Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на струмичкиот Завод и Музеј е разрешен од функцијата

0
By Sashko on December 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 13, 2021 17:24

Ацо Манински е разрешен од дожноста директор на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица“ на 10 декември заради неоставрување на програмата за работа на установата, како и работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон.

Во решението за разрешување на директорот се посочува дека тој, меѓу другото, не го реализирал Годишниот договор од 22 февруари годинава за обезбедување финансиски средства за изградбата на Стариот театар во Струмица и не се споведувала динамиката на реализацијата на проектот во рамки на утврдените средства за реализација на проектот за 2021 година и на 10-ти овој месец Министерството за култура еднострано го раскинало договорот за обезбедување на финансиски средства за изградба на театарот.

На денешната прес-конференција, Манински демантираше оти причина за неговото разрешување е неостварување на програмата за работа на установата, туку напротив таа е целосно реализирана.

Ние уште од лани го информираме Министерството за нашата блокирана сметка и оваа година институцијата работи блокирана. И покрај тоа, програмата е 100 отсто реализирана и таа чини околу 80.000 евра, а покрај неа се реализирани вонпрограмски проекти во вредност од над 150.000 евра. Проблемот настана околу изградбата на Стариот театар, кој трае веќе десет години. За тоа време се променија седум директори и четворица министри, кои не успееја да ја завршат изградбата, смета Манински.

Според него, проблемите излегле на површина оваа година по преземените обврски и договори од страна на Министерството.

Театарот воопшто не е работа на институцијата. Таа ниту има подобен кадар, ниту соодветни луѓе и инфраструктура кои можат да реализираат таков објект. Како и да е наметната е обврската, која не успеало да се реализира од други причини кои ги прифатило Министерството. Изградбата е започната со некомплетен и неквалитетен проект, со многу пропусти и направени договори со кои интересите на институцијата и на државата не се заштитени, посочува меѓудругото досегашниот директор.

Тој објасни дека ја прекинале работата на Надзорот на објектот и се обратиле до Државниот завод за ревизија да изврши контрола и да утврди колку и како е заштитен интересот на државата. Заради тоа била блокирана сметката на „Завод и Музеј Струмица“ од страна на поранешниот Надзор.

Сметам дека моето разрешување е плод токму на тие обврски, бидејќи побаравме да дојде Државниот завод за ревизија и побаравме одговорност од двете министерства заради тоа што кога сметката ни беше блокирана низ неа поминаа пет милиони денари, кои извршителите не ги зедоа и тие останале скриени. Но, изведувачот „Макаус“ успеа да си ги повлече тие средства како сметката воопшто да не е блокирана, рече Манински.

Манински ги повика истражните институции да ја разгледат целокупната документација и да утврдат кои били причините за таквата состојба. Денес тие добиле известување од Министерството за финансии дека тие не се виновни за блокирањето на сметката, а преку Основниот суд во Струмица успеале да ја одблокираат сметката. За блокирањето на сметката „Завод и Музеј Струмица“ води судска постапка и за тоа се прави вештачење.

директор Завод Македонија Музеи разрешување Струмица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.