Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што содржат нацрт заклучоците на ЕУ за Северна Македонија?

0
By Sashko on December 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 13, 2021 22:02

МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во наредните часови би можеле да претрпат промени, пред министерскиот состанок утре на кој Северна Македонија очекува зелено светло за отворање на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во воведниот дел стои временската одредница за отворање на првата меѓувладина конференција оваа година.

Советот со нетрпение очекува одржување на првите меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро оваа година откако ќе биде одобрена преговарачката рамка од страна на Советот, гласат нацрт-заклучоците.

Потоа Советот на ЕУ повикува на почитување на билатералните договори со Грција и Бугарија во духот на доверба.

Специфично за Северна Македонија, Советот го поздравува реформскиот напредок на земјата кој овозможи зелено светло за преговори во март 2020 година. Се поздравува одржувањето на локалните избори, но се забележуваат и пропустите во законската рамка и се бара сеопфатна ревизија на изборното законодавство навремено и на инклузивен начин.

Северна Македонија е поздравена за напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и се повикува на здружена работа во оваа област помеѓу власта и опозицијата.

Советот ги охрабрува сите страни да продолжат да го продлабочуваат реформскиот момент и да го подобруваат конструктивниот дијалог, стои во заклучоцитe

Во делот на судството се забележува дека е потребно сега да се имплементираат постоечките законски рамки и стратегии согласно стандардите на ЕУ за да се обезбеди непристрасноста и професионалното работење на судскиот систем. Потребно е Северна Македонија системски да ги имплементира акциските планови и стратегиите за човечки ресурси за обвинителството и судството.

Советот ја истакнува важноста за засегнатите институции да ги следат препораките на Државната Комисија за Спречување на Корупција која беше посебно проактивна во спречувањето на корупцијата, се вели во нацрт заклучоците на министрите на ЕУ.

ЕУ ја повикува Северна Македонија да ја зајакне слободата на изразување и безбедноста на новинарите.

Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација иако се потребни дополнителни напори. Се поздравува реформата на безбедносните и разузнавачките служби согласно барањата на НАТО но се истакнува и дека парламентарниот надзор треба да биде засилен.

Пописот, исто така, е нотиран како добра вест и ЕУ ги очекува резултатите во наредните месеци.

Конечно во делот на Северна Македонија се повторува важноста од добрососедски односи и имплементирање на договорите со Грција и Бугарија.

Од формален аспект овие нацрт заклучоци го користат долгото име Република Северна Македонија во целиот текст, додека за другите земји од регионот се користи краткото име. Ова е едно од барањата на Бугарија. 

 

ЕУ Заклучоци Македонија министри Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.