Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дел од најбизарните примени на сертификати за вакцинација против ковид-19 во Европа

0
By Sashko on December 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 12:55

Напорите за промоција на докази за вакцинација преку сертификати, за негативен резултат од ПЦР тест или докази за прележан коронавирус, наложија голем број правила во Европа.

Ова се само дел од најбизарните додека Европјаните се подготвуваат за уште една сезона на зимски одмори засенета од заканата од пандемија:

„Традиционално колење свињи“ во Чешка

Сертификатите за вакцинација станаа задолжителни при посета на разни јавни настани низ Европа. Во Чешка, регулативата важи и за забавите за колење свињи, предбожиќна традиција во која месар доаѓа во домовите на луѓето за да обезбеди месо за празниците. Регулативата вели дека се потребни ковид-потврди за вакцинација за учество на овие „забави за колење свињи“ и дека на настаните, на кои обично присуствуваат само неколку членови на семејството, можат да присуствуваат до 1.000 луѓе.

Место за танцување во Англија

Во Англија веќе се бараат сертификати во ноќните клубови и пабови со подиум за танцување или „простор за танцување“. Сепак, условот во угостителските објекти важи само од 01 часот, што значи дека посетителите можат да одат во клубовите пред ова време и нема да им се бара ковид-потврда. Сопствениците стравуваат дека по 01 часот ќе мора да бараат од персоналот да мине низ подиумот за да провери дали гостите поседуваат сертификат за вакцинација.

Заштитени парохии во Грција

Посетата на божиќните богослужби во грчките цркви стана нешто како главоболка. Во ноември, Владата нагласи дека невакцинираните луѓе мора да приложат негативен резултат од брз тест или доказ за вакцинација за да можат да одат в црква. Управното тело на Грчката православна црква, каде што многу свештеници изразија скептицизам во врска со вакцините, соопшти дека не може да ги проверува на влезовите на црквата.

Летонија суспендира невакцинирани функционери

Во Летонија се суспендираат функционери доколку немаат сертификат за вакцина. Досега суспендирани се 19 општински советници низ државата. Според новите правила, нивните места времено се доделуваат на второпласираните на изборите, кои првично ги доведоа на власт. Суспендирана е членката и на националниот парламент, Јулија Степаненко, ко-основач на партијата Латвија на Прво место!

Сертификат за посета на бензинска пумпа во Литванија

Потребна е ковид-потврда за да се посети бензиска пумпа во Литванија. Претходно, правило беше дека луѓето без сертификат за вакцинација можат да влезат на бензинските пумпи, но само до 15 минути. Секој што не поседува, сепак може да плати за бензин за својот автомобил со кредитна картичка ама од надвор. На лицата кои не се сертифицирани во Литванија, исто така, не им е дозволено да посетуваат големи трговски центри, спортски сали или спа-центри. Не им е дозволено да влегуваат во ресторани, но можат да купат храна за дома или да користат седишта на отворено – неверојатна можност бидејќи температурите во главниот град Вилнус достигнуваат минус 10 степени Целзиусови.

Европа Ковид-19 Правила примена Свет Сертификати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.