Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаил Линхарт.

Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР, ќе бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и европската интеграција на Република Северна Македонија, со акцент на претстојниот декемвриски Самит на Европската Унија (ЕУ).

Во рамки на официјалната посета во Северна Македонија, покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер Артан Груби.

Освен политичката делегација, Линхарт ќе биде придружен и од австриска економска, односно бизнис делегација, при што исто така ќе оствари средби и со економските ресори на Владата.

Дополнително, како што соопшти МНР, е планирано оддржување на бизнис настан со цел унапредување на трговската размена и искористување на инвестициските можности.