Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш погрешно ја нарече инвазијата на Ирак како „бруталан и неоправдана“, а потоа се поправи велејќи дека мислел на руската инвазија на Украина. „Буш го направи гафот за време на говор во Далас во кој го критикуваше рускиот политички систем“, јавува „Ројтерс“. „Резултат на таквиот систем во Русија е непостоење на контрола и рамнотежа што му овозможи на еден човек да почне потполно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш од говорницата, а потоа, одмавнувајќи со главата, се корегира „Сакам да кажам, на Украина“. George W. Bush: “The decision of one man to launch a…
Професорот Љубомир Фрчкоски, во улога на амбасадор и постојан претставник на Македонија во Обединетите Нации (ОН), ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На средбата, Фрчкоски го информирал Гутереш за стратешките приоритети во надворешната политика на Македонија и моментната состојба околу интегративниот процес на земјата во Европската Унија (ЕУ), особено по потпишување на Договорот од Преспа. Гутереш, пак, оддаде признание за подготвеноста и покажаната политичка волја на македонската влада за решавање на најкомплицираните и најсензитивни билатерални проблеми низ дијалог и компромис, а во интерес на своите национални приоритети, за што посебно го нагласил Договорот од Преспа.…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ќе продолжи да чекори по патот кон автокефалност, најави архиепископот г.г. Стефан по денешната заедничка литургија за помирување со Српската православна црква (СПЦ) во храмот „Свети Сава“ во Белград. Тој најави дека на почетокот на јуни ќе одржи заедничка литургија и со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на цариградската патријаршија во Истанбул. Дотогаш, г.г. Стефан истакна дека од Синодот на СПЦ ќе очекува одлука по барањето на МПЦ-ОА за автокефалност што потоа ќе треба да се проследи и до Вселенската патријаршија. Македонската и Српската црква, со денешната заедничка литургија во Белград, повторно се…
Авганистанските медиуми денеска објавија дека талибанците издале наредба за новинарките да се појавуваат на телевизија со покриени лица. Талибанците наведоа дека новата наредба е конечна и „не е за дискусија“. На социјалните мрежи се појавија фотографии од водителки со покриени лица. Еден авганистански телевизиски продуцент изјави дека според новата наредба, лицата на водителките мора да бидат покриени „за да им се гледаат само очите“. Талибанците сè уште не издале јавно соопштение за наредбата, што уследи набрзо откако беше воведено правилото дека жените мора да го покриваат лицето на јавно место.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша нов Указ со кој се продолжува вонредната состојба во земјата и мобилизацијата за 90 дена, а одлуката ќе стапи на сила од 25 мај, јави „Би-Би-Си“. Документот е испратен до украинскиот Парламент и мора да биде одобрен со просто мнозинство на пратениците. Вонредна состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на денот кога Русија изврши инвазија врз земјата. Првичниот рок од 30 дена досега е двапати продолжуван. Првиот Указ на украинскиот претседател за мобилизација беше донесен на 90 дена и се однесуваше на сите региони во земјата. Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, минатата…
Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска предложи да се осигураат уште девет милијарди евра кредит за Украина до крајот на оваа година. „Ќе продолжиме да бидеме со нив за време на војната, но и кога ќе ја обновуваат земјата“, рече Фон дер Лајен во говорот во Брисел. Од почетокот на руската инвазија, Европската Унија даде 4,1 милијарди евра за поддршка на економијата и општеството во земјата, како и за давање на хуманитарна помош, наведуваат од ЕК.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата на криминалистичката полиција, во соработка со Обвинителството за организиран криминал и Вишото јавно Обвинителство и Посебното Обвинителство за борба против високотехнолошки криминал идентификуваа вкупно 19 мејл адреси од кои 18 преку сервисот на Gmail и една на сервисот ProtonMail од кои пристигнувале заканувачки пораки за поставени бомби на различни локации низ земјата. „Утврдено е дека осум такви закани стигнале од Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и од Нигерија и по една од Украина, од Словенија и од Русија“, соопшти вечерва српското МВР. Припадниците на српската полиција идентификувале и…
Турската блокада за членство на Шведска и на Финска во НАТО нема никаква врска со Русија, објави агенцијата „Блумберг“, пренесува „Раша тудеј“. Тројца високи турски службеници потврдиле за „Блумбербг“ дека земјата има листа со барања за НАТО кои доколку бидат исполнети, за возврат ќе ги „пушти“ двете скандинавски земји во Алијансата. Листата, како што наведува „Блумберг“, почнува со барањето за укинување на санкциите што ѝ беа воведени на Турција за купувањето на рускиот ракетен систем С-400, а патем бара и повторно вклучување во напредниот Ф-35 систем за набавка на авиони. Финска и Шведска денеска и официјално ги предадоа апликациите за…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ја прифати поканата на Српската православна црква (СПЦ) за одржување на литургија на помирување утре во храмот „Свети Сава“ во Белград. „Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави денеска портпаролчот на МПЦ, владиката Тимотеј. Литургијата ќе почне утре во девет часот, а српскиот патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем…
Елисејската палата објави кратко соопштение во кое се вели дека претседателот Емануел Макрон попладнево последователно разговарал со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА. „Целта на разговорите била да се поттикнат двете земји да продолжат со дијалогот за изнаоѓање на решение за спорот меѓу нив, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија“, се нагласува во соопштението. „Претседателот на Француската републиката потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент“, се додава во краткото…
Речиси 1.000 украински војници кои ја бранеа челичарницата Азовстал во Мариупол се предадоа на руските сили, иако некои украински официјални лица тврдат дека во комплексот се останати уште 1.000 борци. Најголем дел од лицата кои го положија оружјето се наоѓаат во областа Доњецк која е под контрола на сепаратистите, а властите во Киев се надеваат дека успешно ќе спроведат размена на затвореници. Денис Пушилин, лидер на самопрогласената Доњецка народна република (ДНР), истакна дека за судбината на украинските борци од Азовстал ќе одлучува судот. Нивниот статус е нејасен, бидејќи во руската Дума има барања за третман на баталјонот Азов како терористичка…
Европската Комисија (ЕК) денеска за првпат се изјасни за временски рок за одржувањето на првата меѓувладина конференција со С. Македонија и Албанија за време на презентацијата на извештајот на европратеникот Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел. Во име на ЕК се огласи еврокомесарот Дидие Рејндерс, кој го заменуваше Оливер Вархеји попладнево во Европскиот Парламент. По воведот на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук на неговата резолуција за земјата, тој повика преговорите со С. Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство на 30 јуни. „Земјите членки на ЕУ донесоа одлука во март 2020 година…