Author: Sashko

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и на Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле. Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион. „Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции. Тоа не може, а да не нè…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци, без да прецизира дали жртвите се воени или цивилни. Најжестоки борби овие денови се водат околу градовите Северодонецк и Лисичанска во Луганск, еден од двата региона што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата, која Русите се обидуваат да ја освојат. Сергеј Гајдаи, гувернерот на Луганск, во телевизиско интервју изјави дека Русија користи „тактика на изгорена земја“ и дека Северодонецк е нападнат „од четири различни правци“. Но, тој тврди дека руските сили не успеале да влезат во градот. Дописничката…

Read More

Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ поради изминат рок, јави дописничката на МИА од Брисел. На пола милион дози им изминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800.000 дози на „Модерна“ и 90.000 на „Фајзер“ ќе се најдат во медицинскиот отпад. Ова е првпат Белгија да мора да се ослободи од вакцини против ковид-19 со поминат рок, тврдат властите. Пред неколку дена, вакцини со изминат рок беа испратени во Украина. Вкупно 1,3 милиони дози на вакцини ќе бидат фрлени, затоа што не биле аплицирани,…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на посетата на Рим и Ватикан, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, ќе има тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск. На аудиенцијата кај папата Франциск, заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како и членовите на делегацијата министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Во делегацијата се и Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на премиерот,…

Read More

Во посета на Македонската Православна Црква (МПЦ) – Охридска Архиепископија денеска и утре ќе престојува делегација на Српската Православна Црква (СПЦ), предводена од неговата светост, српскиот Патријарх г. г. Порфириј. „Утре, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, неговата светост српскиот патријарх г. г. Порфириј и неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински цркви, ќе служат Божествена литургија“, најави МПЦ-ОА, упатувајќи покана до верниците да земат молитвено учество. На заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во…

Read More

Четири лица загинаа, а 900.000 останаа без електрична енергија во провинциите Онтарио и Квебек во силните бури кои ја погодија источна Канада. „Полицијата во Онтарио, преку Твитер, соопшти дека тројца загинале, а повеќе лица се повредени во летна бура. Четврто лице, жена на 50-годишна возраст, се удавила, кога нејзиниот чамец се преврте под удар на бура во реката што ја дели Отава од предградијата на Гатино“, објави Радио Канада извештај од локалната полиција. Покрај тоа, речиси 900.000 домаќинства во источна Канада сè уште беа без електрична енергија во саботата навечер по локално време, од кои околу 340.000 во Онтарио и…

Read More

Фудбалерите на Манчестер сити ја одбранија титулата во англиската Премерлига, нивна четврта во последните пет сезони, по триумфот во последното коло над Астон Вила со 3:2. Гостите од Бирмингам, изненадувачки, имаа водство со 2:0, но „граѓаните“ за само пет минути направија целосен пресврт и за еуфорично славје на крајот на „Етихад“. Двоен стрелец за тимот на Пеп Гвардиола беше Илкај Гундоган во 76-та и 81-та минута, меѓу неговите две реализации во листата на стрелци се впиша и Родри во 78-та минута. Ливерпул попладнево оствари пирова победа над Вулверхемптон со 3:1, што, сепак, беше недоволна за „црвените“ за освојување на тронот,…

Read More

Рускиот нафтен гигант „Гаспром“ денеска најави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку Украина, преку граничниот премин Суџа. Преку таа влезна точка, во Украина денеска ќе минат 44,7 милиони кубни метри, што е мало намалување во однос на вчера, кога изнесуваше 45,9. „Гаспром“ додаде дека Киев го одбил нивното барање за пренос на гас преку главната станица Сохрановка.

Read More

Претседателот на Народното собрание на Бугарија, Никола Минчев, во интервју за БНР, изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Софија. Според Минчев, категорично ќе нема едногласно кревање на ветото за Северна Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели. „Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема“, рече тој. Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи во Формула 1 трката за Големата на награда на Шпанија што попладнево се возеше на патеката Каталуња. За актуелниот Ф1 шампион ова е трет триумф во низа, вкупно 24 во кариерата. На второто место заврши неговиот клупски колега Серхио Перез, а на победничкиот подиум се искачи и пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел. Карлос Сајнц од Ферари мина низ целта како четврти во поредокот, пред седумкратниот шампион, Луис Хамилтон и Валтери Ботас од тимот на Алфа Ромео. Бодови во Шпанија осовија и Естебан Окон, Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Јуки Цунода. Ферстапен го презеде…

Read More

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на отворање на седницата на собранието на Светската здравствена организација (СЗО), рече дека со „голема тага и неверување“ ги гледа нападите врз болниците и здравствените установи во Украина, но дека ова не е единствената криза што заслужува светско внимание. Војната во Украина, поврзаните глобални закани и бескрајната пандемија на ковид-19 се темите на состанокот на 194 земји-членки на СЗО во Женева во обид да се изгради поефикасен и правичен систем на здравствена заштита. „Здравје за мир, мир за здравје“, е мотото на 75-та сесија на Светското здравствено собрание (WHA), што се одржува во екот на војната…

Read More

Ќе бидат потребни „најверојатно 15 или 20 години“ за Украина да се приклучи на Европската Унија (ЕУ), изјави денеска францускиот министер за европски прашања, Клемент Бон, препорачувајќи Киев, во меѓувреме ,да се приклучи на европската политичка заедница, како што предложи претседателот Емануел Макрон. „Човек треба да биде искрен. Ако кажеме дека Украина ќе влезе во ЕУ за 6 месеци, година или две, се лажеме. Тоа не е точно. Поверојатно е за 15 или 20 години, а тоа е многу долг период“, изјави Бон за Радио Ј, пренесува Хина. Тој нагласи оти „не сака да им се продаваат илузии и лаги…

Read More