Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Еден дипломат е потешко повреден во вчерашниот напад на амбасадата на Белорусија во Лондон, јави новинската агенција Белта, повикувајќи се на белоруското Министерство за надворешни работи. Првично, група луѓе ја оштетиле фасадата на зградата на Амбасадата, а потоа физички ги нападнале белоруските дипломати кои пристигнале на местото на инцидентот. Еден од дипломатите е тешко повреден и му била потребна итна медицинска помош. Констатирана е скршеница на носот, лесен потрес на мозокот и скршен заб, се наведува во соопштението. Дел од напаѓачите биле приведени од лондонската полиција при обидот да побегнат од местото на нападот. Осомничените наводно се дел од група…
Цените на електричната енергија во Европа продолжуваат да растат и при денешното затворање на енергетските берзи, покажуваат податоците на платформата Energylive. Зделките се однесуваат за испорака со утрешен датум – 21 декември. Највисока цена на струјата утре ќе има Франција – 442,88 евра за мегават/час, што е зголемување за 15,9 отсто во однос на денеска. На австриската берза струјата за утре поскапува за 25,9 отсто во однос на денешната. Таму струјата утре ќе чини 434,34 евра за мегават/час. Во Белгија поскапувањето ќе биде за 19,2 отсто, при што берзата се затвора со цена од 432,99 евра за мегават/час. Во Грција…
Бројот на новозаразени лица во Словенија продолжува да опаѓа, а бројот на хоспитализирани, исто така, се намалува, но Владата не најавува олабавување на мерките за божиќните и новогодишни празници поради сојот Омикрон на коронавирусот. Наредните денови и недели сигурно нема да има опуштање, туку дополнителни мерки, изјави денеска министерот за здравство Јанез Поклукар, додавајќи дека Владата сè уште не одлучила кои активности ќе бидат дозволени за време на празниците. Тој рече дека Владата минатата недела ја почнала расправата за ограничување на одредени активности и ќе ја заврши до крајот на годинава. Ќе треба да ги споредиме и балансираме мерките, како…
Светскиот економски форум (WEF) го одложи својот годишен состанок за средината на 2022 година, настан што традиционално се одржува во швајцарското планинско одморалиште Давос во јануари, соопштија организаторите. Светскиот економски форум, место на состанок на политичките и бизнис лидери, е одложен поради континуираната неизвесност по појавата на сојот омикрон, стои во соопштението на организаторите и се додава дека состанокот се планира за „рано летоска“, пренесува „Ројтерс“.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е позитивен на ковид-19, е објавено претпладнево на социјалните мрежи. Сакав да објавам дека, на пат кон дома по настапот на турнирот во Абу Даби, сум позитивен на ковид-19, напиша и самиот Рафа на Инстаграм. Надал во текот на минатата недела се врати на тениските терени по речиси едногодишна пауза поради повреда и на егизибицискиот турнир во Абу Даби претрпе два пораза – од Енди Мареј и од Денис Шаповалов. Надал, кој освои 20 гренд титули во кариерата, се пријави за настап на Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната, а до првиот меч во Мелбурн…
Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж изјави дека од средбата во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана очекува Србија, Албанија и Северна Македонија да добијат заеднички пазар на труд во текот на следната година. Очекуваме да добиеме заеднички пазар на труд, граници за минување што ќе работат 24 часа, усогласени сертификати, фитосанитарни потврди, да немаме проблем што го чинат стопанството многу пари, истакна Чадеж. Тој потсети дека и претходно се потпишани некои документи, како што е меморандуми за соработка, но сега „тоа се готови договори со кои се овозможува заеднички пазар на труд на почетокот на следната…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска повтори дека ќе бидат преземени чекори за балансирање на ситуацијата доколку дојде до распоредување на различни видови оружје во близина на границата со Русија. Не е тајна дека распоредувањето на различни видови оружје на нашите граници, кое може да претставува закана, ќе значи преземање соодветни чекори за да се балансира ситуацијата, изјави Песков, дополнувајќи дека се можни различни опции. Белорускиот министер за надворешни работи, Владимир Макеј вчера соопшти дека земјата е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО. Она што го рече претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста…
Извршниот директор на германската компанија „Бајонтек“, која е ко-производител на анти-ковид вакцина со „Фајзер“, изјави дека раните податоци за ефикасност на вакцината против сојот Омикрон делуваат „смирувачки“, но предупреди дека вакцините сами по себе нема да ја запрат пандемијата. Директорот на „Бајонтек“, Угур Шахин за француски весник „Ле Монд“ истакна дека прелиминарните податоци од Велика Британија и Јужноафриканската Република укажуваат на „ефикасност од околу 70 проценти по третата доза и околу 20 до 40 проценти по втората доза“. Шахин, исто така, вели дека чека податоци од реалниот живот за да ја процени точноста на една германска студија која укажува на…
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск одговори на Твитер на повикот на американската сенаторка Елизабет Ворен, пишувајќи дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок оваа година. На почетокот на минатата недела, Ворен преку Твитер го прозва Маск да престане „да се влече на сметка на сите други“ и да плаќа данок. Маск и одговори дека „ќе плати повеќе даноци оваа година од кој било Американец во историјата“. Маск моментно е најбогатиот човек на светот, а неговата компанија „Тесла“ вреди околу 1.000 милијарди долари. Во изминатите неколку недели, Маск продаде акции на „Tесла“ во вредност од речиси 14 милијарди…
Јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ денеска соопшти дека од наредниот месец ќе го прекине производството во пет фабрики во Јапонија поради проблеми со синџирот на снабдување, недостиг на чипови и пандемијата на ковид-19. Суспензијата ќе го наруши производството на околу 20.000 возила, но нема да влијае на планираната годишна цел од девет милиони возила, соопшти најголемиот јапонски производител на автомобили. Компанијата минатата недела соопшти дека предвидува поголем пад на производството на возила во Северна Америка во јануари, на 50.000 единици, поради проблеми со синџирот на снабдување. Проблеми во синџирот на снабдување зафатија многу производители на автомобили низ светот, а…
Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета, е „најлошата компанија“ во светот за 2021 година. Ова е епилог на гласањето на над 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance). Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант на електронска трговија Алибаба. Добивањето на придавката „најлоша“ за Фејсбук најмногу се должи на тоа што корисниците на таа социјална мрежа се жалат на цензура и проблем со дезинформациите, посебно во однос на коронавирусот. Дел од корисниците ја критикуваа компанијата за „поткопување на глобалната демократија и…
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит изјави дека членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик „ја минал границата на реторичко потпалување оган, поништувајќи ги одлуките на високиот претставник и не признавајќи го Уставниот суд на БиХ“. Шмит, во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“, истакна дека негова обврска е да обезбеди цивилна имплементација на Дејтонскиот договор, како што е наведено во Анекс 10. Моја задача е да го променам тоа со притисок и насоки. Ако оваа политика не предизвика промени, меѓународната заедница мора да дејствува пред да има распад на БиХ, наведе Шмит. Тој додаде дека на располагање…