Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Апелацискиот суд во Штип ја зголемил казната затвор од 15 на 30 месеци на И.Ч. (18) од Струмица кој ја прегази Верица Белчовска (20) од беровско Русиново. Во јули оваа година, Основниот суд во Струмица на И.Ч. му изрече казна од 15 месеци за сообраќајната несреќа што се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица, која минувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица. Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку…
Фокус за договор со Софија за надминување на разликите е на декември, но периодот е краток и затоа не се исклучува и јануари како опција за датум за почеток на преговорите на земјава со Европската Унија (ЕУ), изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Тој потенцира дека актуелниот претседавач со ЕУ, Словенија има стратешки интерес „да го мрдне регионот кон Европската Унија“, потсетувајќи дека по неа претседавањето со ЕУ го презема Франција, каде на пролет се предвидени претседателски избори. Иако преференцата е декември, од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее,…
САД денеска соопштија дека ја додале Русија на црната листа на „особено загрижувачки“ земји во однос на верските слободи. Нигерија, од друга страна, која лани беше ставена на листата, годинава е повлечена од таму, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој неделава треба да ја посети оваа западноафриканска земја. Земјите кои „вршат или толерираат флагрантно, систематско и постојано кршење на верската слобода“ се истите од 2020 година: Саудиска Арабија, Мјанмар, Кина, Северна Кореја, Еритреја, Иран, Пакистан, Таџикистан и Туркменистан. Алжир, Коморите, Куба и Никарагва се земји „под надзор“ за Американците. САД не се откажуваат од својата…
Фармацевтскиот гигант „Новавакс“ поднесе барање за одобрување на неговата вакцина против коронавирус во Европската Унија (ЕУ), а одлуката може да биде донесена „во рок од неколку недели“, соопшти денеска европскиот регулатор за лекови (ЕМА). Доколку биде одобрена, тоа ќе биде петта вакцина одобрена за употреба во ЕУ – останатите четири се произведени од „Бајонтек“/„Фајзер“, од „Астра Зенека“, од „Модерна“ и од „Џонсон&Џонсон“. Евалуацијата на вакцината, која е достапна под трговското име Нуваксовид, ќе се изврши „што е можно поскоро“, соопшти Европската агенција за лекови. Мислењето за одобрение за ставање во промет може да се издаде во рок од неколку недели, „доколку дадените…
Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе. Малку вознемирувачки аспект од ова е тоа што ако го задржите нивото на динамика на вирусот во заедницата на високо ниво, очигледно луѓето кои се најранливи се невакцинираните. Но, кога имате вирус кој се пренесува како делта, во контекст на слабеење на вакцината, таа динамика негативно ќе влијае дури и на вакцинираните луѓе. Значи, тоа е двоен удар. Ќе има зголемување на бројот на…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа во минатата недела се зголеми за пет отсто и дека стариот континент е единствен регион во светот со пораст на фаталните исходи од ковид-19. СЗО додаде дека бројот на потврдени случаи на инфекцијата на глобално ниво е зголемен за шест отсто. Од 3,3 милиони нови случаи, 2,1 милиони се регистрирани во Европа. Ова е седма недела по ред како расте бројот на нови случаи на инфекција со ковид-19. СЗО вчера соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус секаде во светот е стабилен или во опаѓање, освен…
Соединетите Американски Држави планираат да инвестираат милијарди долари за проширување на капацитетите за производство на вакцини против ковид-19 за да имаат најмалку една милијарда дози до втората половина на наредната година, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на Белата куќа. Најавата доаѓа во момент кога администрацијата на Џо Бајден се соочува со притисок од активисти да ја зголеми понудата на вакцини за посиромашните земји. Инвестицијата во производството на вакцини е дел од приватно-јавното партнерство за да се задоволат потребите од вакцини и локално и ширум светот, а исто така е подготовка и за идни пандемии, изјавија доктор Дејвид Кеслер, кој ја…
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 55-та седница донесе одлука за поднесување на прекршочен платен налог против поранешен директор на затвор, кој за време на мандатот го вработил својот син во истиот затвор. Против директорот, кој во февруари оваа година бил разрешен од функцијата, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска рече дека ќе биде поднесен и прекршочен платен налог и за непријавување на блиско лице и поради тоа што нема поднесено анкетен лист, по престанок на функцијата. Ивановска, реферирајќи за случајот, рече дека директорот донел одлука за објавување на оглас за три работни места, по што била формирана…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаил Линхарт. Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР, ќе бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и европската интеграција на Република Северна Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската Унија (ЕУ). Во рамки на официјалната посета во Северна Македонија, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер Артан Груби. Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и…
Претседателот на Парламентот, Талат Џафери и собраниска делегацијата го посетија Павилјонот на Република Северна Македонија на „Експо 2020“ во Дубаи. Како што соопшти собраниската прес-служба, од 1 октомври 2021 година до 31 март 2022 година земјава ќе биде претставена на „Експо 2020“ во Дубаи со слоганот „Дом на секој чекор“, а под мотото „Нови можности“. Бекри Ајдини, генерален комесар за Северна Македонија на „Експо 2020“ во Дубаи, истакна дека земјата со сопствен павилјон се презентира како успешна приказна, земја со богато историско и културно наследство, каде во хармонија живеат различни етнички заедници. Претставена е како атрактивна туристичка дестинација во сите…
Може да се очекува зголемување на бројките на новозаразени со ковид-19, а најголеми причини се недоволниот процент на вакцинација, непочитување на мерките и студениот есенски и претстоен зимски бран кој ќе наложи престој во затворен простор, оценува епидемиологот Тања Мургоска Станимировиќ од прилепскиот Центар за јавно здравје. Иако нема екстремни зголемувања како лани, сепак треба поголема имунизација на населението. Ако се има предвид малиот опфат со две дози на вакцина, фактот дека голем број на лица кои прележале ковид може повторно да се заразат, можни се реинфекции, кај луѓето кои минале повеќе месеци од прележувањето, како и доаѓањето на студениот…
Поради продолжување на ковид-пандемијата која неповолно влијание врз општата економска состојба, како и поради појавата на енергетска криза што директно се одразува врз економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе обезбеди финансиска помош со цел да им помогне на радијата и на телевизиите во справување со негативните последици. Донацијата ќе се реализира преку намалување на надоместокот за дозвола за телевизиско или радио емитување за 2022 година, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова намалување, имајќи ги предвид финансиските можности на Агенцијата, изнесува 50 отсто од надоместокот за дозволата,…