Author: Sashko

Државата нема потреба од предвремени избори, но има потреба да ги реши проблемите со кој се соочуваа, изјави денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешната предновогодишна средба со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица. Во однос на спорот со Бугарија, Ахмети посочи дека ако сакаме да имаме една стабилна ситуација, одржлива и унапредена во насока на евроатланските процеси, неопходно е да се решат разликите што ги имаме со бугарската страна во врска со Договорот за добрососедство. Мислам дека работите се приближени. Досега ги имавме предвид тешкотиите со кои се соочуваше Бугарија, со избори, со задоцнувањето на конституирање…

Read More

Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена последователно е над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, во Лисиче, во Гази Баба и кај Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека ги прогласува следните мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните: – Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници – Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите…

Read More

Десет национални компании кои се претставници и промотори на македонските успешни бизниси го добија престижното признание „Македонски квалитет 2021“ кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Признанијата ги доделија претседателот Пендаровски и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски. Добитници на признанието за 2021 година се „Бонивест“, ПЗУ „Аптеки Виола“, „Агенс Камини“, „Каса Италија“, КМГ ЕОЛ „Квазар“, „Винарија Венец“, „Компјунет Инженеринг“, „Хотел Тимс“, „Еко логистик сервис“, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Претседателот на Сојузот, Ангелоски изјави дека успехот на секоја домашна компанија, во…

Read More

Над 5.000 диви птици преселници угинаа како последица на птичји грип во природниот резерват Хула во северниот дел на Израел, а властите го затворија местото за посетители и најавија можен недостиг на јајца, бидејќи домашната живина во тој дел на земјата се уништува поради претпазливост. Ова е најлошиот удар за дивите животни во историјата на нашата земја, напиша израелската министерка за животна средина Тамар Зандберг на својот твитер-налог. Припадниците на надлежната служба собираа угинати диви птици во заштитни одела од езерото во природниот резерват Хула и од околните мочуришта и бари. Израелските медиуми предупредија дека децата кои го посетиле резерватот…

Read More

Американскиот милијардер Бил Гејтс е оптимист за следната година, но изразува и загриженост за одредени прашања. Во текстот со наслов „Причини за оптимизам по тешка година“ објавен на неговиот блог, тој наведува неколку оптимистички прогнози – од можен крај на пандемијата со ковид-19 до развој на метавселена. Додека како главен проблем во следната година ја посочува недовербата на луѓето во владите. Тоа е едно од прашањата кои ме вознемируваат најмногу со наближувањето на 2022 година, посочува Гејтс. Тој истакнува дека политичарите треба да бидат важен фактор за решавање на проблемите предизвикани од климатските промени и спречување на следна пандемија. Но,…

Read More

Според официјални податоци, во последните 24 часа во Србија починале уште 26 лица како последица на коронавирусот, па вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 12.544, објави српското Министерство за здравство. Од последниот пресек на ковид состојбата во Србија, се направени 14.656 тестови од кои 1.193 со позитивен наод. На респиратори се приклучени 100 пациенти од вкупно 2.149 хоспитализирани во српските болници. Во Србија, од почетокот на пандемијата, официјални се потврдени 1.288.395 милиони случаи на ковид-19, процентот на смртност е 0,97, а до денеска се направени вкупно 7.136.798 милиони тестови.

Read More

Руски суд изрече 21-годишна затворска казна за поранешен православен свештеник, за кого се тврди дека посвоил 70 деца, поради низа кривични дела за нивно злоставување. Николај Стремски е осуден за силување на неколку деца и други насилни дела во својата парохија во Урал, на југозападот на Русија, пренесува „Би-Би-Си“. Стремски беше познат по најбројното семејство во Русија и беше одликуван со национален орден за родителска слава. Како игумен во градот Саракташ, Стремски и неговата сопруга водеа дом за исхрана од раните 90-ти години на минатиот век, посвојувајќи деца од сиропиталиштата во регионот. Тој беше уапсен во 2019 година и се…

Read More

Две лица го загубија животот во пожар во ковид центар во болницата во Астрахан, Русија, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извор во спасувачките служби. Рускиот министер за здравство, во соопштение, нагласи дека во инцидентот има и жртви, без да изнесува детали. Според првичните информации, се запалил уред за проток на кислород, објави РИА Новости. Пациентите и медицинскиот персонал се евакуирани од болницата.

Read More

Напорите за промоција на докази за вакцинација преку сертификати, за негативен резултат од ПЦР тест или докази за прележан коронавирус, наложија голем број правила во Европа. Ова се само дел од најбизарните додека Европјаните се подготвуваат за уште една сезона на зимски одмори засенета од заканата од пандемија: „Традиционално колење свињи“ во Чешка Сертификатите за вакцинација станаа задолжителни при посета на разни јавни настани низ Европа. Во Чешка, регулативата важи и за забавите за колење свињи, предбожиќна традиција во која месар доаѓа во домовите на луѓето за да обезбеди месо за празниците. Регулативата вели дека се потребни ковид-потврди за вакцинација…

Read More

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички објавија ново трилатерално безбедносно партнерство наречено AUKUS. Најзначајниот дел од договорот беше американското ветување да ѝ обезбеди на Австралија технологија за изградба на осум подморници со нуклеарен погон (но не и со нуклеарно вооружување). Единствената друга земја која доби сличен пристап до американската технологија е Велика Британија. Изјавата за објавување на пактот го оправдува како неопходно за „зачувување на безбедноста и стабилноста во Индо-Пацификот“. Иако ниту еден од тројцата лидери не ја спомена Кина по име, AUKUS нашироко се сметаше…

Read More

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е заинтересиран за ангажман на голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, јавија денеска локалните медиуми. Според шпанската телевизиска програма „Ел Чирингито“, специјализирана за следење на Ла Лига со посебен акцент на случувањата во Барселона и Реал Мадрид, каталонскиот клуб сака да потпише договор со Димитриевски веќе во јануарскиот преоден рок. Македонскиот голман сезонава е незаменлив на голот на мадридски Рајо Валјекано, со кого има важечки договор до летото 2024 година. Рајо Валјекано сезонава се врати во прволигашката конкуренција во Ла Лига, важи за едно од најпријатните изненадувања во шпанското првенство со 30 бода по 18…

Read More

Канада ја исполни својата имиграциска цел со издавање на 401.000 дозволи за постојан престој на странци во оваа година, изјави министерот за имиграција Шон Фрејзер. Повеќето од 401.000 нови жители, бројка што е постигната за првпат по повеќе од 100 години, веќе имале времен престој во Канада, истакна министерот за имиграција. Според него, „минатата година била поставена амбициозна цел, а сега таа е остварена“. Откако дојде на власт во 2015 година, владата на премиерот Џастин Трудо се потпира на имиграцијата со цел да се зајакне канадската економија. Поставена е годишна цел да се прими околу еден процент од населението на…

Read More