Дезинформации поврзани со коронавирусот продолжуваат да се шират низ САД и да претставуваат проблем, затоа што точната информација не стигнува до луѓето, е генералниот заклучок од анкета на Семејна фондација „Кајзер“, објави денеска „Вашингтон пост“. 

Околу 78 отсто од возрасните во САД одговориле дека од осум различни лажни изјави за коронавирусот што ги слушнале од некого, мислат дека најмалку една е вистинита или дека се несигурни дека е вистинита, се дознава од анкетата. 

Третина од возрасните веруваат дека се несигурни за најмалку четири лажни изјави, како на пример преувеличени бројки за коронавирусот дадени од официјални лица од здравството или дека со вакцините биле ставани и микрочипови. 

Се дознава дека убеденоста во дезинформациите се поврзани со тоа дали лицата се вакцинирани и каква е нивната политичка наклонетост. Невакцинираните возрасни и републиканците се повеќе наклонети да веруваат во или да бидат несигурни во лажните информации, споредено со испитаниците кои се вакцинирани и демократи. 

Анкетата, исто така, укажува дека довербата во изворите на информации е повразна со убеденоста во дезинформациите. 

Бројот на возрасни кои се држеле за четири погрешни убедувања се покажа мал, меѓу 11 и 16 отсто, ако тие имале доверба за и примале новости за коронавирусот од медиуми како „Си-Ен-Ен“, „Ен-Пи-Ар“ или „Ем-Ес-Ен-Би-Си“, велат анкетарите. 

Меѓутоа, уделот на возрасни кои верувале во најмалку четири погрешни убедувања за коронавируст е поголем ако тие добивале информации од „Уан Америка Њуз“, „Фокс Њуз“ или „Њузмакс“. 

Подготвувачите на анкетата истакнуваат дека нивните наоди не можат да детерминираат дали возрасните се изложени на дезинформација од тие медиуми или типот на луѓе кои избираат да им веруваат на тие медиуми се истите оние кои лесно се подаваат на неточна информација од други причини.