Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека земјата од утре нема да увезува струја, гас и нафта од Русија. „Министерот за енергетика Даиниус Кравис изјави дека ова е важна пресвртница, не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со Украина“, пренесува литванскиот портал „Делфи“. „Не можеме да дозволиме нашите пари да ја финансираат руската воена машинерија“, рече Кревис. Потребите за гас на Литванија се задоволуваат од терминалот за ЛНГ во Клајпеда, каде гасот доаѓа од САД, а кога станува збор за електрична енергија, Литванија ќе се потпира на производството и увозот од земјите на…
„Катар има централна улога во нашата стратегија“, нагласи германскиот канцелар, Олаф Шолц на вчерашната прес-конференција со неговиот висок гостин од арапската земја. Шолц со тоа мислеше на намерата на Германија да изгради повеќе терминали за достава на течен гас и на тој начин, за некоја година, да се ослободи од потребата да го увезува енергенсот од Русија, пишува „Дојче веле“. Улогата на спасител на Германија му се допадна на шеикот Тамим бин Хамаб бин Калифа ал Тани, човекот кој е официјален емир на Катар. Голема е листата со критики на негова сметка – од шурување со Муслиманското братство до газењето…
Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија на Украина која ја наруши набавката од главната „житница на Европа“. Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“. „Официјалните проценки наведуваат дека светските залихи на пченица се паднати на 33 отсто од годишната потрошувачка, но сега можеби се паднати и на 20 отсто, според податоците на компанијата „Гро Интелиџенс“ која се занимава со анализа на земјотелските податоци“, пишува „Телеграф“. Русија и Украина сочинуваат…
Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ утворо избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита била примена во 4:55 часот. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески изјави дека пожарот за кратко време бил ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката. Нема повредени, но причинета е материјална штета. Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински простор во кој била складарна пластика за натамошна рециклажа. „Карактеристично е што во кругот…
Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров и олигархот Михаил Ходорковски, опозиционери во егзил и критичари на рускиот претседател Владимир Путин, денеска се додадени на списокот на „странски агенти“ во Русија, соопшти руското Министерство за правда. Терминот „странски агент“, што во превод значи „непријател на народот“ од советската ера, нашироко се користи во Русија против опозиционерите, новинарите и активистите за човекови права обвинети дека спроведуваат политички активности финансирани во странство. Со назначувањето странски агент, едно лице или ентитет подлежи на голем број ограничувања и процедури под закана од строги казни. Меѓу другото, тие треба да го наведат статусот на сите…
Војната во Украина може да заврши само со дипломатски средства, изјави денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски во интервју за украинската телевизија. „Крајот на конфликтот ќе биде со дипломатски средства“, рече тој во интервјуто. Како што наведе, војната ќе биде „крвава, но дефинитивно ќе заврши со дипломатија“. „Има работи што ќе можеме да ги постигнеме само на преговарачка маса. Сакаме сè да биде како што беше досега, што Русија не го сака, рече Зеленски, без да даде други детали за кажаното.
Спортските терени наменети за потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР, комплетно се реконструирани. Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион како и спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица. Донацијата е од страна на ФФМ, информираат од Министерството. „Ова раководството на МВР продолжува со зацртаните плански активности во насока на континуирано и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на условите за работа на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а со цел реализација на…
Жена во топлес истрча на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан со порака испишана на телото во знак на протест против силувањата за која се обвинуваат руските војници за време на инвазијата во Украина, пренесува „Би-Би-Си“. Демонстрантката на црвениот тепих ја тргна облеката од себе и истакна порака „Престанете да нè силувате“, испишана на телото, во рамки на боите на украинското знаме. Нејзината половина беше намачкана со црвена боја, симболизирајќи крв. Украинските власти истражуваат случаи на силувања од руски војници во поедини делови на земјата.
Молдавија треба да биде „опремена по стандардите на НАТО“ за да може да ѝ се помогне да се заштити од руската закана, изјави британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас. Трас изјави дека се водат разговори со сојузниците како да им се помогне на помалите нации да се одбранат, пренесува „Би-Би-Си“. Таа кажа оти е јасно дека, и покрај ограничениот успех во Украина, претседателот Владимир Путин сè уште има „амбиции да создаде голема Русија“. Молдавија, некогашна советска република, се наоѓа на југозападната граница на Украина, не се граничи со Русија, но е блиску до некои региони кои во моментов се…
Претставниците на САД, на Канада, на Нов Зеланд, на Јапонија и на Австралија го напуштија денешниот состанок на министрите за трговија на земјите од азиско-пацифичкиот регион во Бангкок, протестирајќи против руската инвазија на Украина, потврдија официјални лица. Британските медиуми пренесуваат дека претставниците на Канада, на Нов Зеланд, на Јапонија и на Австралија им се придружија на Американците и го напуштија состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), повикувајќи се на двајца тајландски претставници и двајца дипломати. Заминувањето од салата на претставниците на петте земји се случи за време на говорот на рускиот министер за економски развој, Максим Решетников, на самиот почеток…
Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста, 16 години по напуштање на државната заедница со Србија. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по повод празникот изјави дека земјата денеска стои цврсто на европскиот пат и почитувана членка е на НАТО. Во честитката, Ѓукановиќ додаде сè повеќе граѓани во Црна Гора ја гледаат важноста од победата на референдумот во 2006 година. „Развојот на ситуацијата во Црна Гора, како и регионалниот и меѓународниот контекст, потврдуваат колку визионерска била одлуката за обнова на државата. И колку е важно, особено во вакви турбулентни времиња, да го имаме кормилото на управувањето со државата во наши раце“,…
Во манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка викендов ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите. На предлог на Кумановско-осоговската митрополија, светителот ќе биде канонизиран како Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител. Активностите почнуваат вечер во 18 часот со воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски. Утре во 7:30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 9 часот света божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Канонизацијата во организација на Кумановско-осоговската епархија ќе се изврши во присуство на архиереите…