Author: Sashko

Поранешниот селектор на украинската фудбалска репрезентација, Андриј Шевченко ќе потпише договор со Џенова до 2023 година со опција за продолжување на уште една сезона, соопшти новинарот Николо Шира. Тренерот ќе заработува 1,8 милиони евра годишно во Џенова, плус бонуси. Во стручниот штаб на Шевченко ќе бидат Андреа Мулдера и Мауро Тасоти, кои соработуваа со него во репрезентацијата на Украина. Четириесет и петгодишниот Шевченко ја водеше украинската репрезентација од 2016 до 2021 година. Џенова за која настапува нашиот Горан Пандев, по 12 натпревари во Серија А има само една победа, шест нерешени средби и пет порази и се наоѓа на 17.…

Read More

Секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот за човекови права, а нивното извршување го следи Министерствиот совет, наведува првиот човек на ЕСЧП. Нема пресуди во Стразбур против Северна Македонија за дискриминација на Бугари, порачуваат од Скопје. Претседателот на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Роберт Спано вчера во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, нагласи дека постои јасна разлика меѓу улогата на Судот да изрекува одлуки и посебниот оддел на Советот на Европа…

Read More

Пожарот што синоќа изби во блокот 3 на РЕК Битола бил набрзина изгаснат и нема повредени, се наведува во соопштението на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Синоќа изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22:50 часот на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“, порачуваат од ЕСМ.

Read More

Времето денеска во земјава ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло. Во утринските часови, по одделни котлини, ќе има појава на магла, а долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 13 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 18…

Read More

Засега, според здравствените власти, нема рапиден раст на бројот на новозаболени од ковид-19 и предлози и препораки од Комисијата за заштита од заразни болести. Епидемиолошката состојба се следи и врз основа на тоа ќе се носат препораки за натамошно спречување на ширењето на вирусот. Во претходното деноноќие се регистрирани уште 606 заразени лица со кои бројот на активни случаи се искачи на 7.552. Веќе се почнати и преговори со производителот на лекот „Молнупиравир“ кој може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Тој лек се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички…

Read More

Лидерот на ДУИ, коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети, порача дека комуницираат со партиите со евроатлантска определба и стратешките партнери, како и дека нема да постапуваат ниту со емоција, ниту со еуфорија. Ахмети преку својот Фејсбук профил на англиски јазик напиша дека е во постојана комуникација со сите политички партии, освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев. Состојбата што се создаде со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни, со исклучок на…

Read More

Во изминатите 16 години, улогата на градоначалничка на општина била доделена вкупно 15 пати, а истата ја имале 13 жени. Улогата на градоначалник, од друга страна, дури 398 пати ја играле мажи. На Локалните избори 2021 имаше вкупно 299 кандидати за градоначалници. Според родовата застапеност, од вкупниот број на кандидати за градоначалници, 91,64 проценти беа мажи, а 8,36 отсто жени. Исходот од Локалните избори 2021 „во игра“ остави две жени, односно, градоначалнички беа избрани само во две општини на територија на Република Северна Македонија. Даниела Антоновска, магистер по родови студии со 20 годишно искуство во областа на родовата еднаквост вели…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа објави дека има ново парламентарното мнозинство со Беса, со Левица, со Алијанса за Албанците и со Алтернатива и најави дека тие ќе поднесат иницијатива за недоверба на Владата, доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе најавената оставка. Новото мнозинство го сочинуваат 61 пратеник, како што објавија дел од лидерите, со тенденција да се зголеми до 64 пратеници. Од СДСМ пак ги повикаа сите демократски сили и пратеници на соработка „да не остават траен печат со својот глас за нови кавги, уназадувања и меѓуетнички конфликти“. Имаме мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа влада предводена…

Read More

Вработен во руската амбасада во Берлин е пронајден мртов до зградата на дипломатската мисија на Руската Федерација, а се претпоставува дека бил поврзан со руската тајна служба ФСБ, пишува неделникот „Шпигел“. На 19 октомври, во близина на задната страна на објектот на руската амбасада во центарот на Берлин, полицијата пронајде безживотно тело на 35-годишен вработен во амбасадата, кој беше втор секретар на амбасадорот од 2019 година. Весникот, повикувајќи се на безбедносни извори, наведува дека мажот наводно паднал низ прозорец на горниот кат на амбасадата. Изворите велат дека не е јасно како паднал дипломатот и која била причината за смртта. Според…

Read More

И партијата да одлучи дека ова владеачко мнозинство треба да продолжи, јас како министер нема да бидам дел од тоа, е личниот став на првиот човек на Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа по одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) да ја уважи жалбата на ДУИ и да се оди на прегласување за градоначалник на Желино каде по двата круга на локалбни избори победи кандидатот на Беса со само 69 гласа разлика во однос на ривалот од редовите на „интегративците“. Колку сакаат нека кажуваат дека овој мој став е емотивен. Човек живее за принципи и јас не можам да се гледам…

Read More

На локалниот пат од село Долно Количани кон село Горно Количани, скопско, денеска во 14:20 часот, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Т. (30) од Долно Количани, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). За него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.

Read More

Жител на Свети Николе вчера се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во фабрика, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчера во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека П.К. (29) околу 01:45 часот се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во фабрика во Свети Николе. За случајот се запознаени Трудов инспектор и Јавен обвинител, посочуваат од МВР. Во дневниот Билтен на МВР се наведува и дека вчера во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во клинички центар „Аџибадем Систина“ со тешки телесни повреди бил донесен В.П. (50) од Велес. Од…

Read More