Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на „Бајонтек“: Само вакцините нема да ја запрат пандемијата, неопходни се и мерки

0
By Sashko on December 20, 2021 СВЕТ
Фото: wionews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 20, 2021 12:22

Извршниот директор на германската компанија „Бајонтек“, која е ко-производител на анти-ковид вакцина со „Фајзер“, изјави дека раните податоци за ефикасност на вакцината против сојот Омикрон делуваат „смирувачки“, но предупреди дека вакцините сами по себе нема да ја запрат пандемијата.

Директорот на „Бајонтек“, Угур Шахин за француски весник „Ле Монд“ истакна дека прелиминарните податоци од Велика Британија и Јужноафриканската Република укажуваат на „ефикасност од околу 70 проценти по третата доза и околу 20 до 40 проценти по втората доза“. Шахин, исто така, вели дека чека податоци од реалниот живот за да ја процени точноста на една германска студија која укажува на брзо губење на ефикасноста од околу 25 проценти по три месеци, дури и по три примени дози.

Со тек на времето, ќе има пад на ефикасноста во однос на сојот Омикрон, што е многу веројатно, но сепак треба да ја измериме брзината, нагласи Шахин.

Тој порача и дека нема да ги базира своите предвидувања на прелиминарните лабораториски податоци, туку на податоци од реалниот живот.

Ние, очигледно, сме далеку од 95 отсто ефикасност која ја имавме против почетната форма на вирусот. Но, по третото инјектирање, се чини дека нашата вакцина обезбедува 70 или 75 проценти заштита од каква било форма на болеста, што е сепак добар резултат за вакцината, додаде Шахин.

Сепак, тој предупредува дека вакцината сама по себе нема да ја спречи пандемијата.

„Дури и тројно вакцинираните може да ја пренесат болеста и ќе мора да се тестираат, особено во контакт со ранливите луѓе. Бидејќи варијантата Омикрон станува доминантна, заштитните мерки ќе останат неопходни, особено оваа зима, заклучи Шахин.

„Бајонтек“ вакцини Ковид-19 мерки Пандемија Свет Угур Шахин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.