Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шмит: Додик ја мина границата на реторичко потпалување на огнот

0
By Sashko on December 20, 2021 РЕГИОН
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 20, 2021 09:12

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит изјави дека членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик „ја минал границата на реторичко потпалување оган, поништувајќи ги одлуките на високиот претставник и не признавајќи го Уставниот суд на БиХ“.

Шмит, во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“, истакна дека негова обврска е да обезбеди цивилна имплементација на Дејтонскиот договор, како што е наведено во Анекс 10.

Моја задача е да го променам тоа со притисок и насоки. Ако оваа политика не предизвика промени, меѓународната заедница мора да дејствува пред да има распад на БиХ, наведе Шмит.

Тој додаде дека на располагање му се овластувањата од Бон, кои вклучуваат смена на политичари кои го нарушуваат Дејтонскиот договор, но, истакнувајќи оти „не смееме да пукаме од најсмртоносниот топ додека има други средства“.

Шмит оцени и дека „е погрешно да се верува дека ништо не оди на Западен Балкан без експлозии и чад“.

Запрашан дали ЕУ згреши што не воведе санкции за Додик како САД, бидејќи Шпанија се спротивстави на тоа, Шмит посочи дека е среќен што поранешниот германски министер за надворешни работи Хајко Мас ја иницирал дебатата, а Аналена Бербок продолжи.

Има и други членки на ЕУ кои го поддржуваат тоа. Јас сум оптимист и мислам дека ЕУ ќе најде начини да влијае врз Додик, нагласи Шмит.

Тој посочи дека Советот за имплементација на мирот претходно овој месец потврди дека секое прекршување на Дејтонскиот договор ќе има последици, но разговорите со Додик сè уште се во тек.

„Знам дека на Додик итно му требаат пари. Успешно соработувам со ММФ, Светската банка и ЕБРД за Додик да добива пари само под строги услови“, наведе Шмит.

БиХ Кристијан Шмит Милорад Додик регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.