Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во наредните часови би можеле да претрпат промени, пред министерскиот состанок утре на кој Северна Македонија очекува зелено светло за отворање на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Во воведниот дел стои временската одредница за отворање на првата меѓувладина конференција оваа година. Советот со нетрпение очекува одржување на првите меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро оваа година откако ќе биде одобрена преговарачката рамка од страна на Советот, гласат нацрт-заклучоците. Потоа Советот на ЕУ повикува на почитување на билатералните…
По завршување на пандемијата на коронавирус, човештвото ќе се соочи со посериозни предизвици од претходно. Тие ќе бидат поврзани со сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени. Ова го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус во говор на 10. Глобална конференција за здравствена превенција во Женева и ги повика владите да „промовираат економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата“. Кога ќе заврши пандемијата, ќе се соочиме со многу полоши предизвици од претходно: сиромаштија, глад, нееднаквост, болести, климатски промени, рече тој. Според Гебрејесус, „пандемијата покажа дека ако здравјето е загрозено, тогаш сите се во…
Црна Гора денеска ја одржа втората меѓувладина конференција со Европската Унија (ЕУ) според новата преговарачка методологија на ЕУ. Подгорица се надева на брзо полноправно членство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го изјави црногорскиот министер за економија, Јаков Милатовиќ, кој ја предводеше црногорската делегација на денешната меѓувладина конференција со ЕУ. Милатовиќ изјави дека новата е црногорска Влада „е првата навистина проевропска влада“ во оваа земја. Се надевам дека Црна Гора ќе стане членка на ЕУ уште за време на овој мандат на Европската комисија, рече вечерва во Брисел црногорскиот министер. Мандатот на сегашната Комисија трае до 2024…
За време на примопредавањето на должноста од техничкиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска рече дека во оваа фаза нема да има промена на ставот на Бугарија и дека ќе се придржува до Договорот од 2017 година и декларацијата за Националното собрание, јави дописникот на МИА од Софија. Техничкиот министер за надворешни работи Стоев рече дека македонската страна треба да разбере дека тоа не е прашање што може да се реши со надворешен притисок, туку само со билатерален дијалог. Коментирајќи ги односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, Стоев рече дека одговорите…
Новата германска влада денеска усвои дополнителен буџет од 60 милијарди евра за климатскиот фонд, со цел да овозможи дополнителни инвестиции во транзицијата кон зелена економија, соопштија властите. Дополнителниот буџет беше едногласно усвоен од кабинетот на канцеларот Олаф Шолц. Износот од 60 милијарди во овогодинешниот буџет ќе биде насочен за идните трошоци од Фондот за клима и трансформација. Оваа одлука минатиот месец ја договорија партнерите во владејачката коалиција – Социјалдемократската партија, Зелените и Слободните демократи. Партиите се согласија дека, во согласност со овластувањата за време на пандемијата, ќе биде можно да се воведе привремена суспензија на ограничувањата за задолжување. Планирано е…
Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар, од превентивни причини, од 17:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Од АМСМ информираат дека врнежи од слаб снег се бележат во Битола, Прилеп, Крушево и Струмица. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина…
Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, го одобри предлогот на Министерството за финансии за репрограмирање на кредитни услови на АД „Национални енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, во однос на заемот за финансирање на проектот „Гасификација на Република Северна Македонија“, добиен од Дојче банка и Ерсте банка. Согласно оваа одлука, соопштија од владината прес-служба, Министерството за финансии е задолжено на утрешната седница на Владата да достави законско решение со новите кредитни услови за предвиденото репрограмирање и откако ќе биде утврдено на владината седница, да биде испратено на усвојување во Собранието.
Европратеникот Томас Вајц, кој е во посета на БиХ заедно со претседавачот на Делегацијата на Европскиот парламент за соработка со БиХ и Косово, Ромео Франц, во неделата изјави оти добил гаранции од генералите на НАТО дека може да бидат распоредени до 6.000 војници во земјата, во рок од 24 часа до седум дена, доколку е потребно. Во ексклузивното интервју за Н1, на прашањето „дали сака да каже дека меѓународната заедница е во мирување“, Вајц одговори: Да. „Свесен сум колку млади луѓе ја напуштија земјата, бидејќи постои страв од нова војна. За среќа, Република Српска нема пристап до такво оружје како…
Откако вчера и официјално го препушти партискиот трон во СДСМ на Димитар Ковачевски, премиерот Зоран Заев наредната недела ќе се повлече и од премиерската позиција во Владата оти, како што стојат работите во моментот, нема надежни сигнали од Софија за повлекување на бугарското вето за Македонија да почне пристапни преговори за членство во Европската Унија (ЕУ). Доколку, пак, од Самитот на ЕУ се стекне надеж за пресврт, во тој случај Заев ќе стане од премиерската фотелја до средината на јануари. На негово место, согласно претходните најави, ќе седне новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски кој извојува убедлива победа на вчерашните…
Ацо Манински е разрешен од дожноста директор на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица“ на 10 декември заради неоставрување на програмата за работа на установата, како и работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Во решението за разрешување на директорот се посочува дека тој, меѓу другото, не го реализирал Годишниот договор од 22 февруари годинава за обезбедување финансиски средства за изградбата на Стариот театар во Струмица и не се споведувала динамиката на реализацијата на проектот во рамки на утврдените средства за реализација на проектот за…
Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија направи дополнителни проверки, но според досега добиените податоци, нема информации за сообраќајна несреќа во која учествувал камион со регистарски таблички на Северна Македонија, ниту за наш државјанин кој го загубил животот, информираат од МНР. Претходно, дописникот на МИА од Софија јави дека возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, не е македонски државјанин. Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал бил со црногорски регистарски таблички. Сообраќајната несреќа во…
Димитар Ковачевски е нов претседател на СДСМ. На прес-конференција на Централната изборна комисија на владеачката партија пред малку беше соопштено дека се обработени 100 отсто податоци од 193 избирачки места на на денешните вонредни внатрепартиски избори, при што Ковачевски добил 37.649 гласа, за Јован Деспотовски гласале 3.319 членови на партија, додека Фросина Ременски добила 2.836 гласа. Неважечки се 602 гласа. Деспотовски и Ременски, од говорницата во партиското седиште, се заблагодарија на членовите кои денеска излегоа на гласачките места, му честитаа на Ковачевски на победата, му посакаа успех во работата и порачаа дека стојат на располагање за соработка во наредниот период.