Ќе им ги испрати, дополни, и сите скринови од лажните профили од…
Независната угостителска комора (НУК) целосно стои зад барањата и забелешките на угостителите и туристичките субјекти, но останува резервирана околу простестите, со забелешка дека во услови на пандемија не се најсоодветен начин за изразување незадоволство. Тоа е епилогот од денешната средба во Охрид на претставниците на НУК, предводена од претсеадалот Здравко Јосифоски, со претставнците на здружението на угостителите „Охридски еснаф“ и претседатели на повеќе здруженија на угостители од земјата, во врска со нивните барања и протестот на угостителите и туристичките работници најавен за утре во Скопје. Покрај утрешниот протестен собир што беше главна точка на дискусија, на средбата беа разгледувани и…
Откако неодамна во јавноста, група граѓани, жители на Градски Ѕид, најавија тужба пред судот во Стразбур за најавената градба на комплексот спроти Холидеј Ин, НОВА се обрати до адвокат д-р Костадин Богданов кој работи во граѓанско-правна област, а веќе 10 години е именуван Владин застапник пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тој појасни дека не е можно поднесување на таква тужба директно во Стразбур, ако претходно не се завршени правните постапки во земјата. Богданов, кој за најавената тужба се информирал преку медиумите, вели дека со оглед на тоа дека е дојдено до фаза на плаќање на комуналии за…
Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата, да се усвои одлука со која постојните мерки кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник). Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица и тоа конкретно за: во периодот од…
Сојузот на синдикати на Македонија ќе ја следи исплатата на финансиската поддршка за плати за февруари и март со цел навремено да се спречи секаков обид за злоупотреба на средствата од страна на работодавачите. – Ги потсетуваме работодавачите дека средствата треба да легнат на сметките на работниците за двата месеци наеднаш, а срамно ќе биде доколку некој работодавач и покрај сите санкции повторно ги злоупотреби овие наменски средства, велат од Синдикатот. Апелираат до работниците, доколку не ги добијат платите за февруари и март, веднаш да се обратат до ССМ за да може навремено да се реагира. Финансиската поддршка за исплата на…
Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер, им определи мерки на претпазливост. Од судот информираат дека денеска двете лица биле повикани пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, да се прoизнесат во однос на предлогот. – По нивно сослушување како и ценење на предлогот, судијата на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените им определи мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т. 1, 2, 3 и 7 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за…
Албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата во земјата донесе одлука наредните две недели да се воведува задолжителен карантин и за лицата кои ќе допатуваат од Северна Македонија. -Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи. Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка…
– Тенденцијата на опозицијата да прикаже дека тоа што се случува во Собрание е поради мојот инает, не е точна. Јас не се водам од инаетот, туку од процедурите и Деловникот. Каков инает, кога само за три закони се поднесени илјадници амандмани, а Комисијата за финансирање и буџет не закажа седница два месеци. Одлуката да бидат присутни пратениците заболени со коронавирус беше во консултации со сите инстиутции, се со цел да обезбедам функционално Собрание. Заболените пратеници немаа контакт со никого. Ако опозицијата поставува услови јас немам друго решение освен да го спроведам протоколот, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според…
Работодавачите и самостојните вршители на дејност барањата за поддршка за плата од петтиот пакет мерки ќе може да ги поднесуваат до Управата за јавни приходи откако законите и подзаконските акти ќе бидат објавени и ќе влезат во сила, а крајниот рок е 30 април. Законските решенија, кои беа подолого време заглавени во Собранието, пратениците ги изгласа на седница во неделата, а се однесува за исплата на плати за месеците февуари и март 2021 година. Со оваа мерка се очекува да бидат опфатени 60 илајди работни места. Според законското решение месечната поддршка за самостојните вршители на дејност е 17.410 денари. Средствата…
Вкупниот број на вработени во јавниот сектор во 2020 та изнесувал 131.183 лица. Од нив 19.594 се вработени во безбедносните структури , во Армијата, Полицијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и во Финансиската полиција. Ова го покажуваат најновите резултати на анализата на Порталб.мк… Податоците се базираат врз Извештајот на Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020, и според нив се бележи намалување на бројот на буџетари-административци. Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, а најмалку вработени има Министерството за локална…
По секој предмет повеќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, а дигитализацијата ќе обезбеди лесна достапност на материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини, соопшти Министерството за образование и наука во врска со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој, како што наведува, е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои ја надминале класичната употреба на учебниците. Можноста за користење повеќе од еден учебник по секој предмет, според МОН, ќе ги насочи учениците кон…