Според официјални податоци, во последните 24 часа во Србија починале уште 26 лица како последица на коронавирусот, па вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 12.544, објави српското Министерство за здравство.

Од последниот пресек на ковид состојбата во Србија, се направени 14.656 тестови од кои 1.193 со позитивен наод. На респиратори се приклучени 100 пациенти од вкупно 2.149 хоспитализирани во српските болници.

Во Србија, од почетокот на пандемијата, официјални се потврдени 1.288.395 милиони случаи на ковид-19, процентот на смртност е 0,97, а до денеска се направени вкупно 7.136.798 милиони тестови.