Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, соопштија денеска од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Оттаму истакнуваат дека продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува, најавуваат, до крајот на неделата и оваа постројка да биде „на мрежа”. На 5 ноември вечерта во 22. 50 часот изби пожар на Блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои тогаш работеше комбинатот. Огнот избина изолатор на трансформаторот на…
Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании. Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека ќе ѝ се предложи на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот. Моментно не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските…
Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус, кој е во затвор за убиство на својата девојка Рив Стинкамп, наскоро би можел да се сретне со нејзините родители. Тоа е дел од процесот што води кон разгледување на условно ослободување на осуденикот. Писториус има право на условно пуштање од затвор по отслужување на пола од казната. Но, прво мора да учествува и во т.н. „ресторативна правда“, што се сосредоточува на рехабилитација на сторителот преку помирување со жртвите или заедницата како целина. Писториус ја уби Стинкамп во 2013 година, потоа правдајќи се дека мислел дека таа е натрапник во неговиот дом во Преторија. Испукал неколку…
Капсулата „Кру драгон ендивор“ на „Спејс-икс“ безбедно се врати на Земјата. Вселенското летало се спушти со помош на падобран утрово во 03:33 часот по Гринич кај брегот на Флорида со четворица астронаути на него кои вчера полета од Меѓународната вселенска станица (МВС). Полетувањето првично беше планирано за недела, но беше одложено за вчера, поради лошите временски услови. Тимот „Кру-2“ го сочинуваат францускиот астронаут од ЕСА, Томас Песке, јапонскиот астронаут Акихико Хошида и астронаутите на НАСА – Шејн Кимброу и Меган Мекартур. „Астронаутите од „Кру-2“ и „Драгон“ минаа 199 дена во Орбитата и ова е прво американско вселенско летало кое ја…
Пандемијата на коронавирус доведе до значително зголемување на количината на пластичен отпад ширум светот, јави агенцијата ДПА. Според една проценка, околу 8,4 милиони тони пластичен отпад во 193 земји биле создадени за време на пандемијата до август, пишуваат експерти од Кинеската академија на науките во Зборникот на Националната академија на науките на САД (ПНАС). За илустрација, според Програмата за животна средина на ОН – УНЕП, луѓето произведуваат околу 300 милиони тони пластичен отпад годишно. Тим на научници проценуваат дека најголем дел од пластичниот отпад за време на пандемијата на коронавирус доаѓа од болниците, околу 87,4 проценти, особено во азиските земји.…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието со засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени, а максималната од 14 до 22 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени. Во наредните денови ќе има стабилно време со појава на магла по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање, соопшти УХМР.
Во земјата, во моментот, има 7.859 активни случаи на коронавирус, вклучувајќи ги 156-те во вчерашната статистика. Речиси пола од нив отпаѓаат на Скопкје – 3.691, додека трицифрен број на заболени има во уште 13 општини. Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека опфатот со една доза на вакцина кај полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози се опфатени 46 отсто од граѓаните над 18 години. Во однос на целата популација, вакцинирани се 39 отсто од граѓаните, а две дози на вакцина примиле 37 отсто. Трета доза на вакцина досега примиле 43.376 граѓани.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за четврток ја закажа седницата на која треба да се гласа доверба на Владата, откако вчера до него стигна иницијативата со потписи од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА/А, Беса и Левица. Потоа, според партиски информации, Џафери го повикал премиерот Зоран Заев на средба во Собранието, а таму беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според досегашните информации, сепак, неизвесно е колкумина пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата на Заев во четврток. Од СДСМ за МИА синоќа потврдија дека Џафери го повикал Заев лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба…
Дезинформации поврзани со коронавирусот продолжуваат да се шират низ САД и да претставуваат проблем, затоа што точната информација не стигнува до луѓето, е генералниот заклучок од анкета на Семејна фондација „Кајзер“, објави денеска „Вашингтон пост“. Околу 78 отсто од возрасните во САД одговориле дека од осум различни лажни изјави за коронавирусот што ги слушнале од некого, мислат дека најмалку една е вистинита или дека се несигурни дека е вистинита, се дознава од анкетата. Третина од возрасните веруваат дека се несигурни за најмалку четири лажни изјави, како на пример преувеличени бројки за коронавирусот дадени од официјални лица од здравството или дека…
Во Србија, во последните 24 часа, се регистрирани нови 4.348 случаи на ковид-19 и 67 починати лица. Земјата, од почетокот на пандемијата, пријави 1.181.373 заболени лица и 10.472 смртни случаи. На болничко лекување во Србија моментнно се наоѓаат 6.661 пациент од кои 270 на респиратор. Поради зголемените бројки на ковид-19, српските власти од денеска ги заоструваат мерките за борба против коронавирусот. Па така, ковид сертификатите ќе важат од 20 часот за престој во угостителски објекти и обложувалници, додека децата, со одлука на Крузниот штаб, ќе бидат на распуст од 8 до 12 ноември.
Чави од денеска и официјално е нов тренер на Барселона. Каталонскиот клуб одржа официјална презентација на својот поранешен играч на стадионот „Камп ноу“. The moment has arrived pic.twitter.com/OkSunDBzRk — FC Barcelona (@FCBarcelona) November 8, 2021 Назначувањето на Чави на тренерската функција беше објавено на 6 ноември. Договорот е со важност до летото во 2024 година. Тој на клупата на Каталонците доаѓа на местото на Холанѓанецот Роналд Куман. Чави претходно беше на чело на катарски Ал-Сад. Најголем дел од играчката кариера го мина во дресот на Барселона со која освои осум титули во шпанското првенство и четири во Лигата на шампиони.
Поранешниот американски претседател, Барак Обама, кој е роден на Хаваи, на КОП26 во Глазгов зборуваше на панел посветен на отпорноста на островите, објави „Би-Би-Си“. Тој го започнува својот говор велејќи дека е „островско дете“ и рече дека е горд на работата што ја направил како претседател за островските држави „кои се најранливи на променливата клима. Обама рече дека не смета дека би имало толку амбициозен договор во Париз во 2015 година, доколку не беа слушнати островските држави. Како беше точно пред пет години, ние не направивме доволно и нашите острови се позагрозени од кога било“, рече тој, додавајќи дека е…