Чави од денеска и официјално е нов тренер на Барселона. Каталонскиот клуб одржа официјална презентација на својот поранешен играч на стадионот „Камп ноу“.

Назначувањето на Чави на тренерската функција беше објавено на 6 ноември. Договорот е со важност до летото во 2024 година. Тој на клупата на Каталонците доаѓа на местото на Холанѓанецот Роналд Куман.

Чави претходно беше на чело на катарски Ал-Сад. Најголем дел од играчката кариера го мина во дресот на Барселона со која освои осум титули во шпанското првенство и четири во Лигата на шампиони.