Author: Sashko

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од ИВЗ и нејзините верници. Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква (МПЦ) за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата. „Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од ИВЗ, а тоа ќе се сподели преку џамиите до сите верници, било тоа да се Албанци, Турци… Тоа е многу важно заради тоа…

Read More

Пожарот што денеска избувна кај Стара рампа, спроти Тутунски комбинат, е локализиран и според привичните информации нема повредени. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески рече дека е спречено ширење на пожарот. „Затекнавме пожар во разгорена фаза. Интервениравме брзо, направивме секторирање на објектот и спречивме ширење на пожарот кон соседниот објект. Останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно. Во интервенцијата учествуваа шест противпожарни возила и 20 пожарникари“, изјави Томески. Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според Томески, нема повредени лица во пожарот. „Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор…

Read More

Дизелот од полноќ поевтинува за три денари, а цената на бензините останува иста. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 92 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена 84,50 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денари и ќе се продава по 89 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот за 1,082 денари и килограм ќе чини…

Read More

Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните три дена (од 16 до 18 септември) се направени 1.216 тестови од кои 173 биле позитивни на ковид-19, оздравеле 186 лица и пријавени се три смртни случаи. Нови случаи се регистрирани во Скопје – 123, во Битола – 16, во Кавадарци – седум, во Прилеп – шест, во Велес – четири, во Куманово, во Охрид и во Штип – по три, во Струмица, во Ресен и во Кратово – по два и во Тетово и во Радовиш – по еден. Од вкупниот број на…

Read More

Норвешка, заедно со други донатори, е подготвена да инвестира 6,8 милиони евра за што побрзо, посоодветно и поцелосно искористување на информатичката технологија, беше истакнато на денешната средба на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија со членовите на норвешкиот Судски совет. Како што информираат од прес-службата на Судски совет, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска оствари работна средба со директорот на Судскиот совет на Норвешка, Свен Мариус Урке на која двете страни се согласиле дека изборот на судии, нивното оценување и унапредување, кои се во надлежност на Судскиот совет, ќе бидат поцелосни и поквалитетни доколку се дигитализира целиот судски…

Read More

Ризикот од рецесија во еврозоната достигна највисоко ниво од јули во 2020 година, затоа што расте и загриженоста дека зимската енергетска криза ќе предизвика пад на економските активности. Економистите кои ги анкетираше „Блумберг“, сега проценуваат дека веројатноста за контракција во два последователни квартала е 80 отсто во наредните 12 месеци, во однос на 60 проценти во претходното истражување. Најголемата економија во блокот и онаа меѓу најизложените од намалувањето на испораките на гас, германската, веројатно ќе падне уште во овој квартал. Домаќинствата и компаниите во Европа се подготвуваат за можноста на рационализација на енергијата откако Русија ги исклучи испораките гас и…

Read More

Катастрофалните исходи од климатските промени, како што е изумирање на човештвото, не се сфаќаат доволно сериозно меѓу научниците, покажа новата студија. Нејзините автори велат дека последиците од поекстремното затоплување, кои сè уште се во игра доколку ништо не се преземе, се „опасно недоволно истражени“. Тврдат дека светот мора да почне да се подготвува за можноста што тие ја нарекуваат „климатски суден ден“ и од научниците од Обединетите нации бараат да го истражат ризикот од катастрофални промени. Според оваа нова анализа, најблиските обиди за директно да се разбере или позанимава со тоа како климатските промени би можеле да доведат до глобална…

Read More

Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот, изјави претседателот на САД, Џо Бајден. Во интервју за „Си-Би-Ес“, на прашањето „дали Американците би го бранеле Тајван во случај на кинеска инвазија“, тој одговори со „да, доколку би дошло до напад без преседан“. Бајден нагласи и дека „не го охрабрува“ островот да прогласи формална независност. „Тоа е нивна одлука“, додаде американскиот претседател. Како што пишуваат некои медиуми, Бајден ја даде изјавата во време кога има значително приближување на САД и Тајван. Но, и во период кога односите меѓу Пекинг и Вашингтон се на најниско ниво во изминатите неколку…

Read More

Истокот не е страната која може да ни обезбеди реформи, слободи, права, европски фондови и просперитет, истакнува вицепремиерот Маричиќ во интервју за Локално, во однос на тоа дали земјава може да се „сврти кон Истокот“ и на трошењето на финансиски средства од Русија за влијание на македонската политика, за што обвини министерот за надворешни работи Османи. Маричиќ истакнува дека ние од секогаш сме биле поддржани од Западот и дека нашата земја е демократска и европска не затоа што оваа Влада така одлучила туку затоа што од памтивек сме биле на таа страна географски, политички, вредносно и геостратешки. „Северна Македонија е демократска и…

Read More

Од ЕСМ соопштија дека денеска започна ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола и во наредните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона. „Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период. Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денеска во погон е ставен…

Read More

Околу 2.000 гости, неколку стотици претседатели, меѓу кои и шефот на македонската држава, Стево Пендаровски, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора што ќе се одржи во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор во Вестминстерската опатија. Меѓу гостите ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден. Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во…

Read More