Author: Sashko

Посетата на канцеларот Шолц на Скопје на 11 јуни е неслучајна, очигледен е силниот дипломатски напор за отпочнување на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ), но мислам дека ние не даваме дополнителна сила на бугарскиот премиер Кирил Петков и владата во Софија, смета поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат М. Надежта за напредок во овој месец е пожива во Софија, отколку овде. Ние како да тргнавме од изјавата на министерот Бујар Османи дека ја шутнавме топката на бугарска страна и дека тие треба да реагираат, но мислам дека…

Read More

Еколошка активистка го прекина вториот полуфинален меч во машка конкуренција на Ролан Гарос меѓу Хрватот Марин Чилиќ и Норвежанецот Каспер Руд. Жена од трибините влезе на теренот за време на третиот сет и се врза за столбот за кој е прикачена мрежата. Таа носеше маичка со натпис „Нѝ останаа уште 1.028 дена“, порака на еколошките движења кои предупредуваат на глобалното затоплување. Ben maçı kapadım protestolar filan olmuş.. Bir turnuva daha neler görsündü gerçekten. #RolandGarros pic.twitter.com/CgoYSf7Jer — Asli Tosya (@Tosyaaa) June 3, 2022 Набрзо откако се врза за мрежата, реагираше обезбедувањето, а Чилиќ и Руд беа повлечени од теренот поради нивната…

Read More

Словачка ќе продолжи да добива руска нафта додека не најде соодветна алтернатива, изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачкото Министерство за економија соопшти дека земјата ќе биде најтешко погодена од санкциите на Европската унија за руската нафта и оти очекува солидарноста на Брисел да го ублажи влијанието на ембаргото за нафта.

Read More

Најголемата европска нуклеарна централа, која е лоцирана во окупираниот југоисточен украински регион Запорожје, се соочува со критичен недостиг на резервни делови, соопшти воената разузнавачка агенција на Украина. Разузнавачи од Министерството за одбрана велат дека во фабриката се развила критична ситуација во смисла на обезбедување стабилна и безбедна работа. Резервни делови и потрошен материјал речиси и да нема. Нуклеарката во Запорожје ја окупираа руските војници, веднаш откако Русија ја почна инвазијата, но централата сè уште ја водат украински техничари. Со институцијата управува персонал со неделни ротации чии лични работи и телефони се одземени.

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговиот руски колега Владимир Путин направил историска грешка со инвазијата врз Украина. „Мислам, и му кажав, дека направи историска грешка за својот народ, за себе и за историјата“, рече Макрон во интервју за француските медиуми. „Мислам дека се изолираше. Да се изолираш е една работа, но да бидеш во состојба да излезеш од тоа е тежок пат“, додаде Макрон. Францускиот претседател повтори дека Русија не треба да се понижува, а исто така рече дека не исклучува посета на Киев.

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин даде мега интервју за државната телевизија „Русија 1“ во кое даде проценка на ситуацијата во енергетскиот сектор и говореше за причините на глобалната прехранбена криза. Критики кон САД Путин рече дека „по почетокот на специјалната операција во Украина, САД и Европа почнале да влечат потези со кои ја влошија ситуацијата во секторите храна и производство на ѓубрива“. „Во истите тие Соединети Американски Држави, финансиските и индустриски власти не најдоа ништо подобро од следење на патот на вбризгување на големи количини на пари за поддршка на населението и за поддршка на поедини компании во секторот индустрија“, рече…

Read More

Австрија проследила таканаречен „нон пејпер“ кон крајот на мај до земјите членки на Европската Унија (ЕУ), во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“. Како што јави Радио Слободна Европа, во него се наведува дека Австрија смета оти кризата што настана поради руската инвазија врз Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ, па и во неа. „Мораме да размислуваме преку веќе постојните инструменти за проширување и…

Read More

Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени во денешното украинско гранатирање во близина на Северодоњецк на североистокот на земјата, потврди извор од британската новинска агенција за агенцијата ТАСС. Изворот на „Ројтерс“ рече дека украинската војска гранатирала пат и оти притоа бил погоден автомобилот во кој се наоѓале новинари.

Read More

Украинската полиција примила околу 50 тужби и отвори 16 кривични истраги за наводи за сексуално насилство од руски војници врз цивили, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи на Украина, Катерина Павличенко. Украина, нејзините меѓународни сојузници и Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации истражуваат потенцијални воени злосторства, вклучително и сексуално насилство во Украина откако Русија го почна нападот врз земјата во февруари. Москва негира дека извршила воени злосторства и негира дека нејзини цели биле цивили.

Read More

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осуди заканата кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Маја Јовановска од раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Маврово-Ростуша, Садредин Елезоски. Како што информира ЗНМ, Елезоски упатил погрдни зборови кон Јовановска, заканувајќи ѝ се со зборовите „ќе видиш ти што ќе ти се случи ако дојдеш тука“. „Екипа на ИРЛ вчера беше во Маврово на средба со неколку вработени лица во општината Маврово и ЈП „Национален Парк Маврово“. Единствено раководителот на Одделението за урбанизам во општината, Садредин Елезоски, одбил да се сретне со новинарите, иако, според информациите на Јовановска, повеќе пати бил…

Read More

Рафаел Надал по 14-ти пат во кариерата ќе игра во финале на Ролан Гарос, откако Александар Зверев беше принуден да се предаде поради повреда. Германскиот тенисер се повреди при лизгање по еден удар, падна на земја и повеќе не можеше да стане и продолжи. Надал веднаш сфати дека станува збор за сериозна повреда, па ја мина мрежата и му пријде на Германецот додека лежеше во видливи болки на теренот. Набрзо на теренот влезе медицинска екипа со инвалидска количка и го одвезе Зверев во соблекувалната. Во нивна придружба замина и Надал. По некое време, двајцата се вратија на терен – Зверев…

Read More

Војната во Украина разгорува тродимензионалната глобална криза за храна, енергија и финансии, што најмногу ги погодува најранливите луѓе, земји и економии, напиша денеска на Твитер генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш. „Колку побрзо заврши оваа војна, толку подобро за Украина, за Русија и за светот“, нагласи тој.

Read More