Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Последниот Евробарометар открива дека 51 отсто од граѓаните на ЕУ сметаат дека економската состојба во ЕУ е лоша, a лоша перцепција имаат и за националната економија, јави дописничката на МИА од Брисел. Евробарометарот го мери јавното мислење на граѓаните во ЕУ. Позитивната перцепција за европската економија е намалена за пет процентни поени од почетокот на оваа година, и сега повеќе од половина, 51 отсто, сметаат дека ситуација е лоша на ниво на ЕУ како и на национално ниво. Перцепцијата за националната економија е позитивна само кај 34 отсто граѓани во ЕУ. Мнозинството граѓани, 53 отсто, очекуваат дополнително да се влоши…
На референдумот од опозицијата ќе добиеме прашање со кое во суштина македонските граѓани ќе ги прашуваат дали сакаат да престанеме да одиме кон ЕУ, рече денеска претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Советот за безбедност. Пендаровски, во одговор на новинарско прашање „дали можно ако се даде поддршка за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ да се добие компензација за уставните измени“, рече дека „освен што такво нешто е крајно неморално и никој нормален тоа не го размислува да го направи, исто така едното го исклучува другото“. Според Пендаровски, прашањето на опозицијата за референдумот е практично да го прекинеме европскиот…
Преку 997 направени тестови во последните 24 часа, регистрирани се 179 случаи на ковид-19, не е пријавен ниту еден починат пациент, додека 175 лица се заведени како оздравени, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје. Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 97, во Кавадарци и во Велес – по девет, во Битола и во Прилеп – по осум, во Куманово и во Берово – по шест, во Тетово и во Гевгелија – по пет, во Штип и во Радовиш – по четири, во Кратово – три, во Охрид, во Кочани, во…
Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, освен за Северна Македонија и за Албанија, а со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од српската Влада, усвоена е измена и на Регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи која ќе важи до 30 септември 2022 година. Со неа, цената на УХТ млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува…
Првостепената пресуда за доживотен затвор за Алил Демири, за Африм Исмаиловиќ и за Агим Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година денеска доби потврда во Апелација. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по масакрот побегнаа во Косово и сè уште не се екстрадирани во земјава. Тројцата се осудени дека ги убиле четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од село Црешево. Апелација ја потврди и првостепената казна и на Хаки Азири за две кривични дела помагање за кои доби…
Јавниот превоз на 8 Септември – Ден на независноста, ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници. Како што соопшти ЈСП Скопје, од 7 до 13:30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија не треба да се класифицира како држава која спонзорира тероризам. Тој, на новинарско прашање „дали Русија треба да се означи како држава што спонзорира тероризам“, кусо одговори „не“. Украина, по руската инвазија, бара од западните држави Русија да биде означена како спонзор на тероризмот, додека Москва предупредува дека тоа би значело крај на руско-американските односи. И дел од американските законодавци претходно предлагаа Русија да биде прогласена за спонзор на тероризмот.
Економската криза и мерките за нејзино надминување ќе бидат во фокусот на денешната 17. седница на Советот за безбедност. Седницата почна, а на неа покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши. Седницата се одржува Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Предвидено е по нејзиното завршување, изјави да дадат претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски.
Дури 62,7 проценти од учениците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училиштната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо. Според учениците, во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството, покажуваат наодите од истражувањето на тинк тенк организацијата „Аналитика“ спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици од три средни училишта во Скопје со мешан етнички состав – „Здравко Цветковски”, „Зеф Љуш Марку“ и „Шаип Јусуф”. „Наодите од истражувањето даваат поразителна слика за тоа колку и во каков облик се јавува насилството. Високи 70 проценти од учениците се сведоци на…
Во Собранието денеска е закажано продолжение на седницата на Комисија за надворешна политика на која своите платформи за дипломатските активности ќе ги презентираат новите вонредни и ополномоштени амбасадори на Република Северна Македонија во Република Словачка – Евгенија Илиева, во Канада – Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка – Дритон Куќи и во Кралството Белгија – Методија Белевски. Во рамки на истата седница, претходно на крајот од јули, пред пратениците платформата за дипломатските активности ја претстави вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во САД – Зоран Попов. Поради доверливиот карактер на информациите, како што истакна тогаш претставник на МНР, Попов…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска продолжува со расправата за предложените кандидати за уставни судии. Претходно, членовите на Комисијата ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, да биде предложена до Собранието за судија на Уставниот суд. Пратениците досега, освен за Васиќ Бозаџиева, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер. Тие, како и Јовески, се предложени од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се…
Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово се презакажа за 14 октомври во 10 часот. Причина за поместување на денешното рочиште е отсуството на дел од обвинетите. Обвинителството на 27 јули поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово (Ф.Б. и А.Е.) за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Б.В. за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела „предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“…